Ќе се наплаќа влезница за Маврово, Пелистер и за Галичица

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ СТАНУВААТ КОМЕРЦИЈАЛНИ ДЕС­ТИ­НА­ЦИИ



Ќе се наплаќа влезница за Маврово, Пелистер и за Галичица

Ста­ну­ва збор за еден вид еколошка такса која треба да ја плаќаат по­се­ти­те­ли­те и сопствениците на објекти во националните паркови
2BA01323EB544148AC64D53F302DA8A3.jpg
Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на природата, кои нас­ко­ро треба да стапат во сила, националните паркови Пелистер, Маврово и Галичица ќе треба да воведат надоместоци, од кои ќе го обезбедуваат план­ски­от развој и нивното работење.
Спо­ред правилниците и ценовниците кои се подготвуваат во Ми­нис­терс­тво­то за екологија и животна средина, покрај останатото, посетителите ќе мо­ра да плаќаат влезници и за најобична посета на излетничките места на Пе­лис­тер, Галичица и во Маврово, потоа надоместоци за престој и за по­се­та на посебни објекти во националниот парк, за паркирање на ав­то­мо­би­ли, за вршење дејност или активност од економски карактер, како и на­до­мест за собирање диви растенија и отстрел на животни, односно так­са за употреба на лого на национален парк на производи и услуги за ко­мер­ци­јал­на употреба.
"Ста­ну­ва збор за еден вид еколошка такса која треба да ја плаќаат по­се­ти­те­ли­те и сопствениците на објекти во националните паркови. Парите ќе би­дат строго наменски и насочени во проекти за поголема екозаштита, но и за поразновидна понуда на вредности од интерес за посетителите", вели Пе­це Цветановски, лице за односи со јавноста во националниот парк Пе­лис­тер, кој сепак не крие дека очекуваат со ваквиот потег значително да се проретчат пријателите на шумите и на природата.
Сво­е­то разочарување од овој потег на Министерството за екологија не го кри­јат ниту детското летувалиште "Пелистер", хотелот "Молика" и пла­ни­нар­ски­те домови, чии објекти се наоѓаат во атарот на најстариот на­ци­о­на­лен парк во Републиката во подножјето на Баба, и во кои само во те­кот на зимата има над 4.000 посетители.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A14CF1D87C47FE4A917857449A2B51BF

 
На народот будала го прават ..на кој друг..:D
 
Почна отплатата на спомениците кои направија дупка :D

Гвујо FTW
 
Ако ако само вака треба за овој народ. Следно што ке биде ке треба да плаќаме за во wc дома ?
 
Сеа ќе дојдат некои од трубачиве ќе кажат дека парковиве имаат потрошња, треба да се одржаваат, пари треба и така.
 
Интересно.Баш ме интересират како ќе ги убедет луѓено од Пештани,Градиште,Љубаништа,Трпејца,Лагадин,Свети Наум и слично да платат такса за НП Галичица.
Zoni-Golema.gif


Едно многу битно прашање : Ленти за фискална сами да си носиме?
 
Сеа ќе дојдат некои од трубачиве ќе кажат дека парковиве имаат потрошња, треба да се одржаваат, пари треба и така.
Нормаљно.
На Молика знајш ш`убо е. Чист воздух, мирна водичка од поточе, птички леткаат, штурци свират.... А на зима.. ееее, на зима се` е бело на Пелистер.
И за да опстане, мора да се одржава. Ова држава е, не панаѓур.

Он: Нареден чекор, патарини на секое село, за екологијата. :D
 
А што си мислевте??? живот у капитализам е бесплатен...нажалост не..е..:)...следното ќе биде ОГРОМНИ даноци на имот, плаќање за да можеш да влезеш и живееш во Скопје......патарини, мостарини, пљукарини и слично насекаде итн. , а за цената на погребите да не збориме... ;)
 
А што си мислевте??? живот у капитализам е бесплатен...нажалост не..е..:)...следното ќе биде ОГРОМНИ даноци на имот, плаќање за да можеш да влезеш и живееш во Скопје......патарини, мостарини, пљукарини и слично насекаде итн. , а за цената на погребите да не збориме... ;)

За да влезеш односно да излезеш од Скопје веќе се наплаќа со патаринине нели?
Иначе цените на погреби, ковчези, парцели и сеа се боли глава, не дај боже да ти умре некој у минус ќе отидеш.
 
:pos:
Абе паметен е Гвујо им дава на администрација по 20 000 кусур, па овие си го прчат на планина сабота и недела,додека рмбачите ќе се грбачат и во сабота а богами и неделите.
Епа гвујо му дал 20 000 ,ама ке му ги земе. К*р на планина сега лешинари паразитски,ке одите ама ке плаќате.
Интересно ке биде сега,кога ќе почнат и за шетање на сонце да наплаќаат како за лековита терапија.
Исто на ред се и изворите на пивка и чиста вода, да не збориме за чистиот воздух,тој ќе биде нај скап. Ако не платиш отиде у село кај Тонџи да живееш да се надишеш од прекрасните гасови на рафинерија.
Ах ГЛУП НАРОД. Прво почнаа да ви наплаќаат за паркирање на улици кој вие сте ги изградиле сега ова,АМА АКО ВИ Е И МАЛКУ ВИ Е!:pos::tapp:
 
Планините се на гвујо,он два пати годишно ги сади :)
 
Интересно.Баш ме интересират како ќе ги убедет луѓено од Пештани,Градиште,Љубаништа,Трпејца,Лагадин,Свети Наум и слично да платат такса за НП Галичица.
Zoni-Golema.gif


Едно многу битно прашање : Ленти за фискална сами да си носиме?
Е тие ке си плаќаат еднаш годишно исто како жителите на скопскиве општини каде што паразитиве наплаќаат паркинг
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom