Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Чудно ми е зошто некои не сфаќаат дека мора да се протестира вакви работи ! Ако сега се премолчи за ова ќе се премолчува и за секој нареден случај како што беше до сега !
Гледам назад имаше постирано случаи на насилство од џандари и с од 2006 година па до сега некаде околу 10тина беа.
Јас гарантирам дека најмалку 10 случаи на насилство од џандари се случуваат во еден месец ! Само од страв не се објавувани или се објавени ама заташкани.
Нека се расформираат Алфите и нека направат нова единица која ќе биде со образовани луѓе, вистински професионалци во својата струка , а не како сега криминалци и поранешни затвореници.Ако ги нема Алфите кој ќе ги лови тешките криминалци?
Незнам дали може да стојат сликите туку сепак ќе ги ставам па ако мислите дека има политика во нив слободно бришете.
![]()
![]()
Не лаже, точно е дека пробаа да заташкаат.
Јасно е кој лаже тука и на која страна е. Се обидуваш да извртиш работи...во ред, поелоквентно од некои други тука, но содржината е таа. Земени биле искази и што? Нормално дека се земани искази. Секако оставка на официјални лица кои прикриваа докази (изјави дека немало траги на насилство), изјави дека човекот умрел на клупа, негирање на убиството...сето тоа за некого е недоволно за оставка...
Ах, еве го и спин-мастерот да се јави.
Котевски не треба да дава заклучоци. Но не смее ни да лаже. Како може да каже дека се работи за ненасилна смрт кога семејството од модрици едвај со ги позна синот и како може да кажат дека е несреќен случај? Како може 2 дена да не се јават на родителите да им кажат дека знаат што се случило со нивниот син. Па и да немал дечкото лична карта во себе, ќе нашле начин да го идентифицираат, МВР се да му ебам мамата.
Ако ги нема Алфите кој ќе ги лови тешките криминалци?
Ако ги нема Алфите кој ќе ги лови тешките криминалци?
НИШТО, ама БАШ НИШТО не може да оправда прекумерна употреба на сила, злоупотребување на службена должност и убиство, и обид за заташкување на убиството и уништување докази.