mr.wicket
limitless..
- Член од
- 20 јуни 2005
- Мислења
- 5.127
- Поени од реакции
- 519
- Локација
- Скопје, Македонија
- Веб-сајт
- micevski.xyz
Како до "врел" (НОТ што би рекле англосаксонците) компјутер.
Ова се прецизни упатства за вашиот "custom" компјутер.
За почеток, домашниот мајстор компјутерџија, потребно е да си најде некој стар веќе истрошен компјутер. Доколку немате можете да позајмите од некој пријател.
За примеров е користен стар сметач со 128 мб работна меморија и процесор од 350 MНz работен такт.
(Кликај на сликите за поголема верзија)
Фаза 1

Зависно од куќиштето на компјутерот можеби ќе треба да го обликувате лимот. Најдобри за ова се куќиштата каде скоја страна засебно е заштрафена за арматурата. Во тој случај едноставно извадете ја едната поширока страница.
Фаза 2
За следниот чекор потребен е голем и тежок токмак за да се отстранат сите внатрешни делови на сметачот. Доколку некоја од компонентите не се дава под налетите на токмакот тогаш ќе ви заврши работа и штрефцигер. Важно е да се напомене дека мора од куќиштето од компјутерот да се отстранат сите, па и оние најситните пластични делови. Целта на ова чистење ќе ви стане јасна со читање понатака.

Фаза 3
За намената што ќе сакате да му ја дадете на вашиот стар компјутер потребно е да најдете и некоја камена или бетонска плоча.

Фаза 4
На крајот врз отворента страна на куќиштето ќе мора да монтирате решетка - најдобро од подебели жици. Во оваа фаза веќе почна да ви станува јасно што ќе биде она врелото :wink:

Тоа имено ќе биде скараџискиот ќумур што ќе го ставите на долната плотна. Нормално ќумурот ќе го потпалите и "voila" - еве ви одлична нова скара за во двор.

Voila :kez: