ФК ВАРДАР-ФК РАБОТНИЧКИ 09.08 20h

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши овој дуел?


  • Вкупно гласачи
    96
  • Гласањето е завршено на .
14k8jm1.jpg


Не можам да дочекам ! :D
 
Тешка утакмица ќе биде.
Искрено не очекувам нешто преубаво за око да биде. Очекувам двете екипи да играат позатворено... не очекувам премногу голови.

Реално Работнички има подобра екиба, башка се повоиграни, Вардар многу се засили, ама им треба уште време, и со подготовките каснеа, Фичо уште не е во форма, се виде на утакмицата со 11-Октомври.

Најголемата предност на Вардар е што се одморени, а за разлика од нив работнички веќе имаше 6 утакмици во европа, башка со анортозис дома се изцедија ко лимуни. Плус свавење до савајле со пиво.

Им се даде преголем медиумски простор, се разбира заслужено, ама за една таква млада екипа тоа може да биде контрапродуктивно, па сеа дека ќе играат со Лацио да мислат дека треба да се појават само на градски и толку, завршена работа.

Со оглед на моменталната ситација, вардар можеби е во блага предност, но сепак типувам дека работнички ќе тепа.

Се надевам дека по подолго време ќе видиме парем полна трибина. Се надевам на 10 000 публика. Мада, и со 7000 ќе бидам задоволен.
 
Очекувам победа на Работнички. Некако Вардар не ми беа уиграни сеа со 11 октомври. Работнички се у серија победи така да тешка утакмица ке биде , минус за Работнички е еуфоријата во која се влезени. Ама ке видиме у вторник да не збориме на празно.
 
Иако фудбалот што ке се игра на терен нема да биди на некое заводно ниво Мак јавност треба да одат на утакмици за да му поможат финасиски на своите клубови.А квалитетот ке се подигне ако клубовите се стабилни и се секираат за тоа што се случува на терен а не во клубската сметка дали има доволно пари за да се платат трошоците.
Ај сите тие што се праеја патриоти ко играше шкендија во Шампионската лига на европа ја преставуваше Македонија со Албаско знаме ако не сакаат ова пак да им се случи одете на утакмици па поможете му на нашите клубови.
За 100 ден донесете ги децата на стадион па нека учат малку и спортска култура.
 
Јас мислам дека ова ке биде една од поинтересните утакмици во последно време.
Работнички ке биде ослабен поради неиграњето на Тодоровски поради суспензија и на Стојанов и Богдановиќ поради повреди,но затоа се очекува да дебитираат Муарем,Најдовски,Брдаревски и Станковски.
Очекувам фер судење и нека победи фудбалот.
Ние што стално одиме на стадион без разлика на играта пак ке одиме,но оние ретко што одат очекувам со добар фудбал денес да ги привлечат и понатаму да продолжат да идат на стадион со што конечно по подолго време да се врати интересот за Мак лигата и кај нас..
 
Карти на билетарата има уште? :D
 
http://on.net.mk/sportal/fudbal/vardar-i-rabotnichki-za-tronot-na-skopje
Вкупна статистика од натпреварите одиграни во рамките на СФР Југославија и Република Македонија:
Одиграни натпревари: 57 (47 првенствени и 10 куп средби)
Вкупно победи на Работнички: 23
Вкупно победи на Вардар: 20
Нерешени: 14
Гол разлика: 77:73 во корист на Вардар
 
Некој спомна дека на МТВ ќе имало пренос, точно е или не?
 
Треба да има. За време на италијанскиот супер куп, цело време идеше реклама за тоа.
Ако не смениле нешто.
 
Или МТВ 1 или на Собранискиот Канал ќе има вечерва од 20:00 часот :D
 
На програмата на МТв нема ништо, али мислам дека ќе даваат. И во спорт пишувало дека ќе давале...
Ако ништо друго, мислам дека на Спорт Ефе ќе може да гледаат тие кои што нема да присуствуваат...
 
На програмата на МТв нема ништо, али мислам дека ќе даваат. И во спорт пишувало дека ќе давале...
Ако ништо друго, мислам дека на Спорт Ефе ќе може да гледаат тие кои што нема да присуствуваат...
Нема најава на МТВ, барем не на првиот канал, може на Собраниски ќе пренесуваат ама потешко.
Знам дека тоа време кога е фудбалот ќе пренесуваат кошарка.
А и да не пренесуваат, ништо ново тоа не е за нас.:eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom