Грчката полиција го приведе новинарот на Канал 5 Горан Момироски

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Новинарот на Канал 5 Горан Момироски е приведен во Лерин. Грчките полицајци го уапсиле претпладнето околу 11.45 часот додека извршувал професионална задача во Лерин. Според последните информации до кои дојде Канал 5, Момироски во моментот се наоѓа во полициска станица во Лерин каде што го испрашуваат грчки полицајци.​

getImageThumbnail.axd


Информациите за Канал 5 ги потврди грчкиот конзулат во Скопје, од каде што соопштија дека Момироски бил приведен затоа што сакал да сними како Македонците во Лерин вадат изводи од матичната служба.

Канал 5 се обрати и до грчкото Министерство за надворешни работи од каде што соопштија дека немале никакви информации за инцидентот. За апсењето на новинарот на Канал 5 е информиран и македонскиот конзул во Солун кој рече дека веднаш ќе замине во Лерин за да провери што точно се случува.

Во меѓувреме алармирано е Здружението на новинари на југоисточна Европа СЕЕМО. Момироски вчера престојуваше на прославата на празникот Голема Богородица во леринското село Неред за што и известуваше во вестите на Канал 5.

Освен новинарот на Канал 5, уапсена е и новинарката на дневниот весник „Вест“, Милена Ѓоргиевска.​

 
прво каде се од мнр да реагираат?
друго што се крева толку фама за случајов кога знаеме како ќе заврши ќе му ја конфискуваат опремата и ќе му ставата печат да не може да влези во грција едно 10 години.
Многу граѓани на републикава полошо поминале него новинаров па државата не мрднала ниту со прст.
 
Ослободени се али немало никаква реакција од Мнр да се расчисти тоа веднаш
 
Убо де што е толку чудно,па и во Макеоднија се приведуваат новинарите,па дури и се затвораат тие Тв канали што се против Грујо и тајфата, па што е сега толку чудно?? Демек ево нашиот државјанин приведен во Грција, па ако напрал нешто нормално дека ќе се приведе, ама ете го пуштиле..
 
Битно се крена прашина околу новинарот.
А кој е и што направил ќе остане мистерија.
 
Типична и веќе добро позната грчка провокација

Да беше уапсен грчки новинар во Македонија од цел свет ќе стигнеа протестни писма и ќе дојдеа мировници да ни кажат дека не е убаво да се апсат соседите. Месец дена ќе се тролаше како Македонија ја провоцира Грција.
 
Битно се крена прашина околу новинарот.
А кој е и што направил ќе остане мистерија.

Горан Момировски кој е?! Сериозен си?

Момировски е своевиден експерт за преговорите со Грција и за односите помеѓу Македонија и таа земја. Главна окупација му се истражувањата за оваа проблематика и извезтувањата за ситуациите околу преговорите, каде и да се. Од ООН, од Грција, од Брисел, од секаде има известувано околу името. На човекот не му е прв пат да го апсат иначе во Грција. Има повеќе пати кажувано дека при влез во Грција го имаат носено во полициска станица.
 
koe mnr ziti se aman :pos: sve talenti se
за кои и какви „таленти“ зборуваш- навистина незнам, но заменик министерот Зоран Петров можам да ти кажам се издвојува од она твоето у наводнициве. Не сум во тек:( - незнам дали остана чоеков , дали е реизбран, но мислам заслужува многу повеќе од заменик.
само тоа е тоа....една птица не го прави јатото:cenzura:
--- надополнето: Aug 16, 2011 4:20 PM ---
Ни беше речено дека ако вработената во општината не тужи може да добиеме казна од 10 години затвор затоа што се работи за голем криминал. Но по прегледувањето на снимките беше утврдено дека не сме снимале и по повеќе од два часа не пуштија“ – вели Момироски за Канал 5 и додава дека не е сеедно кога сте предупреден за можност од затворска казна во траење од 10 години.
http://daily.mk/cluster3/e24ef52a7b8196a532a0e5ae22e76087/866410
 
Но по прегледувањето на снимките беше утврдено дека не сме снимале и по повеќе од два часа не пуштија
Ги прегледале снимките, па после било утврдено дека ништо не снимиле. :D
Празни биле снимките кои ги гледале. :D
 
Требаше да продолжиме за Скопје но пред да тргнеме припадници на сообраќајната полиција и на службата за државна безбедност на Грција побараа од нас да одиме во полициска станица во Лерин каде бевме испрашувани во врска со кривично дело „снимање на јавен простор“ што во Грција е забрането. Ни беше речено дека ако вработената во општината не тужи може да добиеме казна од 10 години затвор затоа што се работи за голем криминал. Но по прегледувањето на снимките беше утврдено дека не сме снимале и по повеќе од два часа не пуштија – вели Момироски кој додава дека не е сеедно кога сте предупреден за можност од затворска казна во траење од 10 години.

Македонија не треба да го користи случајот за политички цели , тоа се нормални процедури и секоја држава има право да врши контроли , на новинари или медиуми , за економски криминал или за некоја репортажа против интересите на државата Грција.
Што би рекла нашата Влада , да не се ставиме на страната на бесзаконието-криминалот , без разлика дали се работи за некој медиум , новинар или пратеник.
 
за кои и какви „таленти“ зборуваш- навистина незнам, но заменик министерот Зоран Петров можам да ти кажам се издвојува од она твоето у наводнициве. Не сум во тек:( - незнам дали остана чоеков , дали е реизбран, но мислам заслужува многу повеќе од заменик.
само тоа е тоа....една птица не го прави јатото:cenzura:
--- надополнето: Aug 16, 2011 4:20 PM ---
Ни беше речено дека ако вработената во општината не тужи може да добиеме казна од 10 години затвор затоа што се работи за голем криминал. Но по прегледувањето на снимките беше утврдено дека не сме снимале и по повеќе од два часа не пуштија“ – вели Момироски за Канал 5 и додава дека не е сеедно кога сте предупреден за можност од затворска казна во траење од 10 години.
http://daily.mk/cluster3/e24ef52a7b8196a532a0e5ae22e76087/866410

pa samo Zoran Petrov po se izgleda ostana bez damka ostantite vkucuvajki go kinder karden ministerot dobor ni se nam poznati.
mislam deka i ponatamu e zamenik minister. Zoran Petrov
--- надополнето: Aug 16, 2011 5:44 PM ---
Македонија не треба да го користи случајот за политички цели , тоа се нормални процедури и секоја држава има право да врши контроли , на новинари или медиуми , за економски криминал или за некоја репортажа против интересите на државата Грција.
Што би рекла нашата Влада , да не се ставиме на страната на бесзаконието-криминалот , без разлика дали се работи за некој медиум , новинар или пратеник.
dali vakvo mislenje imas i koga ce gi proteraat etnickite albanci od Cemerija. so takanarecenata operacija metla
--- надополнето: Aug 16, 2011 5:46 PM ---
Ги прегледале снимките, па после било утврдено дека ништо не снимиле. :D
Празни биле снимките кои ги гледале. :D
se plasat od reportaza helasite posto neli celo vreme, ako pratis postojano izvestuva kako patriotska televizija od Lerin i ostanatite mesta so makedonci
 
Македонија не треба да го користи случајот за политички цели , тоа се нормални процедури и секоја држава има право да врши контроли , на новинари или медиуми , за економски криминал или за некоја репортажа против интересите на државата Грција.
Што би рекла нашата Влада , да не се ставиме на страната на бесзаконието-криминалот , без разлика дали се работи за некој медиум , новинар или пратеник.

Да се случеше вакво нешто во Турција да ти верував.
Но во Грција сите знаеме зошто ова не е прво апсење и малтретирање на македонски граѓани безразлика дали е новинар или камионџија.
 
Убо де што е толку чудно,па и во Макеоднија се приведуваат новинарите,па дури и се затвораат тие Тв канали што се против Грујо и тајфата, па што е сега толку чудно?? Демек ево нашиот државјанин приведен во Грција, па ако напрал нешто нормално дека ќе се приведе, ама ете го пуштиле..
Некои новинари си ја бркаат работата за што се платени и ја извршуваат крајно професионално додека други се платени за циркуз и работат во ТВ каде што се сместени 10 квази фирми кои поим немаат што е тоа данок.И уште кога зад нив ќе застане опозициона партија тогаш тие тн новинари се претвораат во прави кловнови.А да биде циркузот поголем истите тие новинари кои наводно беа прогонувани и апсени денес се ПРАТЕНИЦИ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom