- Член од
- 29 декември 2008
- Мислења
- 1.505
- Поени од реакции
- 43
Да се искрши македонската радиостаница во Лерин. Испровоциран од најавата за отворање на радио на македонски, Солунскиот Митрополит Антимос, ги повика Грците да се соберат и на вандалски начин да спречат на грчка територија да се емитува програма на македонски јазик.
Според Антимос, радиото ќе било инструмент на пропаганда. На јавен настап пред верниците побара да се екипира еден автобус со 50 Грци кои ќе заминат во Лерин и ќе ја уништат станицата.
- Не смее на територија на Грција да се емитува радиопрограма на јазикот на соседната држава, со која постои спор за името. Дали е ова можно. Дали ние, Грците, смееме да имаме радиостаница каде било на Балканот - изјавил Антимос.
Со повикот на насилство, закани и уцени Антимос го крши Законот. Од Виножито ќе бараат обвинителот и надлежните институции да покренат постапка и Митрополитот да одговара пред грчките судови.
Од “Виножито” очекуваат македонското радио да почне со работа на есен. Процедурата за добивање дозвола била при крај. Планирани се вести и програма во живо , а радиото ќе се слуша од Лерин до Солун.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedon...da-se-iskrshi-radioto-na-makedoncite-vo-lerin