- Член од
- 22 март 2010
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 1
Бидејќи се наближува 2 август и со тоа пак се актуелизира проблематичната посета на манастирот Прохор Пчински од македонска делегација, би сакал да поттикнам една тема за размислување. Зошто македонските партизани и КПМ одлучуваат заседанието на АСНОМ да го направат толку северно и многу веројатно на српска територија, кога во тоа време имало многу други центри на слободна територија во Македонија? Со темава сакам да отворам дебата на мислења, воопшто целта не ми е да отворам злоцни расправии, попрво мислења и евентуално историски сознанија. Повелете.