T
Tetro
Гостин
Како е можно.....? 
Е, можно е.... Нема тема за трчање, или до моето пребарување е, кое не дава резултати за ваква тема.
Еве интересантна вест поврзана со трчањето на кратки патеки:
Геј истрча 9,79 сек. во Флорида
Американскиот рекордер Тајсон Геј ги истрча најбрзите 100 метри сезонава, забележувајќи време од 9,79 секунди на атлетскиот митинг во Клермонт, Флорида. Трката на Геј се случи само неколку часа пред неговиот тренинг-партнер Стив Малингс од Јамајка да отспринтува до 9,80 сек. на митингот „Прифонтејн класик“ од Дијамантската лига во Јуџин, Орегон. Малингс го имаше најдоброто време сезонава од 9,89 сек. пред саботниот митинг на Флорида.
Времето на Геј беше постигнато во прелиминарната трка во рамките на серијата „НТЦ спринт“. Според официјалните резултати, тој не настапил во финалето.
Јамајканецот Јусеин Болт е сопственик на светскиот рекорд од 9,58 сек. Американскиот рекорд на Геј е 9,69 сек.
Својот прв настап во годинашната Дијамантска лига Геј треба да го има во Њујорк в сабота.
#