Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.310
- Поени од реакции
- 34.711
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Мирсад Јонуз денеска на седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на македонија(ФФМ), што се одржа во Нов Дојран, е разрешен од својата функција.

Управниот одбор на Фудбалската федерација по долгата дискусија во однос на извештајот на селекторот на националниот тим, Мирсад Јонуз за постигнатите резултати во квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2012 година, донесе едногласен заклучок да не се прифати извештајот на селекторот.
Беше констатирано дека се прекршени и не се почитувани одредбите од договорот склучен со ФФМ за извршување на функцијата и поради тоа селекторот и стручниот штаб на А-селекцијата се разрешуваат едногласно.
Јонуз по негово барање поднесе усно образложение на доставениот писмен извештај и истакна дека не поднесува оставка на функцијата, а доколку биде разрешен од УО, правата ќе ги бара по правен пат согласно договорот.
На наредната седница УО ќе расправа за условите за избор на нов селектор.
Ние се чудиме со кој мозок воопшто беше поставен... Како и да е, сега кога се спасивме од Јонуз, кој е вашиот предлог за нов селектор на македонската репрезентација во фудбал?