Томи Стефановски ТРЕТ на маратонот Lake St-Jean, Canada

  • Креатор на темата Креатор на темата Шеј Лонг
  • Време на започнување Време на започнување

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Повратникот оваа година а воедно и најуспешниот Македонски пливач маратонец Томи Стефановски (40) вчера во водите на ладното езеро Lake St-Jean (32км) во Канада(каде температурата на водата е од 17 0C до 23 0C) го освои одличното трето место завршувајќи ја трката веднаш после првопласираниот Петар Стојчев од Бугарија и Симон Тобин од Канда, во конкуренција на 22 пливачи. Овој маратон е дел од Светската Grand Prix серија каде што за прв пат после 10 години на јарболот се вееше Македонското знаме. Нашиот минатогодишен најдобро пласиран пливач во Светската Grand Prix серија Евгениј Поп Ацев го освои шестото место. Нашите двајца најдобри маратоснки пливачи Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев веќе идната недела на 06.08.2011 ги очекува уште една трка од светската Grand Prix серија исто така во Канада на езерото Lac Magog (34км), од каде што караванот се сели на Македоснко тло односно во Охрид и Охридскиот маратон кој е и последен маратон во овгодинешната серија а ќе се одрзи на 14.08.2011 година. Извори на Пливачката федерација на Македонија засега не информираат дека за Охридскиот маратон се пријавени вкупно 6 (шест) Македонски пливачи и тоа: Томи Стефановски, Евгениј Поп Ацев, Игор Димовски, Дејан Младеновски, Александар Илиевски и Александар Панчевски. Исто така вредно е да се напомене дека ќе имаме и наш претставник на маратонот во Шабац, Србија кој исто така е дел од Светската Grand Prix серија кој ќе се одрзи на реката Сава на 07.08.2011 година, а таму наш претставник ќе биде најмладиот Македонски маратонски пливач Дејан Младеновски. Од сево ова мозе да се забелези дека интересот за маратонското пливање во Македонија е се поголем и пливачите остваруваат солидни резултати на светско ниво. Да се надеваме дека во годините што следат барем некој од нашите млади надези ќе успее да зачекори по стапките на нашиот најдобар маратонец Томи Стефановски кој иако е на залез на својата кариера постигнува одлични резултати.
 
Овој па Петар Стојчев ненаситен човек, кај нас 8 пати мислам има победено на Охридскиот маратон сеа и тука :icon_lol:
Инаку честитки за Тони Стефановски ..
 
Овој па Петар Стојчев ненаситен човек, кај нас 8 пати мислам има победено на Охридскиот маратон сеа и тука :icon_lol:
Инаку честитки за Тони Стефановски ..

Лани му беше девета победа на охридскиот маратон, каде што има дебитирано 1992година
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom