До екипата на ТВ Пакет пристигна шпекулација која во секој момент може да се претвори во вистина. Имено, извори блиски до телевизиите не информираа дека екипата на емисијата "Ексклузив" ќе замине во Канал 5, телевизијата која милува да ги вработува лицата што останаа без работа откако А1 отиде во стечај.
Колку ова ќе се оствари останува да видиме, потсетуваме дека Канал 5 во својата програма веќе има солидни емисии од ваков тип, а тоа се "Тротоар Њуз" и "Party Zone". Ќе има место и за "Ексклузив" или некој ќе им го отстапи своето на некогашните ветерани во оваа работа? Колку за информација, оваа емисија во последниот период беше помалку гледана и од "Тротоар Њуз", а да не зборуваме за "Бекстејџ". Како и да е, од Канал 5 веројатно знаат што прават, веројатно сфатија дека трансферите нема да им помогнат да ја зголемат својата гледаност, тоа го докажа моментот со Татјана Стојановска.
Исто така дознавме дека уредникот на магазинот "Крема", Зоран Василевски, на својот Фејсбук профил се пофалил оти неговата емисија "Фаци" повторно ќе се појави во етерот, она што тој го држи во тајност е телевизијата каде таа ќе се емитува. Дали Канал 5 и тука замешале прсти?
Превземено од ТВ Пакет