Проект: Пријави дупка

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да профункционира од причина што неможеме да знаеме дали улицата е под надлежност на некоја општина или на градот скопје. Цело ск е поделено на општини не знам кај ќе најдеш улица која е под надлежност на градот а не на општината и баш на неа да има дупка и да пријавиш. Мижи асан да ти баам
 
Нема да профункционира од причина што неможеме да знаеме дали улицата е под надлежност на некоја општина или на градот скопје.
Сите булевари во Скопје се под градот Скопје, и секаде каде што минуваат автобусите на ЈСП, сите тие се под надлежност на град Скопје.
 
Сите булевари во Скопје се под градот Скопје, и секаде каде што минуваат автобусите на ЈСП, сите тие се под надлежност на град Скопје.
Секаде каде што минува ЈСП е на градот?
 
Многупати сум прашувал, овие т.н. ингеренции не ми биле јасно разграничени. Еднаш имав проблем да најдам во чија надлежност е отруено куче, вртев 5-6 телефони...сите ги префрлаа одговорноста на сосем трети служби. На крај го товарив во количка и го фрлив во контејнер...за што можеа да ме казнат, апсурд во законите на РМ.
Но можеби тоа е и целта...граѓанинот да не знае кому да се обрати за проблемот и да дигне раце од барањето правда/решение. Зошто (ако веќе мора секоја населба да има своја општина) не соработуваат...зарем не се обврзани да ги координираат акциите помеѓу општините и општините со градот?

Вчера додека го слушав човекот на наша тв, ме изненади неговиот ноншалантен однос кон овие проблеми. Како пример впечаток ми остави објаснувањето за пропаѓањето на шахтите. Наводно, тоа е нормална појава. Не знам зошто не му верувам, можеби затоа што ниедна досега немам свиткано нога од шахта или пропаднато со тркало во неа било во грчка, било во другите посеверни држави...мазно, рамно како стакло, во висина на улицата. Дали и таму пропаѓаат не знам, но и да пропаѓаат, ги поправаат така да човек додека се движи по улица/тротоар не се чувствува како да пешачи на Голи Оток.
Што се однесува до јавувањето...дали ја немаат приметено цела коловозна лента од после стадионот (од Чаирче) до пругата кај старата општина во Бутел? Цела лента е спуштена, дебалансирана и полна тумби. А таа улица случајно се наоѓа карши зградата на општината Чаир. Разбирам да во некој икс дел од Скопје се јави проблем каде фреквенцијата е помала, помалку народ..., но среде Скопје, пред нивни очи...и да не убедуваат да се јавуваме? Хм...
 
„Многу е лошо кога од 742 н.м.в. ќе се спушташ со точак без светло, по улици без осветлување и многу дупки за пријавување! “
Автор на цитатов: Dejan Velkoski
 
ЈП ''УЛИЦИ И ПАТИШТА" ЗАДОВОЛНИ ОД ПРВИТЕ ЕФЕКТИ ОД КАМПАЊАТА-ПРИЈАВИ ДУПКА

Жешка линија 15300

За овие четири дена имаме вкупно 200 повици, од кои повеќето се општински и се повторуваат. Според многуте добиени повици можеме да кажеме дека акцијата има одличен старт. Тоа значи дека граѓаните ја прифатиле, а тоа на нам ни е најважно

Кампањата "Пријави дупка", која својот старт го одбележа со билбордите кои можат да се видат на најфрекфентните градски сообраќајници, за само неколку дена ги вжешти телефонските линии на ЈП "Улици и патишта". Тоа значи дека бесплатниот телефонски број 15300, кој е специјално отворен за граѓаните да пријават проблеми на која било улица во градов во текот на 24 часа, веднаш го оправда своето постоење. Од Одделението на јавност на ЈП Улици и патишта" откриваат дека телефонот постојано ѕвони, а операторите кои го преземаат повикот нонстоп работат и комуницираат со граѓаните.
- Реакциите на граѓаните се позитивни и задоволни се што можат да бидат во непосредна интеракција со нас и на тој начин да допридонесат во решавањето на проблемите на улиците во сообраќајот. За овие четири дена имаме вкупно 200 повици, од кои повеќето се општински и се повторуваат. Досега најмногу пријави има за улицата Првомајска" кај пругата, на улицата Сава Ковачевиќ" и Самоилова", кои во најкраток можен рок ќе бидат санирани. За сите улици кои се под наша надлежност реагираме веднаш, но кај оние под чија надлежност се општините помагаме со тоа што информацијата ја проследуваме до општината за да ја санираат дупката, велат од "Улици и патишта". Оттаму велат дека за подобар ефект имаат дадено и рок во кој ќе ја санираат дупката, но тој е даден ориентациски за да се информираат граѓаните. Но, тоа не значи дека тој е фиксен, бидејќи екипите од претпријатието меѓувремено се ангажирани и на други проекти, појаснуваат одговорните.

Постапката која треба да ја следат жителите е следна: се јавува граѓанин на 15300 и пријавува проблематична дупка, позивот го презема операторот и ја проверува улицата. Под ова се подразбира дали пријавената улица е под надлежност на ЈП Улици и патишта" за да потоа повикот се пренасочи кај одговорните техничари за бригадите на терен кои пак го прават планот за санација, односно ги пуштаат екипите во санација на дупките. Освен телефонскиот број контактот се изведува и преку меил на новоотворената интернетска страница www.uip.gov.mk , во апликацијата Пријави дупка.
- Според вжештената линија и многуте добиени повици, можеме да кажеме дека акцијата има одличен старт. Тоа значи дека граѓаните ја прифатиле, а тоа на нам ни е најважно, додадоа од Улици".

АНКЕТА
Дали би пријавиле дупка на телефонот 15300 и дали верувате дека истата ќе биде санирана?

Трајанка Атанасова
Искрено не сум чула за овој проект на ЈП "Улици и Патишта", но доколку е така, тогаш го поздравувам. Сметам дека е одличен потег и дека со него ќе се санираат повеќето дупки во градот. Доколку видам дупка, секако дека би пријавила. А што се однесува до тоа дали верувам, не можам да кажам со сигурност. Единствено ни останува да се надеваме.

Филип Толевски
Јас пред некој ден видов билборд за оваа капмања и ми се допаќа идејата. Кај мене во маало има проблематични дупки, кои им создаваат проблем на возачите. Мислам дека луѓето често ќе го вртат бројот, бидејќи дупките се проблем во секоја општина. Јас сеуште се немам јавено ама во иднина ќе го сторам тоа.

Горјан Груевски
За кампањата дознав преку медумите. Ми се допаѓа идејата но искрено сум скептик дека таа ќе помогне во санирањето на дупките. Јас не би се јавил на бројот, ниту пак би пријавил. Доколку навистина ги санираат дупките за два дена по пријавеното, тогаш секоја чест.

Иво Ивановиќ
Јас живеам во Тафталиџе и ние немаме вакви проблеми. Дупките оддамна се минато кај нас. За кампањата дознав преку билбордите низ градот и ми е драго што постои ваков проект. Доколку забележам проблематична дупка или некоја крпеница тогаш би се јавил да пријавам.

Извор: Вечер
 
Досега најмногу пријави има за улицата Првомајска" кај пругата.

А затоа ја нема дупката. Е за ова браос. Потврдувам дека е санирана. Инаку имаше дупка помеѓу двете железа од пругата на истоимената улица и беше за никаде. Ем поминуваш пруга, ти труска колата, ем во средината дупка. Ако можам ќе сликам утре за да ви го покажам местото.
 
Доколку видам дупка, секако дека би пријавила.
коментариве се...патетика. доколку видам дупка, мх мх. А испакнатите, спуштените делови асфалт не се рачунаат у дупка? Шахтите, фрлениот асфалт на местото каде копале за кабли...
Ондак треба да се направи кампања -пријавете ако забележите улица без дупки. Ќе се најдат ваљда дваесетина такви улици.
 
Таквите работи беа опфатени со акцијата за реконструкција на неколку булевари која започна пролетва и кај и да е треба да заврши.
Веројатно таква акција ќе има и наредната година, ама не сум сигурен.
 
За колку време реагираат надлежните по пријавувањето?

Чисто заради реклама можат да се сликаат покрај закрпената дупка со тој што ја пријавил и плакета да му дадат.
 
ај баш утре ке се јавам на телефонов да реагирам на еден нивни пропуст. поточно ако ви текнува оваа пролет имаше некоја акција за пополнување дуки низ општиниве и као прво доаѓаа па гребеа мал дел асвалт и пополнуваа. кај мене у маало баш тоа и го правеа и најголемиот дел дупки се пополнети е арно ама една така спремна за асвалтирање ја заборавјиа буквално. изгребан асвалт ко коцка се спремно а нов асвалт никаде :) ке се јавам утре и да видам шо ке напраат ме интересира.
 
ЈП ''УЛИЦИ И ПАТИШТА" ЗАДОВОЛНИ ОД ПРВИТЕ ЕФЕКТИ ОД КАМПАЊАТА-ПРИЈАВИ ДУПКА

Жешка линија 15300

За овие четири дена имаме вкупно 200 повици, од кои повеќето се општински и се повторуваат. Според многуте добиени повици можеме да кажеме дека акцијата има одличен старт. Тоа значи дека граѓаните ја прифатиле, а тоа на нам ни е најважно

Кампањата "Пријави дупка", која својот старт го одбележа со билбордите кои можат да се видат на најфрекфентните градски сообраќајници, за само неколку дена ги вжешти телефонските линии на ЈП "Улици и патишта". Тоа значи дека бесплатниот телефонски број 15300, кој е специјално отворен за граѓаните да пријават проблеми на која било улица во градов во текот на 24 часа, веднаш го оправда своето постоење. Од Одделението на јавност на ЈП Улици и патишта" откриваат дека телефонот постојано ѕвони, а операторите кои го преземаат повикот нонстоп работат и комуницираат со граѓаните.
- Реакциите на граѓаните се позитивни и задоволни се што можат да бидат во непосредна интеракција со нас и на тој начин да допридонесат во решавањето на проблемите на улиците во сообраќајот. За овие четири дена имаме вкупно 200 повици, од кои повеќето се општински и се повторуваат. Досега најмногу пријави има за улицата Првомајска" кај пругата, на улицата Сава Ковачевиќ" и Самоилова", кои во најкраток можен рок ќе бидат санирани. За сите улици кои се под наша надлежност реагираме веднаш, но кај оние под чија надлежност се општините помагаме со тоа што информацијата ја проследуваме до општината за да ја санираат дупката, велат од "Улици и патишта". Оттаму велат дека за подобар ефект имаат дадено и рок во кој ќе ја санираат дупката, но тој е даден ориентациски за да се информираат граѓаните. Но, тоа не значи дека тој е фиксен, бидејќи екипите од претпријатието меѓувремено се ангажирани и на други проекти, појаснуваат одговорните.

Постапката која треба да ја следат жителите е следна: се јавува граѓанин на 15300 и пријавува проблематична дупка, позивот го презема операторот и ја проверува улицата. Под ова се подразбира дали пријавената улица е под надлежност на ЈП Улици и патишта" за да потоа повикот се пренасочи кај одговорните техничари за бригадите на терен кои пак го прават планот за санација, односно ги пуштаат екипите во санација на дупките. Освен телефонскиот број контактот се изведува и преку меил на новоотворената интернетска страница www.uip.gov.mk , во апликацијата Пријави дупка.
- Според вжештената линија и многуте добиени повици, можеме да кажеме дека акцијата има одличен старт. Тоа значи дека граѓаните ја прифатиле, а тоа на нам ни е најважно, додадоа од Улици".

Извор: Вечер

Не можам да се изначудам-"акцијата имала одличен старт"! Можам да се кладам дека имала! И тврдам дека ваквиот страт не е нешто со што можеме да се пофалиме. За мене тоа е црвен аларм-скопјани во ова гледаат можност за брзо решавање на ДОЛГОГОДИШЕН ПРОБЛЕМ. Луџе, во градов со години се вози (и се оди) слалом! Скопје нема случај на ненадејна појава на дупка на некоја улица, тука има дупки со историја. Малце е педерски Улици и факинг патишта (или кој и де е е**но одговорен) за одржувањето на улиците во градот, да ја префрла одговорноста на граѓаните. Не е забавно.
Нека си формираат екипи кои ќе го крстарат градот и нека интервенираат според претходно извршен увид. Така се праве тоа. Иначе како ќе утврдат која дупка е на заеб а која е вистинска дупка? Според бројот на повици (на саат, ден, недела)? Не викам дека и граѓаните не треба да бидат вклучени во одржувањето на градот, но мислам дека граѓаните треба да пријавуваат инциденти, нешто што не го приметила екипата што врши увид, на пример.

И не, не ја прифатиле, дечки, линијата толку ви се вжештила од очајни (за ред) скопјани!

Еден пример од секојдневието:

Еден ден, чекајќи да се запали зелено светло на семафорот, приметувам гранка на дрвото испред мене, расцепена и опасно виси од крошната као некое копје, мислиш секој момент ќе падне. Ја право, трк (со голема доза на вознемиреност) и распрашуваќи се, дознавам дека X и Y се одговорни за зеленилото во градот. Барам бројче, наоѓам, вртам и чекам. Прв обид-ништо. Втор обид-ништо. Чекам 15мин (си викам, можда е пауза за кафе), па вртам пак. После долго ѕвонење, добивам сонлив (не дека беше рано) женски глас. Ја, онака ватрено почнувам да распалувам со проблемов, а женскиов глас, после една цела (додуша љубезно сослушана) реченица, ми вика-чекајте, ќе ве поврзам со колегата. Ја онака, се смирувам и чекам. Не долго потоа, ми се јавува љубезен машки глас. Ја па, причам од почеток. Машкиов глас, без многу возбуда, ми соопштува дека нема каде да го запише "мојот" проблем. Бидејќи јас инсистирав да го регистрираат проблемот и после мал отпор од страна на љубезниот машки глас, во знак на разбирање за мојот проблем добив бројче од мобилен телефон од некоја госпожа Б. Веројатно требаше да и се јавам. Наместо тоа, ја си реков, стварно гранката и не е мој проблем. Тоа е проблем на госпојата со мобилен, па нека седне у кола и нека ја бара низ град. И, да, за чудо ми успеа да престанам да мислам. И баш ми стана гајле. Подобро е кога човек не мисли на ТУЃИ проблеми!

Така да, драги мои, ова чудо со пријави дупка, ќе биде ко и секое чудо до сега-за три дана!
 
Јас имам една најголема дупка кај народна банка им пропаднал асфалтот баш на автобуската дупака ипол
бележано ли е ? некаков знак за предупредување на возачите има ли поставено???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom