GreenRoot
^Зелен^
Пожртвуваноста на Брус Вилис во „Armageddon“ изгледа служеше како инспирација на НАСА за да направи план да прати летало во вселената кое треба да се судри со потенцијалната закана за Земјата која доаѓа во форма на астероид.
Леталата кои научниците планираат да ги пратат треба да се судрат со астероидот со огромна брзина при што ќе се измести неговата траекторија на движење и ќе се избегне судир со Земјата.
За планот се дозна кога НАСА се обиде да ги демантира информациите за кометата Еленин, за која се зборуваше дека е опасна за Земјата. Сега во Европската вселенска агенција(ЕСА) имаат нацрт-проект наречен „Дон Кихот“ кој опфаќа праќање на две вселенски летала.
Планот не е да се уништи астероидот, туку само да му се промени движењето за да избегне формирањето премногу отпад што би паѓал на Земјата. Во 2015 година ЕСА кон него ќе лансира две летала со имиња „Санчо“ и „Хидалго“, пишува Telegraph. Едната е наменета за удар во астероидот со брзина од 36.000 км/ч, а другата за собирање податоци по ударот кои би се употребиле за некоја идна мисија.
Потенцијалната мисија е „закажана“ за 2015-та каде постои мала веројатност од 1:250.000, астероидот 99942 Апофис да удри во Земјата во 2036 година.