Мали совети за голем домаќинлук

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
lenor, vanish, ariel i ves masina kaj mene vadat i najgolemi fleki

Освен флеки од нешто мрсно... Ујле, грес маст, нафта... или фарба... фарбата ако засуше ништо живо не ја ваде, дури и со разредувач има човек проблеми...
 
Како најлесно да го исчистите блендерот?
Откако ќе го исипете готовиот пијалок во чаша, блендерот веднаш ставете го во мијалникот, наполнете го со малку вода и додајте неколку капки детергент за садови. Потоа, вклучете го да работи околу 20 секунди. Откако ќе измине времето, исплакнете го со вода. Чистењето е завшено!
Како да ја чистите микробрановата печка?
Микробрановата печка може да ја исчистите за само 5 минути. По употреба, во печката ставете неколку влажни хартиени крпи и вклучете ја да работи на висока температура неколку минути. Пареата од мокрите крпи ќе ги омекне сите нечистотии на ѕидовите на печката, а кога температурата малку ќе падне со истите тие крпи избришете ја внатрешноста на печката.
Сол за отстранување на тврдокорни маснотии од тавата
Ставете неколку лажички сол на стврднатите маснотии и истријте со метална жица, па потоа исплакнете.
Лимон и вода за отстранување на тешки мириси
Во шолја со вода додадете пола шолја лимонов сок. Вклучете ја микробрановата печка на висока температура да работи од 3 до 5 минути. Исклучете ја и во печката ставете ја шолјата со течност да делува околу 10 минути. Оваа смеса совршено ги впива непријатните мириси. Истиот трик можете да го направите и со вашата рерна.
 
Веќе подолго време се мачев со сортирање и чување на зачините.
Денес после толку време бев до Џамбо и си купив мали теглички (околу 39 ден. е една). Тегличките се практични, зошто имаат дупки на горниот дел, па можете да наросувате зачини без премногу да ви се истури. Проблемот сега беше како да ги означам кој зачин во која тегличка е. Понекогаш не можеш да се сетиш на името на зачинот иако мирисот ти е познат. Ми текна. Ги исеков називите од кесичките на зачините и ги ставив под поклопецот. На тој начин нема никогаш да се одлепат, или пак можам да ја искористам теглата за друг зачин без да остане залепениот натпис на неа.
Еве вака изгледа сето тоа.

IMG_20140823_190907_778.jpg
 
Ај нека ме советува некој како да го исчистам платното од столиците. Темно е и ако ставам средство, или вода, веднаш остануваат флеки. Да полијам поголема количина на вода исто не е опција, затоа што нема да се исуши.
 
Ај нека ме советува некој како да го исчистам платното од столиците. Темно е и ако ставам средство, или вода, веднаш остануваат флеки. Да полијам поголема количина на вода исто не е опција, затоа што нема да се исуши.
Земи некое средство како Венишот што е, раствори го во вода и направи многу пења. Ќе земеш вреќа од компири (ваква ама празна :icon_lol: ) и со пењата од средството ќе го истриеш платното на столиците. Ќе биде малку мокро, само внимавај, пења треба многу да имаш за да не ги направиш утоп столиците. Јас така имам чистено рачки на двосед и тросед.
 
Ако ви се залепи полиестер на пеглата, ни случајно немојте да го испробувате оној трикот со сол. Ем солта ќе ви се залепи на пеглата, ем цела соба ќе ја посеете со сол.
 
Чистење тепих на лице место, без испирање? Некаде видов производ од Вениш баш за оваа намена, ама не можам да го најдам. Прифатливо ми е да го навлажнам добро, имам каде да сушам, ама не смее да се цеди вода од него.
 
b_311403226096112_00.jpg


Очила без диптер додека чистите. Можеби звучи смешно, ама еднаш ми прсна Арф во окото и оттогаш не фаќам сунѓер или четка без нив.
 
Чистење тепих на лице место, без испирање? Некаде видов производ од Вениш баш за оваа намена, ама не можам да го најдам. Прифатливо ми е да го навлажнам добро, имам каде да сушам, ама не смее да се цеди вода од него.
Не знам цена, но знам дека машинава чуда прави.
 
Да не знај некој “безболен“ начин за закачување ствари на ѕид, како на пример слики, без бушење во ѕидот или пак ковање шајки?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom