Нов кинески ѕид ќе се гради во Градскиот парк

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Кога градоначалникот ќе се пресели под Кале, бараките ќе „пораснат“ за неколку метри
Нова катна гаража со најмалку 15 отсто простор за хотелско сместување во објектот е планирана со новиот детален урбанистички план „Централно зеленило покрај реката Вардар - јужен дел“. Гаражата ќе се изгради на местото каде што сега се наоѓаат бараките на градската управа. Објектот ќе биде висок седум метри, но сé уште не се знае колку паркинг-места ќе има. Со овој план се предвидува и сообраќајница, која треба да поминува покрај северната трибина на арената „Филип Втори“, со крак на улицата Ленинова и од булеварот Илинден да се спои со обиколницата.

Познатата градба Кинески ѕид зад стадионот, пак, сé уште е означена како хотелски комплекс, иако таму веќе на големо се продаваат станови. Под овој објект треба да има две подземни паркиралишта, а до стадионот уште една катна гаража.

На вчерашната седница на советот на општината Центар на разгледување беа ставени и плановите за Буњаковец 1 и за Маџир Маало. Деталниот урбанистички план за Маџир Маало е прв таков документ што се усвојува откако е направен генералниот план во 2002 година. Во него е предвидено веднаш до комплексот банки да се направи деловен објект. Тој ќе се наоѓа на аголот од улиците Кузман Јосифовски-Питу и Никола Карев, на празниот простор каде што сега расте дива трева и ќе биде висок речиси 30 метри, со седум ката и поткровје. Со него маалото целосно ќе се затвори и нема да се гледа од железничката станица и од околните улици. По барање на општината во планот е предвидена изградба на верски објект.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71511101236&id=14&&prilog=0setIzdanie=22331
 
Не се секирај, и новиот ќе го „урнат“ со петарди како (веќе) стариот. Се сеќавате, нели?
Нека ги, нека градат. Ќе докажеме дека сме биле и до Кина

- кинески ѕидови
- кинески автобуси
- кинеска стока all kinds and stuff

(напомена: за лоботомираните кои вториот дел од постот ќе го сфатат екстраординари сериозно, нека си знаат, дека нема лек)
 
7 метри ѕид. Тоа повеќе е како ѕид во Зајас. Не преувеличувајте, бараките не ни во парк туку на крајот од паркот....
 
7 метри ѕид. Тоа повеќе е како ѕид во Зајас. Не преувеличувајте, бараките не ни во парк туку на крајот од паркот....

Нели е поубо за народ кога има таков наслов. Зграда од 7 метри висина е зграда од 2 спрата.
Муабетот е ај ќе хејтаме што и да е
 
По барање на општината во планот е предвидена изградба на верски објект.
[/quote]Цц, значи колку се безобразни и бескрупулозни тоа чудо едно. Цацко после ни е крив што се раздвои Македонија по верски основ. секуларна држава, мај...
 
Општинарите во Центар и треба да се дислоцираат, вака им е погодено. Паркче зеленило мх мх и музичка желба да им запееме. Само ако ме прашате мене таму не би требало ништо да се гради доволно е да биде зеленило.
А до комплекс банки просторот,наспроти Веро центар,уште бетон. Важно е да се гради,не е битно каде,што и како.
 
нели „малку“ претераа со ништење на зелени површини, градење катни гаражи кои се жив промашај, и воопшто градење само во централното гратско подрачје- како слепци се фатиле- дајте бе луѓе освестете се, градот може да се шири - а и мора
 
Не се секирај, и новиот ќе го „урнат“ со петарди како (веќе) стариот. Се сеќавате, нели?
Нека ги, нека градат. Ќе докажеме дека сме биле и до Кина

- кинески ѕидови
- кинески автобуси
- кинеска стока all kinds and stuff

(напомена: за лоботомираните кои вториот дел од постот ќе го сфатат екстраординари сериозно, нека си знаат, дека нема лек)
Кина е иднината шефе.Кина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom