Која е разликата од рутер и обичен WAN кабел?

  • Креатор на темата Креатор на темата Auditore
  • Време на започнување Време на започнување
A

Auditore

Гостин
Откако го имам интернетов отсекогаш сум користел обичен WAN кабел, денес потпишав договор со интернет провајдерот и ми дадоа бесплатен Wireless TP-LINK рутер, ми рекоа конектирај си го интернетот на ова и ако имаш и лаптоп ќе ти фаќа мрежа по дома.
Се е тоа океј, мене ме интересира како стојат работите Рутер vs WAN Кабел?
Што е подобро да користам и зошто, било какви коментари се добредојдени.
Инаку за оние што не ме разбрале мојот WAN кабел е оној директно од бандера што ти се уклучува во компјутерот.
И да, ќе заборавев, немам лаптоп, користам обичен компјутер.
Фала однапред.
 
Со рутер можеш да поврзаш до 4 компјутери и + да имаш бежична мрежа
 
Главната намена на Wirless рутерот е за безжично вмрежување на повеќе компјутери или пак мобилни телефони од поновите генерации во радиус од неколку десетици метри (зависи од моделот на рутерот) , иначе од рутерот немаш штета ке ти користи во иднина доколку користиш лап топ или уште еден компјутер.
 
Се е тоа океј, мене ме интересира како стојат работите Рутер vs WAN Кабел?
Не ти го сваќам прашањето...
Кратко појаснување: рутерот е направа со која се вмрежуваат компјутери. Жичано и безично, заедно. И делат една интернет конекција. Така да рутер и обичен кабел... е неспоредливо, нешто налик на баби и жаби :)

претпоставувам прашањето погоре се однесуваше на разликата помеѓу безжично споредено со кабел така? Ако ме прашаш мене, кабел си е кабел. Кој шо сака нека вели, особено кога станува збор за трансфер на податоци. Безжичниот е добар за мобилните уреди (телефони, лап-топ) ама за интернет и сурфање. Не би ти препорачал да префрлаш 20 гига безжично, од проста причина што е 3-4 пати побавно од кабел.
 
Да, прашањето ми беше тапа поставено али тоа ми беше целта да прашам.
Ја немам таков мобилен, ниту пак лаптоп, единствено нешто мислам дека е подобро да користам рутер отколку кабел е тоа што, кога утре ќе дојде прејак напон во кабелот од бандерата нема да го изгори компјутерот или мрежната картица туку рутерот, ако ме разбираш.
Затоа што еднаш компјутерот ми изгоре од прејак напон, дали беше од интернет или нешто друго не знам, важно изгоре.
 
Ја немам таков мобилен, ниту пак лаптоп, единствено нешто мислам дека е подобро да користам рутер отколку кабел е тоа што, кога утре ќе дојде прејак напон во кабелот од бандерата нема да го изгори компјутерот или мрежната картица туку рутерот, ако ме разбираш.
Ако дојди појак напон, можно е донекаде да те заштити рутерот, но не целосно... Така да ќе имаш и рутер и компјутер помалце. Најдобро кога грми кабелот од интернетот надвор од мрежата.
 
Што човек треба да си да те рокне гром преку кабелот од интернет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom