Вицеви со наравоученија

  • Креатор на темата Креатор на темата Атеист
  • Време на започнување Време на започнување

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Возраст
62
Локација
Скопје
Си било некое зајче, се родило со црно триаголниче на ушето. И сите другарчиња го зезале.
Еден ден доаѓа кај татко му плачејќи и му вели, аман не можам повеќе, сите другарчиња ме зезаат што да правам.
Се мисли татково што да му каже и му вели, знаеш што ќе одиш кај пругата и ќе го ставиш увото на пругата, ќе помине возот и ќе ти го скине увото, ќе бидеш без уво ама нема да те зезаат другарите.
И отишло зајче на пругата ставило главата на пругата и возот му ја отсекол главата.

Наравоучение, Никогаш не губи глава поради црн триаголник.
:D
--- надополнето: Jun 13, 2011 7:13 PM ---
Некое врапче во голем студ преку зима замрзнало од студ и од гранката паднало во снегот. Поминува една крава и плес со лепешката право на врапчето. Од топлото врапчево се одмрзнало и почнало да прета, поминала мачката, го извадила и го изела

Наравоучение 1 : Кој те сере не значи дека ти е непријател
Наравоучение 2 : Кој те вади од гомна, не значи дека ти е пријател
Наравоучение 3 : Ако некогаш западнеш во гомна, ќути и сам ваѓај се
 
Требало некој човек да се жени.И се добро и отишле на посета кај старците на малата.Збореле што збореле,а таа имала ептен згодна сестра.И одеднаш ги оставиле сами двајцата(тест за да видат колку е верен).А таа цело време го канела во спалната му викала дој нешо овоа оноа,тој се мислел се препотуел и на крај се решил:Море еднаш се живее...и истрчал надвор.Кога оп пред врата стој таткото на невестата.и ајде честитки пофалби дека може да ја земе раката на ќеркаму.

Наравоучение:Секогаш чувајте ги кондомите во кола
 
Едно црвче лазе по земја и гледа еден сочен лист на дрво, и си вели да падне листон, што убав голем, да се најадам.
На дрвото едно врапче го гледа црвчето, и си вели нека го изеде листон, па ќе го зграпчам да се најадам.
А мачка стои на покрив и го гледа врапчето и си вели, нека го изеде црвчето, па ќе му се пуштам да го фатам.
И паднал листот, црвчето се најало, врапчето го фатило црвчето и се најало, а мачката се лизнува од покривот, низ олукот и право во бурето со вода.

Наравоучение, Што подолга е предиграта, „мацата“ е повлажна.
 
Putnik u balonu sa vručim zrakom je izgubio orijentaciju.
Spustio je balon niže i ugledao jednu ženu na tlu.
Spustio se jos niže i pozvao ženu:
- " Oprostite, možete li mi pomoći ? Obečao sam jednom prijatelju da ću se naći sa njim, ali ne znam gdje se nalazim."
Žena mu odgovara:
- " Nalazite se u balonu, otprilike 10 metara iznad zemlje, 49 stupnjeva 28 minuta i 11 sekundi širine, te 8 stupnjeva 28 minuta i 58 sekundi dužine."
- " Vi ste sigurno inžinjerka " - kaze muškarac u balonu.
- " Jesam ", potvrdi žena, " ali kako to znate ?"
- " Pa, sve sto ste mi rekli je tehnički korektno, ali ja nemam pojma što da radim sa tim informacijama, a činjenica je da još uvijek ne znam gde sam. Otvoreno govoreci, niste mi bili od prevelike pomoči, samo ste mi produžili putovanje."
Žena mu na to odgovori:
- " Vi sigurno radite u menadžmentu !"
- " Da ", odgovara čovjek iz balona, " ali kako Vi to znate ???"
- " Tja ", odgovara žena, " niti znate gdje ste, niti kuda idete. Dospjeli ste na visoku poziciju prije svega pomoču velikog napuhavanja. Dali ste obečanje prijatelju, a da nemate pojma kako čete ga održati, a očekujete od ljudi ispod vas da riješe vas problem. Činjenica je da ste sada u istoj izgubljenoj poziciji kao i prije našeg susreta, ali sada nekako ispada kao da sam ja kriva za to !!!"
 
Си биле две цвеќиња во пустина. Фатило суша и почнало да им снемува вода. Едново скоро да пресуши му вика:
- Дај бе малце вода, ќе умрам
- Не, не ти давам, одговара другово
И после некое време првото цвеќе угинало. Арно ама сушата продолжила и по неколку дена и другото цвеќе угинало.

Наравоучение: И да даваш, и да не даваш, пак ќе си умреш.
 

Иван сметал дека е паметен и ја замолил учителката да оди директно во средно, а оваа рекла дека треба да прво да го тестира директорот.


Директорот: Ајде Иван да видиме, 3×4?


Иван: 12


Директорот: 6×6


Иван: 36


Директорот: Главен град на Јапонија?


Иван: Токио


Тестот продолжил и по половина час Иван не згрешил, на крајот директорот е задоволен, но учителката сака да го праша нешто Иван.


Учителката: Добро Иване, кравата ги има четири, а јас ги имам две, што е тоа?


Иван: Нозе учителке.


Учителката: Точно Иван. Што има во твоите панталони, а во моите го нема?


Директорот е изненаден од ова прашање.


Иван: Џебови учителке, џебови.


Учителката: Точно. Каде жените имаат највиткани влакна?


Директорот на ова прашање се подготвува да интервенира, но Иван одговара. па во Африка учителке.


Учителката: Што е меко а во рацете на жената станува тврдо?


Директорот ги кокорил очите, ама Иван одговорил, Лакот за нокти учителке.


Учителката: Што е тоа што мажите и жените го имаат на средината од нозете.


Иван: Kолена учителке.


Учителката: Што кај мажените жени е пошироко отколку кај немажените ?


Директорот после ова прашање не може да им поверува на своите уши, но Иван одговорил, креветот ушителке.


Учителката: Кој дел од моето тело е често највлажен?


Иван: Вашиот јазик учителке.


Учителката: Кој збор почнува на буквата п, а означува нечто што може да биде влажно или суво и што мажите сакаат да го гледаат?


Иван: Пат


Директорот без здив целиот жива вода од пот, го прекинува тестирањето и вели, Нема да те пратам во гимназија туку директно на факултет!

Наравоучение: Човек со годините станува перверзен. :)
 
Некое коуче се загубило во џунглата талкајќи така налетало на еден куп коски. Во еден момент забележало дека го демнее еден лав па почнало да зборува со коските : Ех ама ми се слатки лавовите од каде ли да си најдам уште еден да се заситам! Лавот го слушнал и избегал. Целото ова го гледал еден мајмун и побрзал на лавот да му ја каже вистината. Кучето ја забележало намерата на мајмунот седнало и стрпливо чекало . Кога лавот се враќал кучето рекло : Ајде бре каде е лавот од кога го пратив мајмунот да ми го донесе!?
Наравоучение 1: Мудроста е највредното нешто што го поседуваш
Наравоучение 2: Секогаш ќе има некој мајмун да ви ги помеша плановите
 
Некое коуче се загубило во џунглата талкајќи така налетало на еден куп коски. Во еден момент забележало дека го демнее еден лав па почнало да зборува со коските : Ех ама ми се слатки лавовите од каде ли да си најдам уште еден да се заситам! Лавот го слушнал и избегал. Целото ова го гледал еден мајмун и побрзал на лавот да му ја каже вистината. Кучето ја забележало намерата на мајмунот седнало и стрпливо чекало . Кога лавот се враќал кучето рекло : Ајде бре каде е лавот од кога го пратив мајмунот да ми го донесе!?
Наравоучение 1: Мудроста е највредното нешто што го поседуваш
Наравоучение 2: Секогаш ќе има некој мајмун да ви ги помеша плановите
http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/8828
 
Решил Ѓаволот да се жени, ама само под услов невестата да е девица.
Така ѓаволот трнал во потрага.
Отишол прво во сите универзитети и факултети, ама таму немало девица.
Продолжил да бара во сите средни школи, ама ни таму не нашол.
Изморен оди во сите основни и од 5 до 8, пак немало ниту една девица.
Веќе истоштен оди во 4-одд и за среќа, едвај наоѓа една девица и се жени со неа.

Наравоучение: Еб*те се деца, да не ве земе ѓаволот.
 
Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила.

Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривајќи ги своите прекрасни колена.
По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Таа го погледнала и му рекла:
- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?
Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но, по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката.
- Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?
Тој уште еднаш се засрамил:
- Проштевајте сестро, телото е грешно.
Калуѓерката стигнала до манастирот а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. А тој гласи:

- Оди напред и барај, продолжи и ќе го спознаеш врвот на задоволството.

Наравоучение: Доколку не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјајни прилики.

Паднала мравката во една дупка, поминал слонот и ја прашал ти треба помош?
Да ми треба, - одговорила мравката.
И оти му бил долг на слонот го пуштил надолу и ја извадил мравката.
Поминало време, сега слонот паднал во истата дупка почнал да вика и да бара помош. Поминала мравката и му рекла да почека за да го извади од дупката.
- Како ќе ме извадиш кога твојот не можам ни со микроскоп да го видам?
Но мравката ја запалила колата пуштила сајла и го извлекла слонот.
Наравоучение: "Не е важно дали ти е голем или мал важно е кола да имаш".
 
Трпе и Трпана славеле 35 години брак. Наеднаш се појавила добрата вила и им кажала:
- Вие сте среќниот пар денеска, ќе ви исполнам по една желба.
- Ја сакам со Трпе да патуваме на некое егзотично место - рекла Трапана. И веднаш во рацете и се појавиле две авионски карти.
Дошло ред на Трпе.
- Знаеш што, стварно моментов е многу романтичен, ама ваква шанса не се пропушта, јас сакам да имам жена 30 години помлада, извини срцка!
И тогаш добрата вила го направила Трпе 90 - годишник.
Наравучение: Добрата вила сепак е женско!
 
Се натпреварувале Словенец, Босанец и Македонец кој ќе може за 5 минути да си ја испегла облеката, да јаде и да си ја исекса жената.

Словенецот почнал да пегла, пеглал пеглал испеглал, се фатил да јаде и времето му истекло.
Босанецот првин почнал да јаде, се најал убаво, таман почнал да пегла, времето му изминало.
Македонецот, зел да ја секса жена си, и’ ја дал пеглата да му ја испегла облеката, а со едната рака зел да јаде.

Наравоучение?

Словенецот ако не е уреден, нит седнува да јаде, нит мисли на секс.
Босанецот ако не е најаден, нит му е до уредност, нит до секс.
Македонецот, ако не го секса оној што работи за него, нема леб.
 
Некоја жена берела во шумата разни плодови за таа и мажот да може да преживеат. Кога еден ден видела жаба фатена во стапица.

Жабата и рекла: "Доколку ме ослободиш ќе ти исполнам три желби". И жената нормално ја ослободила жабата, а жабата тогаш и вика: "Ти благодарам, но заборавив да ти кажам дека овие желби доаѓаат со услов, а условот е се што ќе посакаш ќе ти го остварам, ама на твојот маж ќе му го остварам десет дати повеќе".
"Во ред е рекла жената". И така за првата желба, жената сакала да биде најубава жена на цел свет. Жабата пробала да ја предупреди дека така нејзиниот маж ќе стане најубавиот на цел свет и ќе биде како бог и сите жени ќе го посакуваат.
"Да, јасно ми е", одговорила жената. "Но и јас ќе бидам најубавата на цел свет, така да тој пак мене ќе ме сака". После ова жабата прави АБРА-КАДАБРА и таа станува најубава жена на светот.
За втора желба, жената посакала да биде најбогата жена на цел свет. Жабата пробала да ја предупреди: "Но така твојот маж ќе стане најбогатиот маж на светот и ќе биде десет пати побогат од тебе". "Знам, но што е мое, тоа е и негово, а што е негово тоа е мое ", одговорила жената. Жабата пак прави АБРА-КАДАБРА и таа станува најбогатата жена на светот.
Сега жабата ја прашува жената за нејзината трета желба, а оваа и одговара: "Сакам да имам благ(мал) срцев напад".
Поука од приказната: Жените се итри. Не се расправајте со нив.
Внимание до сите женски читатели: Ова е крајот на приказната за вас. Застанете овде и продолжете да се чувствувате убаво.
Машки читатели: Скролајте подоле за да го дочитате крајот на приказната.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Мажот имал срцев удар 10 пати поблаг (помал) од неговата сопруга.
Поука од приказната: Жените се навистина магловити, но сметаат дека се многу паметни. Дозволете им да продолжат да мислат така и уживајте во шоуто.
П.С. Доколку сте жена и сеуште го читате ова, тоа само докажува дека жените никогаш не слушаат!!!

:D:D:D:D:D:D:D

Блажо сакал да се секса со Мара од сметководството, арно ама таа имала дечко...
Еден ден Блажо станал многу нестрплив, па отишол до неа и и рекол "Маро, да ти дадам 100 евра, а ти да ми дадеш да те по*бам!" Но Мара го одбила.

Блажо рекол, "важи ли за 200 евра, ќе бидам брз. Ќе ги оставам парите на подот, ти ќе се наведнеш и ќе завршам пред да ги собереш парите од подот..."

Мара после ова за момент се замислила и рекла дека мора да се посоветува со својот дечко! Му се јавила на дечкото и му го кажала предлогот.

Дечко и го слушнал предлогот и и рекол, "Прифати ја понудата, собери ги парите мнооогу брзо, за да нема време ни панталоните да си ги соблече!"

Тогаш Мара се полакомила и ја прифатила понудата. Поминал пола саат, а дечкото ја чекал да му се јави Мара... Конечно, по 45 минути, тој и се јавува и ја прашува што се случило?

А Мара посрамотено му одговара "Свињата употреби монети!"

Деловна лекција: Секогаш провери ја деловната понуда во целост и во детали, пред да се полакомиш и да наебеш!

:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D
Блажо влегол да се тушира откако Мара завршила. Во тој момент заѕвонил некој на вратата. После неколку минутна расправија кој да отвори, Мара попуштила,
брзо ја облекла бањарката и ја отворила вратата...

На вратата стоел комшијата Перо.
Перо зачуденo ја гледал и и рекол:
- Ќе ти дадам 800 евра ако ја соблечеш бањарката.
После кратко размислување Мара ја соблекла бањарката и застанала пред Перо.
Перо и дадил 800 евра и си заминал.
Мара збунета си ја облекла бањарката и ја затворила вратата.
Блажо викнал на цел глас:
- Маро, кој беше?
- Перо комшијата, одговорила.
- Супер, да не ги врати парите кои му ги дадаов вчера?
- !?!?!

Поука: Доколку важните информации не ги споделите со своите акционери - тогаш може и вас да ве снајде ова.
 
ВИЦ : СТУДЕНТОТ ЃЕРАСИМ ЧИСТАЧ ВО MICROSOFT

Ѓерасим како и повеќето студенти додека бил на студии барал некоја работа да закрпи месецот. Не дека бил некој сјаен студент, просечен, ама го сакал студентскиот живот, а за тоа треба и парички па се решил да бара работа.

И така се пријавил Ѓерасим на конкрусот за работа во Microsoft како "чистач на WC". Директорот го примил на разговор во неговиот кабинет и после кратко време му рекол:

-"Примени сте, само оставете ми го e-mail -от за да можам да ви го ипратам договорот".
Ѓерасим, збунет му одговорил дека нема е-маил. На тоа директорот одговорил: "Жал ми е, ако немате e-mail, виртуелно значи дека не постоиш, и не можам да те вработам".

Ѓерасим разочаран излегува од седиштето на Micrsoft. Со 10 долари влегува во еден супермаркет и си купува гајба јагоди. За кратко време од стан во стан Ѓерасим ја распродадел гајбата јагоди и спечалил 60 долари.
Тогаш сватил дека со овој систем може да преживее.

И така секоја ден распродавал по 3 гајби јагоди. Работел така една година и со парите што ги спечалил си купил старо камионче. После 5 години станал сопственик на 10 камиони и отворил шпедиција.

Тогаш помислил на иднината на своите деца и решил да го осигура својот имот. Повикал агент за да може да потпише полиса на осигурување. Агентот на крајот од разговорот го прашал дали има email за да му ја испрате полисата на mail.

Ѓерасим му кажал дека нема, на тоа агентот одговара: "Многу чудно, немате email а успеавте да направите империја. А замислите ако сте имале email што би биле сега во моментот."
Студентот се замисли, и на тоа му одговорил: ".... Ако имав email ќе бев чистач на WC во Microsoft".

Заклучок:
Интернетот не ги решава сите проблеми во животот.
 
Си биле еден штурец и една мравка. Тие биле добри пријатели. Цела есен мравката вредно работела и собирала храна за зимата. Не се сончала, не уживала во вечерното зајдисонце ниту пак трошела време на седенки со пријателите пиејќи пиво после работниот ден. За тоа време штурецот само пеел по градските барови со пријателите , не се изморил ни минутка, пеел и преку целата есен, играл, се сончал, уживал бескрајно негрижејќи се за ладното време кое допрва доаѓало.

Дошла зимата и малата мравка изморена од напорната работа се повлекла во својата куќичка преполна со храна, Касно вечерта некој тропнал на вратата и кога мравката отворила, за изненадување, го видела својот пријател штурец, во ферари и скапоцена крзнена бунда.

Штурецот рекол: -Замисли, минатата недела пеев во еден бар и еден продуцент ме слушна и му се допадна мојот глас... Потпишав договор за шоу во Париз. А, ти сакаш ли нешто од Париз?

Да, - рече мравката. Ако го сретнеш Ла Фонтејн, речи му да оде у п.м...од мене....

Наравоучение: Искористи го животот, работиумерено и забавувај се, затоа што претераната работа носи корист само во басните на Ла Фонтејн. Работи, но уживај во животот, затоа што е само еден. Ако не си го пронашол своето парче портокал, не барај го, земи лимон, стави шеќер, додај лед и коњак и биди срекен. И сети се: Ако живееш само за да работиш од тоа ќе има корист само.........твојот газда!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom