Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нешто на брзина, од тоа што успеав да го фатам на воената парада + прост фотошоп :)

mkd20final.jpg
 
Многу малце народ има сеа на Кирил .. ме чуди искрено .. можда дека утре е работен ден .. зашто не го споија гомнари ..
ако го споеа 50% ако не и повеќе ке отидеа на продолжен викенд негде и оп ништо слабо народ на плоштад :P
 
Што се секирате, битно родителите на загинатите припадници на армијата во конфликтот цел ден вчера плачеа и поминаа на гробишта, никој не ги ни прашува за ништо, видоа тие што им ги убија синовите како се амнестирани, кај и да е во фотеља ќе ги бутнат. Ама битнo не залажуваа со фешти на плоштад :vozbud:

Бидна што бидна ова, сега можеме сите да се вратиме на темите од економија и бизнис каде што и така 364 дена се кука како мамата ни ја дерат со даночишта :pipi:Сеа знам Цитро или Македонцки дека ќе ме цитираат и ќе ме направат предавник прва класа ама јебига, за нив патриоти се само тие што не критикуваат и се стриктно на плоштад на 8ми.
 
Ми се допаднаа ептен сценските изведби, кореографиите, а по тоа што ве читам (пошто јбг, за време говорот постигнав хармонија со универзумот, заспав, едино видов техното на песната на Илиева) добри биле и настапите на музичарите после тирадата. Претседателот беше поконцизен (ваљда колку што се може) и фино ги спои периодите од илинденците преку скоевците до денеска, допре малку тековни малку минати прашања. Говорот на премиерот најверојатно не беше она што требаше да е и траеше многу долго за вакви манифестации. Организацијата ме бендиса, како и тоа со огнометот, осветлувањето, фонтаната...значи едино начинот на изведба на маршевиот корак, многу бледо и негде несинхронзирано на 4 слика од овој пост
http://forum.kajgana.com/threads/Спектакуларна-прослава-по-повод-20-години-од-независноста.53218/page-27#post-4391653
, или го смениле маршевиот или го прилагодувале) како и говорот (без навреда, нјаверојатно треба да се смени нешто со содржина и должина пошто отвора поле за критика). Се друго воглавно топ и атмосфера и музика. свака част
Ќе има реприза?

и да, малку лош впечаток за 350-те метри фустан за Каролина. Жената пееше одлично, но штета ова малку кичесто ми изгледаше...као да седи на црвен балон.
 
http://www.hrt.hr/index.php?id=48&tx_ttnews[tt_news]=129055&tx_ttnews[backPid]=38&cHash=50879c95f9

Види ги Хрвативе маме им , ко од Атина да известуваат :mad:

Најголеми гомна испаднаа хрвативе,срамота.

Прејако беше,најдобро организирано и со најдобра атмосфера,луѓе милион што се вика ама добро се истрпи. Музичкиот блок беше исто топ.

Жално што кај нас секогаш мора некој да плука и да наоѓа мани кога нешто се гради,а барем да имало некој што градел и што се залагал до сега на власт па да плукаат со право.
Ама ај може АКО се вратат еден ден на власт да комјуниз ќе направат нешто бар да ми текне да кажам,еј стварно бе ова бранже го изгради,вака немаме ништо од нив,за жал или за среќа.
 
То Сасуке!!! :pos:

Него, заборавив да спомнам, јас од она што го видов, а видов многу малце, ми се допадна, и фонтаната ми се допадна, но кога седиш блиску не го гледаш Аце ич, као и да е, солидно беше.
 
Фонтаната е супер, не чини тоа што е во многу бои, да беше само со рефлектори со бела светлина, супер ќе беше. Малце кич на онакви градби од близина да дречи во зелено, плаво :/ Освен портата и светлата на фонтаната, другото добро испадна.
 
На Македонецот ништо не му чини и е експерт во се;).Во Македонија знаеш сите станаа експерти за барок,класицизам,архитектура,а појма немаат што е тоа.Подобро да урневме се и така сите ќе бевме задоволни да се давиме и живееме во кал.Вака кога гледам убави згради не се чувствувам како Македонец .Скопје,после 20 години конечно почнува да личи на вистински европски град, а тек тогаш кога комплетно ќе биде завршен проектот Скопје 2014 со сите споредни работи(булевари,катни гаражи,трговски центри) ќе можеме да кажеме дека Скопје е метропола.Јас од ниеден странец што го посетил Скопје не чув дека спомениците се кич,грди и ред други работи,баш напротив ,додека од нашите “експерти“ слушам само плукање,но тоа воопшто не ме изненадува.Единствено нешто што беше голема мана е несинхронизираноста на војската и полицијата.Како мртви да беа.Морале да вежбаат многу повеќе.Личеа на распашана команда,но таква ни е војската и полицијата што да правиме.
 
Не мора да си експерт за да кажеш дека нешто не ти се свиѓа. Јас кажувам дека не ми се свиѓа таква мешавина од бои на фонтана од антички стил. Никаде не спомнав мешање на архитектури и професионализам во таа област. Тоа им го оставам на постручните од форумов.
 
Уште средувам импресии. Не можам да заборавам на настапот на Танец со Балетот, со филхармонијата и хорот! Величенствено!!! Ме наежија!
И гардата колку беше убава! И авионите со знамиња, и фонтаната, огнометот, децата кои правеа знаме, одлична организација! Се мислело на секој детал.
Она што најмногу ми се допадна беше народот! Премногу народ, многу насмеани лица, со знамиња во рацете, сите заедно се восхитуваа, ракоплескаа, ја сликаа фонтаната, пееа!!
Прекрасна изведба од сите кои настапија.
Е сега ако бев отидена да барам маани и да мрчам, сигурно ќе најдев нешто. Ама отидов да прославам, и прославував.
 
На Македонецот ништо не му чини и е експерт во се;).Во Македонија знаеш сите станаа експерти за барок,класицизам,архитектура,а појма немаат што е тоа.Подобро да урневме се и така сите ќе бевме задоволни да се давиме и живееме во кал.Вака кога гледам убави згради не се чувствувам како Македонец .Скопје,после 20 години конечно почнува да личи на вистински европски град, а тек тогаш кога комплетно ќе биде завршен проектот Скопје 2014 со сите споредни работи(булевари,катни гаражи,трговски центри) ќе можеме да кажеме дека Скопје е метропола.Јас од ниеден странец што го посетил Скопје не чув дека спомениците се кич,грди и ред други работи,баш напротив ,додека од нашите “експерти“ слушам само плукање,но тоа воопшто не ме изненадува.Единствено нешто што беше голема мана е несинхронизираноста на војската и полицијата.Како мртви да беа.Морале да вежбаат многу повеќе.Личеа на распашана команда,но таква ни е војската и полицијата што да правиме.
Градење нешто не значи и градење на било што.
Јас сум за проект кој ќе го модернизира Скопје и ќе го направи вистинска метропола, но Скопје 2014 е најобичен кичерај.
Ако веќе сакаме спој на модерното и историското (поврзано со Македонија), зошто тогаш барокниот стил? Кога па Македонија имала барок? Колку и да сакаме не можеме да изиграваме Виена, Прага или стариот дел на Будимпешта.
Два -три споменика на плоштадот ќе беа доволни. Овие успеаја циркус одплоштадот да направат, па уште ако им успее и црква на плоштад да изградат. :tapp:
Офицерската зграда (што кој к*р ни е офицерска зграда кога немаме офицери) е тотално непотребна, а новата зграда на судството е најгрдото нешто архитектирано. Па уште одма пот нејзе направија и втора плажа.
Како што ни бегаат затвореници низ прозори, таман на плажа ќе си скокаат.

Скопје 2014 е тотална утка, се собрале политичари и ‘архитекти‘ блиски до политичарите и намирисале брза пара, па ај ќе дизајнираме некоја глупост колку да се гради нешто.

СТранците нема да ни се смеат? Кажи му на било кој Француз, Италијанец, Австријец, Германец дека во 2011 година градиш скулптури и згради во барокен стил и види дали нема да се утепа од смеење.
 
Се убаво, али да го пушташ Тоше Проески во 1:30, најдоброто нешто што и се случило на Македонија на музички план во овие 20 години независност, ти е исто како да го пушташ Мекејлеб кога завршува натпреварот.
 
Навистина.Ова беше прослава на векот во Македонија.
Најголемо задоволство ми направија кога се појавија наште кошаркари.
А огнометите...неможам со зборови да ги опишам.
.Браво, секоја чест.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom