Грција не го признава хрватскиот пасош ако си роден во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Па тоа е срам за една светска велесила како Америка.Една смрдена Грција не им го признава пасошот.
Грција ќе си го добие она што заслужила не му ја секирај.
 
Вашингтон не реагира на поплаките од Американците

14.08.2011 - 17:09 |

Соединетите американски држави се откажаа од правата на нивните државјани по потекло од Македонија.
granica_66921.jpg

Не било прашање за нив ако нивните државјани во Грција не можат да поминат со американски пасош.
По големиот број на поплаки од Македонци со американско државјанство, ја прашавме амбасадата во Скопје, како реагираат кога нивните државјани наместо во пасош добиваат печат на бел лист хартија. Одговорот беше краток. Во соопштението напишаа:
- Секоја земја си ги одредува сопствените гранични процедури и забелешките за нив треба да бидат упатени до соодветните имиграциони власти, стои во одговорот од амбасадата на САД во Скопје.
Сител минатата недела по добиената жалба од државјанин на Хрватска го отвори прашањето, зошто државјани на странски држави кои се родени во Скопје ја минуваат грчката граница со бел лист.
По Хрватска, следуваше и САД, Канада, Австралија. Многумина од грчките граничари добивале бели листови зошто во пасошот им пишувале дека се родени во Скопје.
Но, зачудуваат и последните дописи кои стигнаа во редакцијата на Сител, бели листови им биле давани и на луѓе кои немаат никаква допирна точка со Македонија.
Револтиран читател на сајтот на Сител напишал:
- И на Австралијанка која е родена во австралија и има австалиски пасош доага со мажот и кој е Македонец роден во егејскиот дел и даваат лист на кој и удираа печат дека поминала грчка граница .
Од конзуларното претставништво на Грција демантираат, велат бели листови давале само ако во пасошот на било кој начин и на било кое место е споменато името Македонија.
Ако го нема зборот Македонија, а добиле бел лист може да пријават, за таквата постапка велат не била виновна државата тука грешката ја правеле граничните службеници.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/vashington-ne-reagira-na-poplakite-od-amerikancite

И после што??? САД отсекогаш биле пријател на Македонија? Ма ајде бре, ова е уште еден доказ дека позади Грција стои САД, исто беше и во Букурешт кога добивме Грчко вето за членство во НАТО, исто и тогаш американците у опште не реагираа, исто беше и со случајот кога имаше референдум против децентрализацијата, баш тогаш САД не призна со уставното име,се со цел референдумот да не биде успешно, имаме многу непријатни ситуации со политиките на САД, почнувајки од Рамковниот Договор,па се до Грчкото вето во Букурешт...
 
Аманте отидов со МАКЕДОНСКИ ПАСОШ КАДЕ УБО СИ ПИШУЕ МАКЕДОНИЈА И НИКОМУ НИШТО.
Нит ме пипнаа нит ме тормозеа ни бутур, побрзо пројдов на грчка граница него македонска .
Кога си ПОМИНУЕЛ бе брат? Грешка да не си? Сигуно во пасошот не ти ставиле бел лист? За нив ти не постоиш, ни пасошот твој, само листот со печати.
 
Грција ќе си го добие она што заслужила не му ја секирај.
апсолутно се согласувам... нив од дамна им се спрема заслуженото само прашање ан време е кога ке го добијат а верувај ке биде во брзо време.

П.С јужниве негираат СЕ што е побрзано со македонија...
 
Рикер: Во резолуцијата на Конгресот нема ништо ново?!

16.08.2011 - 13:59 |


Именувањето на Македонија како БЈРМ во официјален документ на американскиот Конгрес според Филип Рикер не е ништо ново.
riker2212_67065.jpg

Високиот функционер во Стејт Департментот не сакаше да го коментира документот бидејки тој не го претставува Конгресот, но вели дека содржината на резолуција не се разликувала од претходните.
- Конгресот функционира независно од извршната власт и ако погледнете кон историјата, ако погледнете различни резолуции на Конгресот ќе видите во оваа нема ништо посебно ново, изјави Филип Рикер, заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања.
Во документот усвоен на 23 јули, конгресмените бараат помошта на САД за Македонија да биде условена со добра волја за суштински преговори со Грција.
Рикер демантира дека има каква било промена на американската позиција. САД отсекогаш ја помагале Македонија и сакаат да да видат напредок во преговорите за името.
- Позицијата на САД во однос на спорот со името отсекогаш била иста. Се надеваме дека спорот може да се реши. Веруваме дека може да се реши многу брзо, но тоа е работа која треба да ја решат Македонија и Грција. Ние во текот на годините направивме многу работи за да и помогнеме на Македонија, потенцираше Рикер.
На средбата со него шефот на македонската дипломатија побарал засилена поддршка од САД во рамки на Алијансата, особено пред престојниот Самит во мај во Чикаго.
Попоски ја потврдил заложбата за изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Грција, кое нема да го загрози нашиот национален идентитет и достоинство.
Рикер попладнево ќе се сретне и со Премиерот Груевски не прецизирајќи за што ќе разговараат.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/riker-vo-rezolucijata-na-kongresot-nema-nishto-novo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom