Трауми од детството

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Поттикната од тема во љубов и секс се прашувам дали имате спомени од детството кој сакате да ги заборавите или потиснете длабоко во себе, спомени кој предизвикуваат последици во вашиот живот, вашето однесување, можеби трауми?
Секој ден слушам за настани од типот ученик во основно со огнено оружје се решил од сооученици или професори, некој масакрирал деца зошто како мал го малтретирале и многу други случки.
Па повелете :)
 
има еден филм се вика торментед или на англиски tormented исто како ова темава еден ученик бил закачан од неговите другари од оделение и после он нешто им се одмаздувал ама хоррор е го неам глеадо само читав на кратко што се дешава и си викам ај не го гледам досаден ке биде и земав да gлеам fast five
 
Лично немам такви трауми кои би ми правеле проблеми понатаму во животот. Инако тие за жал се се повеќе присутни кај луѓето, инаку ретко кој собира храброст да ја изнесе на виделина.
Инаку не ја исклучувам можноста дека луѓето кои посегнуваат по горенаведените дејствија се по влијание на некоја траума од детството, искрено сметам дека во голем број на случај тоа само претставува изговор за нивниот изопачен ум и најтопло им препорачувам да не се премногу соживуваат со се она што го гледаат на тв.
 
Типот во Норвешка ги испука децата оти не станал успешен.
Низ Америка секој ден има вести за колеж по школите.
Зарем тие настани толку може да влијаат врз младата личност за да се преобрази во убиец/силувач?
 
да, сигурно нема да ги образложувам сега, нели де сакам да ги потиснувам, ама мислам дека ретко кој човек нема никакви лоши случки во детството што залудно се труди да ги заборави, едноставно животот е тежок, не е совршен
 
Без заебанции ова ми беше траума кога бев 3-4 одделение била сам дебела... и до ден денес сум искомплексирана :cautious:

Те задеваа децата дека си дебела?

Да бе нели и тоа се подразбира под трауми... и само едно знам дека децата се злобни и може да се каже дека денес после толку години имам фобија од деца o_O
 
Иако имав само 4 години памтам колку патев додека наполнив 7 години од кога останав без родители кои ме остаеја на милост и немилост на овој наш “идеален“ свет.
Траумите следеја после тоа од комшии, од покажување на заби и сила од “паметните“ возрасни лица.
Да, баш така беше.
Се присеќам тие работи и сфаќам колку ми било тешко иако бабами ме има чувано но никогаш не ми исчезнува од пред очи сликата кога мојата мајка ме тепа и остава иако само толку години сум имал, проблемите од рајата исто така.
Но тоа незначи дека јас морам да бидам полош. Ниту некој сериски убиец на родители или дека јас нешто ќе им направам слично во иднина на моите деца. Напротив секоја маана спрема мене треба да ни биде само причина плус да станем подобри, а не полоши како во америчкото социјално друштво и нивните приказни.

Лошата ствар е тоа што буквално почнувајќи од моите родители па се до оние “јаките“ на мали деца им се одмаздив.

Сега одам со крената глава, горд сум на себе, тие трауми не ме направија наркоман, бездомник, уличар, пијаница или криминалец. Напротив, студирам два факултети, работкам во слободно време, пишувам сценарио за филм да си ја искористам мојата фантазија до максимум, се трудам да успеам.

Лошото е што направив физички да им вратам како што ме малтретирале порано оние “јаките“ со порака дека детето порасна.

Се откажав на секој можен начин од моите родители кога им требав и продолжив со својот живот, додека доживеани работи останаа само во мене за кои не се плашам да пишувам или да советувам некој со слични доживувања.

Секоја траума може да ве уништи психички но може да ве направи посилни во себе и позрело да размислувате.
 
Да, секако дека имам ткви моменти кои што не само во детството туку и во почетоците на тинеџерството, такви моменти кои имам трауми и за глупости сум губел живци кој ден денес ги барам и сум сватил што сум изгубил и што ми правеле.
А конкретно за детството, имам баш повеќе кои повеќе лежат во основното училиште. И таму ќе останат засекогаш. Не сакам да се потсетувам на нив.....
 
Imam uste edna, pak vo rano detstvo, no ovoj pat za voda se raboti. Kako mala so bratucedite vo korito za dobitok baravme crvi, za na ribolov ni trebaa, jas slapkaav so recete po vodata se podlaboko i podlaboko i za moment sum se nasla vo koritoto. Ako ne me izvlecel dedo mi do sega nemalo ni da postojam :P I sega mi e strav vo voda sama, osven vo kada :D
 
Иако имав само 4 години памтам колку патев додека наполнив 7 години од кога останав без родители кои ме остаеја на милост и немилост на овој наш “идеален“ свет.
Траумите следеја после тоа од комшии, од покажување на заби и сила од “паметните“ возрасни лица.
Да, баш така беше.
Се присеќам тие работи и сфаќам колку ми било тешко иако бабами ме има чувано но никогаш не ми исчезнува од пред очи сликата кога мојата мајка ме тепа и остава иако само толку години сум имал, проблемите од рајата исто така.
Но тоа незначи дека јас морам да бидам полош. Ниту некој сериски убиец на родители или дека јас нешто ќе им направам слично во иднина на моите деца. Напротив секоја маана спрема мене треба да ни биде само причина плус да станем подобри, а не полоши како во америчкото социјално друштво и нивните приказни.

Лошата ствар е тоа што буквално почнувајќи од моите родители па се до оние “јаките“ на мали деца им се одмаздив.

Сега одам со крената глава, горд сум на себе, тие трауми не ме направија наркоман, бездомник, уличар, пијаница или криминалец. Напротив, студирам два факултети, работкам во слободно време, пишувам сценарио за филм да си ја искористам мојата фантазија до максимум, се трудам да успеам.

Лошото е што направив физички да им вратам како што ме малтретирале порано оние “јаките“ со порака дека детето порасна.

Се откажав на секој можен начин од моите родители кога им требав и продолжив со својот живот, додека доживеани работи останаа само во мене за кои не се плашам да пишувам или да советувам некој со слични доживувања.

Секоја траума може да ве уништи психички но може да ве направи посилни во себе и позрело да размислувате.
Колку само ме допре текстов,браво.
Инаку да не бидам скроз офтопик,не немам трауми од детството,а и не би сакал да ги имам.
 
Трауми во детство се најперфектен начин да сјебеш некој живот. И прашање е дали тој некој воопшто после се живее...?
 
Кој во овој свет нема трауми од детството?
Училиште..натриродни сили... не сакам да се присетувам на нив..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom