Крај на ерата на спејс шатлот

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ерата на шатлот завршува за неколку дена со приземјувањето на Атлантис кој што во моментов е споен со ISS. Но што ќе следува после шатлот?
space-shuttle-launch3a.jpg

Критиките на Спејс Шатл програмата траат уште од нејзините почетоци пред 30 години, како многу скапа а со време се покажа и како ризична по животите на астронаутите.
Причините за оваа програма треба да се бараат во желбите са се создаде брод за повеќекратно користење кој што назад ќе се враќа како едрилица, а големината е одредена спрема потребите за лансирање на најголемите комерцијални и воени сателити.
Шатлот има и други уникатни способности, односно може да се искористи за сервисирање на сателити или дури и за нивно враќање на земјата. Односно да не беше шатлот немаше да го имаме ни Хабловиот телескоп, кој што повеќе пати е искористен за негово сервисирање и негова надоградба со нови генерации на камери и други инструменти.

И како ли би се одвивала американската вселенска програма доколку не прекинаа да ги користат класичните ракети за праќање на астронаути во вселената, а за што е виновен шатлот, односно прекинувањето на програмата Аполо? Сега не вреди да се шпекулира на оваа тема, туку е подобро да се види што ни се нуди во иднина.

Од НАСА нема што да се очекува, таа не успеа да обезбеди наследник за шатлот, Костелејшн програмата е прекината и НАСА се соочува со драстично кратење на буџетот. Но затоа тука се приватните корпорации кои што ќе го заземат местото на НАСА за лансирање на астронаути во вселената, која се покажа како премногу бирократизирана и неефикасна институција.
Наследници треба да се бараат во Spacex со својата ракета Falcon 9 и капсулата Dragon кој што лани имаше промотивен лет во својата беспилотна варијанта, Boeing со својата капсула Orion lite, Orbital работи на капсулата Cygnus која засега е предвидена само за карго транспорт до ISS, Lockheed Martin веќе го тестира своето Multi-Purpose Crew Vehicle за длабоката вселена,потоа приватната вселенска станица Bigelow со нивните модули на надувување.... Па Dream Chaser мини шатлот, New Shepard капсулата кој има погонски модул за верикално лансирање а слетува вертикално...
Што од сето ова ќе се реализира останува да видиме. Во многу ќе зависи и зад кој од овие проекти ќе застане NASA да ги финансира.

Dragon
oo20101215_11.jpg

Bigelow
070410_bigelow_hmed_6p.h2.jpg

Orion lite
Bigelow%20Orion%20Lite.JPG

Multi-Purpose Crew Vehicle
2834119_370.jpg

Dream Chaser
0,1468,i=291736,00.jpg

snc_dreamchaser_garver02.jpg

New Shepard
dcxaflt2.gif.jpg
 
Паднаа советите.ги скинаа финансиите на НАСА,истражувањето на вслената се комерциализира и се е јасно ќе заостанеме со светлосни години и ќе останеме само на комерцијални патувања во вселената.
 
Паднаа советите.ги скинаа финансиите на НАСА,истражувањето на вслената се комерциализира и се е јасно ќе заостанеме со светлосни години и ќе останеме само на комерцијални патувања во вселената.

Тешка работа, најмногу пари се трошат за R&D, вака неколку години нема да имаат летало, ама ќе си купат после од првиот што ќе направи успешен лет. После ќе си го преправат за свои потреби и ќе заштедат многу на пари, за тоа и се работи денеска, секоја година што се вика им го кратат буџетот.
 
Дури да дојде во состојба Спејс икс да лансира астронаути ќе поминат уште четири години.
За време на тие четири години, единствена ракета што ќе превезува астронаути до вселената ќе биде Рускиот Сојуз (кој и самиот ќе биде заменет), а бидејќи Американците инвестираа доста во МВС.... ќе мора да им плаќаат на Русите за превоз на астронаути.

Но ова не е првпат Американците да не лансираат астронаути секоја година. По завршувањето на Аполо програмата, САД неколку години немаа лансирано астронаут во вселената (додека Русите мислам дека немаат пропуштено година без да лансираат астронаут).
Да се надеваме дека приватниците ќе понудат поекономични летови во вселената, а со тоа и подостапни за повеќето луѓе.
 
Уште нема договор за такво нешто, тие работат за профит, НАСА треба да ги плати тие лансирања, додека оние карго летови до ISS, NASA веќе ги има платено на Spacex. Тоа се 12 лансирања а ист таков договор имаат и со Orbital. Но како и да е овие од Spacex работат со голем ентузијазам што не е виден одамна, а се работи за компанија од само 1200 вработени.

И не се само лансирањата за НАСА, Falcon 9 е евтин и имаат потпишано доста комерцијални договори за лансирање на сателити, а го подготвуваат и Фалкон хеви кој што ќе има носивост од 53 тони, наредната година ќе го има првиот лет и со ваков носач растат и апетитите да се оди и подалеку. Има најдобар однос цена/килограм корисен терет, дури поевтини се и од Кинезите, лесно е да се предвиди дека можат да им го земат пазарот и на Локид и Боинг, нивните Делти и Атласи би станале неконкурентни, особено Делта 4 хеви која што денес е најскапиот носач и како таков го користи само армијата.

Да, последна им е заедничката мисија Аполо-Сојуз 1975, а продолжија 1981 со лансирањето на првиот шатл. Многу глупа одлука да го прекинат Аполо, но сите пари тоа време оделе на развојот на шатлот. А имале и потполно функционална вселенска станица во тоа време Скајлаб, која со прекинот на Аполо програмата исто така е напуштена.
 
Досега ниедна ракета Фалкон 9 не летнала до МВС, всушност, Фалкон 9 ќе биде првата комерцијална ракета (направена од приватна компанија) што ќе се спои со МВС.
Бидејќи шатлот излезе од употреба, засега единствени пренесувачи на товар до МВС се Рускиот Протон и Европската Аријана. Ракетата Протон е убедливо најефтиниот доставувач на товар до МВС засега, се дури не полета приватниот Фалкон 9.
Но самото лансирање на Фалкон 9 ќе биде поскапо од Протон.
Доброто е што моментално работат на конструирање на нови ракети и Русите и Американците. Ангара 5, Ангара 7, Рус-М, Фалкон, Арес итн. Уште подоброто е што овие ракети ќе бидат ефтини, безбедни и со развојот на новите вселенски летала се отвара можноста за човечки лет до Месечината и евентуално Марс.

Делта хеви и Атлас... За делта супер-хеви веќе и не постои заинтересираност и колку што знам, развојот на таа ракета е сопрен. А Атлас лета благодарение на ефтините и моќни Руски мотори. Но, како што рече, наскоро тие ракети ќе станат неконкурентни заради високата цена на лансирање.

Бтв, колку што знам, првото лансирање на човек од приватна ракета (спејс икс), т.е. астронаути на НАСА кои ќе летаат до МВС ќе се случи после 2015 година, ако сите тестирања поминат во ред.
 
За астронаутите на НАСА единствено е сигурно дека ќе го користат Сојуз и понатаму, со Русите имаат договор. Spacex нема уште таков договор, освен за карго транспорт кажав веќе дека заедно со Orbital имаат такви договори, тоа се летови што треба да почнат оваа година, но веќе имаа некои одложувања, секој почеток е тежок, но бидејќи веќе еднаш го лансираа Драгон би требало да успеат.
Тешко е да се каже сега кога Spacex или некој друг приватник ќе лансира астронаути. Овие големи играчи сигурно нема лесно да се предадат, Боинг и др., тоа се етаблирани компании и имаше критики што НАСА склучува договори со нови компании како Spacex, така да тука се можни разни игри во пазар каде главен играч е државата. А пазар со туристи до некоја приватна станица како Bigelow, сето тоа е многу неизвесно...

До станицата за карго и понатаму ќе се користи и Руски Прогрес/Сојуз, Европскиот HTV/Аријана и Јапонскиот ATV/H2. Протон не се користи за карго транспорт, ќе биде искористен само за ланирање на последниот Руски модул.
 
Да, со Протон се лансираат само модулите за МВС, а Прогрес леталото лансирано од Сојуз е карго - транспортот. Ги помешав имињата. :)

Бтв, АТВ е Европското, а ХТВ е Јапонското транспортно возило.

Инаку, што побрзо НАСА дадат пари и што повеќе на приватни компании кои ќе им лансираат астронаути тоа подобро. Пред некое време доделија мислам по неколку десетици милиони долари на неколку од компаниите што ги спомна за развој на вселенски летала и носачи - ракети. Конкуренцијата е добра.

А спејс шатлот несомнено ќе влезе во историјата како едно легендарно летало. Има лансирано телескопи, мисии за поправање на телескопи, лансирано сателити, враќано на земјата сателити, воена опрема, еден од клучните доставувачи на делови за МВС, која вреди повеќе од 100 милијарди долари, итн. И покрај двете несреќи, сепак спејс шатлот е летало кое има придонесено многу за истражувањето на вселената.
 
Последното, 33то слетување на Атлантис:

134920-the-space-shuttle-atlantis-makes-a-night-landing-at-the-kennedy-space-.jpg

atlantis-landing-deep.jpg

135036-space-shuttle-atlantis-is-towed-to-its-hangar-after-landing-at-the-ken.jpg

Atlantis-Landing-is-the-last-ever-for-Space-Shuttle-2.jpg

nasal_atlantis_landing_21Jul11-878x584.jpg

final-space-shuttle-landing-photos-sts135-runway.jpg

atlantis_landing_02.jpg

63406993.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom