Мали совети за голем домаќинлук

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Напукнатата порцеланска чинија, ќе можете да ја „спасите„ ако ја зовриете во млеко 15 минути, на минимална температура. Доволно е млекото да ја покрие чинијата. Кога чинијата ќе се исуши, на неа нема да се гледа никаква пукнатини :pipi:

Како мислиш зовриете на минимална температура? :confused: Не знам на колку степени зоврива млекото, но си викам е отприлика околу 100 Ц. Се однесува на температура од над 100 Ц, или треба да постои чинијата во млако млеко?
 
Како мислиш зовриете на минимална температура? :confused: Не знам на колку степени зоврива млекото, но си викам е отприлика околу 100 Ц. Се однесува на температура од над 100 Ц, или треба да постои чинијата во млако млеко?
Во поголемо тенџере стави го порцеланскиот сад и преку него сипи млеко, ама да го прекрие. Полека нека се загрева до вриење и потоа остави го на намалена температура да поврие уште 15-20 минути. Порцеланскиот сад извади го од млекото дури откако ќе се излади.
 
- Садовите од емајл ќе ви бидат мазни и со чисти внатрешни страни - ако понекогаш во нив варите лушпи од компири.

- Ако дупчињата на тушот се затворени од каменец - најпрво исчеткајте го со остра четка, а потоа ставете го тушот во мешавина од оцет и вода.

- За да ја отстраните непријатната миризба од рацете по контактот со лук или кромид, истријте ги рацете со една чајна лажичка сол, помешана со малку вода. Тријте неколку минути и измијте ги рацете со ладна вода.

- За да ја зачувате убавата бела боја на оризот, додека го готвите во него додајте неколку капки лимон

- Многу е тешко да се измери точното количество мед кое го бара одреден рецепт, затоа што медот се лепи на површината на лажицата или шолјата.
Премачкајте ја лажицата или шолјата со малку маслиново масло. Така, медот ќе се лизга и ќе можете да го употребите целото количество што ќе го измерите.Исто така, можете прво да ја потопите лажицата во жешка вода, а потоа во медот.
 
Ја залепив пеглата на една блуза од полиестер по грешка :facepalm:, на неа сега има залепено делови од неа кои не излегуваат никако и стружи по малку кога пеглам. Пробав да ја загреам на максимум со надеж дека ќе се стопи тоа остатокот од блузата и да ја извадам со парче ткаенина со тоа што ќе ја истружам пеглата но тоа не функционира.
Совет како да ја исчитам, а да не ја изгребам одозодола тефлонската обвивка?
 
Понекогаш се случува една чаша од стакло да се заглави во друга, а ако енергично ги влечете, можете да ги скршите, а залудно ќе ги изгубите нервите и времето. Чашите ќе бидат веднаш разделени кога долната чаша ќе ја ставите во топла вода, а во горната чаша ќе наполните студена вода.

или сликовито прикажано

1349165038_2.jpg

--- надополнето: Oct 11, 2012 6:16 AM ---
и за да компирите не ’ртат во вреќата ставете едно јаболко

1349165003_1.jpg

--- надополнето: Oct 11, 2012 6:20 AM ---
кога го чистите аквариумот- не ја фрлајте водата, туку искористете ја за полевање на собните растенија оти изметот на рибите содржи азот и фосфор кој е полезен за растенијата

1349165028_5.jpg

--- надополнето: Oct 11, 2012 6:24 AM ---
Бананите не се чуваат во еден грозд- бананите одделете ги посебно една од друга - ќе бидат подолго свежи и исто така не смеат да бидат во еден сад заедно со друго овошје .

1349165020_7.jpg

--- надополнето: Oct 11, 2012 6:26 AM ---
Ако јајцата ги чувате во фрижидерот поставени со тапиот дел нагоре тие ќе останат свежи подолго време

1349164979_10.jpg

--- надополнето: Oct 11, 2012 6:32 AM ---
Доколку се сомневате во свежината на јајцата тогаш наполнете со вода отприлика 10 см еден сад и ставете ги внатре
Свежите јајца ќе останат на дното од садот.
Ако половина од јајцето е над водата - тогаш истото треба најскоро да се употреби
НО, доколку испливаат на површина- тие не се свежи и фрлете ги

1349164982_9.jpg
 
kakov e toj bishkov sapun?
Домашно направен сапун од бишкова маст и кожа, растопени со сода за сапун (натриум хидроксид). На пазарите се продава мислам...

Не е тешко да се напраа самио сапун, ама требе време, и место поодалечено оти ненормално смрде додека се варе.
 
Лимон и бишков сапун.. После тава крем, оти раците ќе ти станат како на гуштер кожата.
Пробано ама ништо а тоа бишков ако мислиш на свински и тоа пробано ама ефект 0
 
Пробано ама ништо а тоа бишков ако мислиш на свински и тоа пробано ама ефект 0
Еми не знам, тогај. На мен помагаше + пепел малку и песок и стругаш како ненормален.

Јас порано не се ни трудеех да ги мијам, додека само не излезе.
Друг пат со двојни ракавици да чушлеш...
 
Ај кажете некоја финта за остранување на мастики од алишта.. децава парче се праат...
 
Ај кажете некоја финта за остранување на мастики од алишта.. децава парче се праат...
Ги ставаш алиштата во фрижидер за длабок замрзнување.
Мастиката ке замрзни и ке стани крута што ја прави многу полесна за стружење од алиштата под услов да не е размачкана претходно. Ако е размачкана тогаш сметај ја како моден детаљ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom