Почна одлично со постот па се посра.
Пардон, на јазикот.
Многу ми се допаѓа твојот пристап кон првиот дел, меѓутоа, легализација на бракот во Америка како и во куп други држави во Европа баш е/беше неопходен од правен аспект.
Префрлување на здравствено осигурување и наследство, примарно.
Црвената линија која ја повлекуваш, иако не се сложувам лично со истата, си е лично твоја и разбирлива, па затоа сувишна би била секоја дискусија која би ја имале на истата тема.
Но, последниот дел е тоа што ме изиритира. Кој се тие реални светски проблеми ?
Зошто логиката е дека проблемот ти чини многу поблиску кога ти си директно инволвиран во истиот. Нормално е тебе да не ти прави голема разлика промовирањето на геј правата, никогаш не си бил засегнат од истите. Тие што биле - знаат како им било и знаат дека биле третирани како граѓани од втор ред.
Гладот, војните, азилантите и бегалците се огромни проблеми, ама само затоа што гледаш од трета страна мислиш дека се најбитни. Кога ќе имаш проблем кој директно те тангира - истиот ќе ти изгледа најголем.
А за правата на жените во арапскиот свет имам пишувано куп пати, тоа е толку специфичен проблем што нема ни да можеме да дојдеме ние ни блиску до решение поради културолошката разлика. Колку сакаш законски регулирај ги правата на жените во некој делови од светот - културата во која што се растени им наложува морални вредности кои не им даваат целосна слобода, па така имаме случаи каде мајката си ја убива ќерката бидејќи ја силувале.
Треба да прочепкаш поубаво во моето посерување за да сфатиш појасно.
Функцијата на државата не е единствено да собира данок и пари од граѓаните (иако капитализмот е во тој фазон). Функција на државата е и овозможување на развој, унапредување на општеството и квалитетот на живот и правен, културен и национален поредок. Ако силниот аргумент за потреба од правно нормирање е зголемување на прилив од даноци на државата, прилив во државниот систем како здравствено осигурување и слично, тогаш си ги измешал малце работите за правна функција на државата.
Во право си, не сум засегнат од геј правата, ако ти си - good luck with that.
Не сум директно инволвиран ни од светскиот глад и правата на жените на блискиот исток... али повеќе ми е жал за тие луѓе и знам дека им е потребна поголема помош отколку на геј популацијата. (не можат легално да стапат во брак... boo hoo).
Морам да кажам дека е пресмешно ова што го кажа за културата на растење и моралните вредности. Ако гледаме така кажи ми ти каде во светот е културолошки и морално прифатено уште од историјата истополови бракови? Сигурен сум дека има негде, ама тоа не е САД и Европа, а дефинитивно не е Македонија! Според тебе значи џабе и да се регулира склучувањето на бракови меѓу исти полови во Македонија кога, те цитирам
„нема ни да можеме да дојдеме ние ни блиску до решение поради културолошката разлика“??
Нема да дебатирам за мој личен став, како јас нејкам ова или сакам тоа, истото важи и за личен став на други членови. Аргументирај ја потребата од регулирање на истополови бракови и како ќе биде животот за сите нас поубав, а не само за таа популација, во земјава. Доста е веќе насекаде гејови, права, еднаквост, претерано е. Не се врти светот околу нив (или вас можда).
Паради на гордоста.. зошто воопшто потребата од парадирање низ град - еве сме, еднакви сме, се сакаме, се лапаме, голи шетаме... тоа би било невкусно и да има парада на истополови љубовници ако шетаат голи, дигаат галама се лапаат и слично... Who cares?