Примање на пари на VISA интернет картичка од СТБ

  • Креатор на темата Креатор на темата teneke
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.573
Поени од реакции
18.607
Во Стопанска Банка - Скопје, ми рекоа дека е можно да се примаат пари на VISA интернет картичката од друга сметка.

Ама тие појма немаа како тоа функционира, па ме заинтересира работава како функционира.
Дали тоа функционира преку moneybookers или пак стварно можи директно да се добијаат пари од друга ВИСА сметка?

Има некој вакво искуство?
 
За што конкретно те интересира? Работи на moneybookers, alertpay. Paypal го немам пробано. Лошо е тоа што кога ќе ја регистрираш визата на гореспоменатите сервиси треба да се јавуваш во стопанска за да ти го кажат износот во евра/долари, зошто нема на електронското банкарство колку точно ти зеле (искажано е само во денари).
 
Значи така функционира, парите што ќе ги добиеш на сервисите moneybookers, alertpay ќе можеш да ги префрлиш на сметката на картичка, а после да си ги префрлиш на трансакциона.
Тоа ме интересираше, фала.
 
Да можеш од Виза интернет на трансакциона. Ако имаш и ок кредит, можеш од трансакционата во ок кредит да уплатиш па од банкомат;) (нема провизија)
 
E арно де... истото го имаш и со виса на тутунска. Преку монибукерс си повлекуваш пари. Чао пријатно. Најверојатно го има и со виса од било која банка, само овие млатат празна слама со тоа ИНТЕРНЕТ...

п.с. Од СТБ апче да ми даваат не земам.
 
Не е класична виза, не можеш да купуваш по дуќани, не можеш од банкомат да подигаш пари.
 
Не е класична виза, не можеш ка купуваш по дуќани, не можеш од банкомат да подигаш пари.
Уште полошо... да ти затребаат пари, треба да одиш да чекаш ред в банка...
 
Уште полошо... да ти затребаат пари, треба да одиш да чекаш ред в банка...
Целата финта е што работиш преку електронско банкарство. Ги ставаш од трансакциона на оваа Виза Интернет, купуваш ако остане ги враќаш назад на трансакциона или на друга картица за стално да стои празна да не те опне некој. Кога ја отворив не ми земаа пари бесплатно е.
 
Дали може да ти префрлат пари од странство на дебитна картичка (директно) и колку време оди процедурата?
 
Ја користи некој картичкава? Каде се наоѓа CVC кодот?
 
Не би препорачал ваква картичка пошо не е многу функционална, не се лажете со тоа електронското банкарство
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom