Tour de France 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата The Edge^
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Гледам нема тема отворено за ова натпреварување па ајде
Тур де Франс е велосипедска трка која се одржува секоја година во Франција и соседните земји со должина од околу 3500 км. Трката трае 21 ден, обично е во јули секоја година, и ги привлекува врвните велосипедисти од целиот свет. Трката е поделена на дневни етапи. Поединечните времиња од секоја етапа се собираат за да се добие севкупниот победник на крајот на трката. Велосипедистот со вкупно најкратко време ја носи Maillot jaune жолтата маичка.Патеката на трката се менува секоја година, но секогаш завршувала во Париз. Ова е најстара најпопуларна и најпрестижна трка.
Најуспешен човек во ова натпреварување е Ленс Армстронг кој има освоено 7 пати Тур де Франс притоа борејки се и победувајки го ракот на тестисите. Чудо.
Покрај жолтата маичка има и други маици:
Зелена маица - ја носи натпреварувачот кој има добиено најмногу поени во спринтовите на финишот од стазите
Бела маица - во оваа конкуренција учествуваат младите натпреварувачи и ја носи оној со најдобро вкупно време
Точкаста маица - ја носи натпреварувачот кој има освоено најмногу поени во планините т.е поени во планините се добиваат кога натпреварувачите кои први го поминуваат врвот на планината.
Постојат повеќе видови на стази:
Рамни стази
Ридски стази
Планински стази
Хронометри
Оваа година започна 98миот Тур де Франс учествуваат 18 тимови. Фаворити и оваа година се Алберто Контадор и Енди Шлек но и секогаш има возачи кои можат да изненадат . Едно е загарантирано ке има многу интересна борба за жолтата маичка, но и за другите маици.
Поздрав
http://uk.eurosport.yahoo.com/cycling/tour-de-france/
http://en.wikipedia.org/wiki/Tour_de_France
http://www.letour.com/
 
Фаворит неколку години по ред ми е Енди Шлек. Се надевам годинава конечно ќе заврши на крај со жолтата маичка...

иначе туров е интересен ради многуте работи кои се гледаат покрај трката :)
 
Том Бонен ми е фаворит, барем во спринтот, за вкупна победа и нема некои шанси.
А иначе мислам дека Контадор, после Џирото, ќе ја освои и оваа трета за него титула на Тур Д Франс.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите.
 
Том Бонен ми е фаворит, барем во спринтот, за вкупна победа и нема некои шанси.
А иначе мислам дека Контадор, после Џирото, ќе ја освои и оваа трета за него титула на Тур Д Франс.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите.
Четврта титула за Контадор, трета по ред на Тур де Франс иначе мој гаворит Шлек. И лани бев за него но go фати несреќа
ке биде интересно важно.
 
Порано повеќе го гледав, сега многу многу поретко .. Го обожавав едниот и единствен, Lance Armstrong.
 
Четврта титула за Контадор, трета по ред на Тур де Франс иначе мој гаворит Шлек. И лани бев за него но go фати несреќа
ке биде интересно важно.
Мислев на три по ред :))
Eве како изгледа цела трка:
lacarte.jpg


Иначе победник на првата етапа е Белгиецот Филип Жилберт од тимот на Омега Парма- Лото .Позади него беа Еванс и Хушовд, едниот ќе ја носи целената маичка, а Хушовд ќе биди во точкастата.
 
Фаворит неколку години по ред ми е Енди Шлек. Се надевам годинава конечно ќе заврши на крај со жолтата маичка...

иначе туров е интересен ради многуте работи кои се гледаат покрај трката :)

Ја највеќе затоа и го гледам :D
 
Том Бонен само овој го знам зверка е човекот спринтер за тој навивам колку да се рече и оној Контадор е добар ама неможе со Бонен
 
Им натепаа минута и нешто на контадор и Шлек
 
Штом Шлек и Контадор се со исто време нема многу значење таа минута во однос на другите ноо Еванс има предност од минута над нив а го знаеме Еванс секогаш до крај се бори за маицата и е некаде околу подиумот така да он може да им мати сметки на овие двајца но сепак мислам дека ке се јадам Шлек и Контадор за жолтата сите други се класа под нив и освен со некои бегови или на хронометри никој ке нема да им се приближи на овие двајца, во планините се неприкосновени а таму се решава трката
 
рано е да се коментира така :) сепак Мој ФАВОРИТ Е КОНТАДОР :)
Јас немав фаворит ама после тоа лани што се случи кога му падна ланецот на Шлек а Контадор тогаш повлече напред според мене тоа ептен педерски беше требаше да го почека затоа годинава сум за Енди Шлек :)
 
Јас немав фаворит ама после тоа лани што се случи кога му падна ланецот на Шлек а Контадор тогаш повлече напред според мене тоа ептен педерски беше требаше да го почека затоа годинава сум за Енди Шлек :)
се случува сеа и во многу други спортови се случувале несреќи ама противникот не запрал :( сепак ќе биде многу многу тешка и возбудлива трка
 
Aма добра предност си има сега Шлек над Контадор :)))))
 
Која звероња е овој Mark Cavendish секоја чест :D :D Убедливо најак спринтер :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom