Пајак-служба - тапа работа

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Скопје има пајак-служба. Односно, барем се мисли дека има пајак служба. Прво, пајак-службата работи селективно - само во строг Центар, дел од Карпош и Аеродром. На друго место ги нема. Или им е страв од локалното население, или ги мрзи да шетаат подалеку. Имаат ли таен договор со дивите таксисти, странските автомобили и државните службеници штом нивните автомобили никогаш, или речиси никогаш пајакот не ги собира.

Со пајак службата оди и сообраќаен полицаец. Тој е главниот во целиот процес. Во Центар најмалку двајца сообраќајци кои одат со пајакот не се од Скопје. За земјаци казни не применуваат.

КРИМИНАЛ: Минатата среда, нешто по 15 часот, во центарот на Скопје пред кафе Тренд, пајак служба подигна лошо паркирана зелена Опел Астра. При подигање возилото им се лизна и падна. Како ништо да не се случило сообраќаецот и пајак-службата го напуштија местото. Избегаа.

Ни записник за штета, ни увид од МВР. Ништо. Кукавичко бегање после направен законски прекршок, или криминал, од местото на настанот. Бараме име и презиме на сообраќаецот и одлука за негова суспензија. Бараме пајакслужбата да не го прави сето она што и на фотографиите
долу е покажано.

78F0C9A11719AB40B0BA78E6682FED3C.jpg

EA86CA097FADDD43925C1A4E4DE4151A.jpg

9CFB4D76390BB447904693B58E1A7D5E.jpg

8AD699BB93F22343B28BAC12614962C6.jpg

DB2EC87784B58646A747CD8329D09E88.jpg

B308C007B108EA40AE3BA5F4C4A0F253.jpg

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FF8F2672B28E16469863B9791056E1F3
--- надополнето: Aug 18, 2011 4:53 AM ---
-------------------------------------------------------------------------------------

------------------------------------------------------------------------------------

------------------------------------------------------------------------------------
:pos::pos:

50 евра за да си го земеш коњот

F296E043147A3E4FA7C0C4FF80D65CA9.JPG

http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=9C2A603B06CDF147BDBF8BFAF1205DAE
 
Да се разбериме, не е пајак службата тапа работа.

Тапа работа е селективното применување на законите во државава. За едни важат, за други не важат.
 
Мене ми е чудно како од Вечер испадна ваква вест!!!:eek: И вакви случаи се сегде ,еве во Охрид летово можам да паркирам буквално кај сакам ,з'ш нели, гостите имале предност во кревање возила.А да замислиш како е во друг град или па уште полошо држава да се вратиш на местото кај шо си паркирал и ти ја снемало колата,а немаш појма кај е паркингот за кренати возила...

Дека е селективен пристапот сите сме свесни , без разлика колку не убедувале дека е обратно.
Малку примери:
1.Возило во сопственост на СВР - Охрид (порано возило на Алфите).Паркирано пола во лента за возење.
0618.jpg

0617.jpg

2.Возило на Медицински Центар - Охрид ,е ова е веќе талент!
0616.jpg

Во Прилеп па не им стиска воопшто да кренат некоја со ПП таблици. Само од други градови и со странски таблици гледам кај шо креваат. Од толку шо се педерчиња пајак-службата и полицијата, не им стиска да кренат прилепска кола од страв да не налетаат на некој локален шериф па да ги прекрши на улица... е до толку се бедни во душата
 
не туку треси зелени, креваат и те како и со прилепски таблички, и тоа ама ич не им е гајле од кого е колата..знам случки и на пратеници им се земени..
 
Не е лошо скопските градоначалници да го прочитаат написот за прилепските позитивни решенија со коњите. Сепак се работи за урбана зона, а постојано по улиците (барем Бутел) гледаме запрежни коли чии остатоци од измет се навистина непријатни...ниту да се прошеташ ниту да уживаш во околината. Животните се движат вон градовите, а и вон урбаните подрачја им се става торба одзади за изметот кој го прават.
Исто така како стандард за еден град би требало да се забранат и тракторите кои постојано кружат низ населбите нудејќи свеж бостан. Постои друг вид превоз со кој може да се стори истото. Ако сакаме да го нарекуваме (европски) град.
 
Све ОК, али не ги чачкај тие со тракторите и бостанот, нив мислам дека со Рамковниот тоа им е дозволено (како и друго).

Селективниот пристап на пајак службата, е единствено очекуван начин на работење во еден корумпиран државен систем како нашиот.
 
Да се разбериме, не е пајак службата тапа работа.

Тапа работа е селективното применување на законите во државава. За едни важат, за други не важат.
Така е.
Еве ситуација една што мене ми се деси.
50-60 метри пред влезот на Државна болница ја оставам колата со 4 жмигавци и отворени прозори.Блегов внатре за да оставам јадење и за тоа не ми беше потребно повеќе од 6-7 минути.
Колата (Опел Вектра Б) ја остаив заедно со Фиат Уно,Фиат Типо,Фичо,101 и Лада.
Од сите коли само мојата ја земаа,а другите како што стоеја не беа ни помрднати.
Ја свесен сум дека погрешно сум застанал ама ти тие што беа според некоја процедура и нив требаа да им ги земат колите,а не само мене.
 
Па твојата била најскапа бе батче, сигурно нема да му ја соберат на некој што вози фичо или стокец. Си викаат штом има овој да купи опел вектра ке има и да плати за казната. :pos: Шала на страна не е убаво селективново спроведување на законите али не очекувам дека во блиска иднина ќе се смени тоа. Така било и ќе биде. А да ги видам мајчиниве у Чаир нека собираат коли ако им стиска. Од 4 летни 2 увек се зафатени и се ствара гужва. Најголемата гужва е у Чаир.
 
Не ми кажувај за Чаир,таму 18 години раснев и уште идам натака имам друштво и роднини.
Во Чаир нема никаков закон,а не пајак :D
Иначе муабетот ти е на место и во нашава држава така се работи,само со селекција.Тој што има најдобро мора да го изеде иако требаше сите со мене да го јадат али јебига го лапнав ја :D
 
Па твојата била најскапа бе батче, сигурно нема да му ја соберат на некој што вози фичо или стокец. Си викаат штом има овој да купи опел вектра ке има и да плати за казната.

Околу селективноста... Пајак ми ја има кренато колата во Битола, беше неправилно паркирана во линија со цитроен ц4, мерцедес ц класа и уште една кола на бугарски таблици. Јас бев тогаш со старата кола, Југо Скала (или стокец). Иако беше паркирана околу средината, пајакот некако (најверојатно врз основа на некој алгоритми) одлучил да ја крени само мојата кола.
Знаеш зошто одлучиле да ја кренат? Затоа што знаат дека веројатно ако вози југо тој е лојален граѓанин, ниту ќе бара врски и ќе си плати; така беше. Појдов и си платив. Кога поминав на враќање на истото место, останатите возила сеуште беа таму... Да кренеа некоја од другите коли, некој ГАЗДА сигурно ќе свртеше број или два па работата на пајакот ќе му беше џабе...
За жал, така ни функционира државата. Не очекувам некои промени за скоро време.
 
за во чаир неможе никој жив да дојде и да ми каже дека се спроведува било каков закон. за непрописно паркрана кола прво и основно не е потребен пајак туку е потребен сообраќаец да пише казна и да му ја остави на соопственикот ( читај на брисач ) и тоа е се потврдено со слика на лице место. пајак служба треба да интервенира во најголем број на случаевите ако возилото веќе пречи за нормално одвивање на сообраќај значи ако е на улица оставено ако некој ден ( предница или задница ) му штрчи на некоја лента или па ако има блокирано некое друго возило. вака само ни продаваат муда за бубрези. незнам како ги одбираат колите која ке ја кренат која не. имам слушано кревале само постари возила зашо знаеле дека ке платат ( ко у смисла несмееле поновите зашо се плашеле да не е на некој директор функционер и слично ) а имам и такви слушано дека кревале така некоја средна класа на возила ( у смисла абе ако кренеме некој стокец или југо чоекот нема ни да плати зашо едноставно факт е дека има стара кола која не вреди ни 300 евра ). проблемов во скопје е во тоа што направија зонско паркирање секаде !!! ај шо го направија може и не толкав голем проблем ама цените дефинитивно им се. 50 денара за 2 саата па нормално е дека никој нема да ги даде. да ги направеа по 20 денари за првиот саат и секој нареден по 10 јас апсолутно сум уверен дека никој немаше да бара место настрана да паркира кола и секој ке можеше да плати 20/30 денари паркинг.... и никако неможам да ја најдам логиката како тоа МАКСИМУМ 2 саата да остане возилото на паркинг? ако веќе некои работи сакаат да ги средат тогаш нека купат уште 30/40 пајак возила и нека ги дадат на општините затоа што во секоја општина има ваков проблем проблем број еден е во чаир и на битпазар. дури верувајте кога идат во џамија ( пред или после постите или бајрам незнам точно ) од 4 ленти буквално останува само една лента !!!!
 
Околу селективноста... Пајак ми ја има кренато колата во Битола, беше неправилно паркирана во линија со цитроен ц4, мерцедес ц класа и уште една кола на бугарски таблици. Јас бев тогаш со старата кола, Југо Скала (или стокец). Иако беше паркирана околу средината, пајакот некако (најверојатно врз основа на некој алгоритми) одлучил да ја крени само мојата кола.
Знаеш зошто одлучиле да ја кренат? Затоа што знаат дека веројатно ако вози југо тој е лојален граѓанин, ниту ќе бара врски и ќе си плати; така беше. Појдов и си платив. Кога поминав на враќање на истото место, останатите возила сеуште беа таму... Да кренеа некоја од другите коли, некој ГАЗДА сигурно ќе свртеше број или два па работата на пајакот ќе му беше џабе...
За жал, така ни функционира државата. Не очекувам некои промени за скоро време.

Епа зависи од чоекот што го вози пајакот. Ако е некој добродушен ќе го земе мерцедесот. Ако се падне некој ТРОЛ ко у твојот случај си го јадел стапот. :pos:
 
Ова со максимум 2 саата останување на паркинг е идеја на некој што ко мал му иделе често гости и морал да ги дели играчките со другите деца и сега траумите полека го стигаат, па нејќе луѓево меѓусебно на гости да си идат. :icon_mrgr:
 
Не е лошо скопските градоначалници да го прочитаат написот за прилепските позитивни решенија со коњите. Сепак се работи за урбана зона, а постојано по улиците (барем Бутел) гледаме запрежни коли чии остатоци од измет се навистина непријатни...ниту да се прошеташ ниту да уживаш во околината. Животните се движат вон градовите, а и вон урбаните подрачја им се става торба одзади за изметот кој го прават.
Исто така како стандард за еден град би требало да се забранат и тракторите кои постојано кружат низ населбите нудејќи свеж бостан. Постои друг вид превоз со кој може да се стори истото. Ако сакаме да го нарекуваме (европски) град.
далеку од лошо.... уствари нек им биде пример за решение на движење на коњи низ градот.
а и ова со тракорите.....хм можат ко у гејлада една камионетка и нек кружат,уствари у Охрид така продаваат бостан-
ама....тука се и старо купујем - и за нив треба да изнајдат решение - нек им дадат посебен ден у недела со одредено време кога смеат да идат и да се дерат низ населби(плашат мали деца:pos:))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom