Зарем мислиш дека целиов проблем лежи во медиумите??? Не, секако дека не. Проблемот е во нас и тоа толку проклето у нас. Сите сме сведоци дека имаше обиди од повеќе македонски телевизии за пренос шо од ракомет шо од кошарка, али никогаш тоа не беше заокружено како успешен проект. Зошто? Најмногу ради неатрактивноста. Не можеш пријателе да ја навлечеш публиката со две дерби у македонска ракометна лига ( Металург и Вардар) или не дај Боже (Работничи - Мзт) у кошаркарската лига. Тоа нема врска со патриотизам, апсолутно не. Проблемот лежи во нас ( ми се чини дека се повторувам, еве уше еднаш) ПРОБЛЕМОТ Е ВО СИТЕ НАС!
На сите ни е преку к*р од буткање на татини и мамини дечиња али јбг Македонија - реалност. Таа реалност уништува нечии цели животи, нечија спортска голема кариера, ја уништува Македонија. Јас знам дека таа бурлеска многу треба да помине да се смени али стварно не дупи у глава систем кец у кец " Татко ми е доктор и јас сум доктор, таткко ми е фудбалер јас сум уште поголем фудбалер, татко ми е ракометар јас сум ракометна топка... " И каде води тоа...? Колку само луѓе познавате ( квалитетни онака најспортски фраери на терен и фраерки) на кои кариерата им отиде по ѓаволите ради " грејач на клупа систем " за да може тој некој татин син да парадира и да ми го партали црниот дроб кога го контаминира етерот а башка уште потрагично ме претставува мене, тебе, Македонија...
И шо добиваш... Добиваш пируета спортист на терен кој кога го гледаш се прашуваш дали да му броиш бубулици на чело или да плачеш ради проклетата судбина на Македонија....И јас плачам, плачам колку шо можам и најсилно и најгласно... Најчесто у себе али гледам не помага... Значи ние сите ја дозволуваме таа парада наречена " Наше дете е ". Е тоа наше дете ја дупи целава ситуација а не е петелот наш. Добиваш така мизерен домашен ракомет, така мизерно македонско кошаркарско првенство и се крстиш некоја руска ракометарка да се скара со селекторот да донесе некоја возбуда у првенството. Таа неатрактивност е резултат на сето ова.Ниеден медиум нема да пренесува прибидејќи народот не ни сака да гледа - НЕ!
П.с
Велат спортот е огледало на една држава. Кај нас спортот не направил и најгорди и најгласни и најГОЛЕМИ... Нашите спортисти имаат најголеми срца, нашите спортисти имаат најголемо знаме на својот грб, нашите спортисти се најголеми Македонци... Условите во кои тренираат ја педерчат идилата - Толку многу...Финансиите ја изнапроституираа... И се раѓа , се раѓа по некој голем Македонец - воин срвајвр спортист кој ќе ја покори Европа ( мејби и светот) али патот како стигнал до таму е толку македонски - толку тежок трнлив... Да ги подржиме новите деца кои доаѓаат у било кој спорт. Со кастрацијата на т.н " врски " , со подобри услови за тренинг и финансиски сето тоа да е исплатливо ќе добиеме многу покваллитетни македонски првенства, публиката ќе се врати на трибините, медиумите исто така а тоа значи многу за нашите репрезентации. Само така пријателе, само така и никако поинаку.
Македонијо, те сакам!