Новинарот на Канал 5 Горан Момироски е приведен во Лерин. Грчките полицајци го уапсиле претпладнето околу 11.45 часот додека извршувал професионална задача во Лерин. Според последните информации до кои дојде Канал 5, Момироски во моментот се наоѓа во полициска станица во Лерин каде што го испрашуваат грчки полицајци.

Информациите за Канал 5 ги потврди грчкиот конзулат во Скопје, од каде што соопштија дека Момироски бил приведен затоа што сакал да сними како Македонците во Лерин вадат изводи од матичната служба.
Канал 5 се обрати и до грчкото Министерство за надворешни работи од каде што соопштија дека немале никакви информации за инцидентот. За апсењето на новинарот на Канал 5 е информиран и македонскиот конзул во Солун кој рече дека веднаш ќе замине во Лерин за да провери што точно се случува.
Во меѓувреме алармирано е Здружението на новинари на југоисточна Европа СЕЕМО. Момироски вчера престојуваше на прославата на празникот Голема Богородица во леринското село Неред за што и известуваше во вестите на Канал 5.
Освен новинарот на Канал 5, уапсена е и новинарката на дневниот весник „Вест“, Милена Ѓоргиевска.

Извор: Канал 5 Телевизија