Две злата и две бронзи за македонските спортисти на Специјалната Олимпијада во Атина.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Две злата и две бронзи за македонските спортисти на Специјалната Олимпијада во Атина

Голем ден за Македонија, голем ден за овие атлети. Не може со зборови да се објасни нивната радост. Два златни и 2 бронзени медали и донесоа денеска на Македонија репрезентативците од специјалната олимпијада.​
getImageThumbnail.axd

Пингопонгарката Нена Деспотовиќ и пливачот Дарко Арсов ги освоија првите места во своите категории. Деспотович ја совлада противничката од Палестина со 2-1 во категоријата од 18 до 21 година, а Арсов беше најбрз во својата дивизија на 25метри пливање.

Репрезентацијата во пинг понг зема и трето место. Тренерот и атлетите презадоволни од настапот и резултатите.

Катерина Петковска во пливање на 25 метри слободен стил во 11та дивизија ја освои 3та по ред бронза за Македонија на оваа олимпијада.

Кошаркарите и покрај почетното водство, на крајот не успеаа да ја совладаат Швајцарија во борбата за 3то место. Македонската репрезентација и утре, во последниот натпреварувачки ден, ќе се бори за нови медали во атлетика.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=52&egId=12&eventId=77215
 
Браво за децава, алал да им е. Со недостатоци покажуваат дека со труд и љубов можат многу работи.
 
Браво за децава, алал да им е. Со недостатоци покажуваат дека со труд и љубов можат многу работи.

Немаат недостатоци туку се натпреваруваат во своја категорија, исто како во боксот.
 
Браво за успехот! Барем некој ни носи радости во земјава, кога се работи за спортот. :)
 
Браво за децата! Ова е гордост за сите, добро е да се види дека имаме претставници во светот :).
 
Немаат недостатоци туку се натпреваруваат во своја категорија, исто како во боксот.

Aбе? :) Како ќе ми го објасниш тогаш детево што прима медал?

Special+Olympics+World+Summer+Games+Day+Seven+hum8rNKCdXIl.jpg
 
Честитки за репрезентативците, со гордост да не презентирааат и во иднина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom