Кога ќе се реши проблемот со велосипедските патеки?

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
На Скопје и те како му фалат велосипедски патеки, точно обележани, средени, како што е секаде во Европа. Па добро бе да му ебам мајката, никоја од владиве не успеа да го реши тој проблем? Не дај боже да тргнеш некаде со точак, мораш да се соочиш со милионите дупки во градов, ко да си тргнал да возиш MTB, не да стигнеш до негде. Исто така има милиони коли испопаркирани на места каде што не треба да бидат и на коишто треба да помине пајак и да ги среди. Едноставно сме принудени да се избацуваме буквално на прометни улици ставајќи се самите себеси на ризик да не налета некоја будала и да не собере. Би ве замолил само дискусијата да не тргне на партиско-предизборна основа од типот " EEEEEE НАШИТЕ ШТО НАПРАВИЈА, ВАШИТЕ НИКАД НЕМА, Вмро вети ќе напраи, СДСМ исто итн...".
 
Кај нас велосипедски патеки ќе се изградат само како донација од Шведска/Холандија, од нашиве не очкувај ништо.
 
Во голем дел од скопјето нема место за тротоар а не за тротоар + велосипедка патека :)
 
скопјево е само за авантуристички велисипедисти кој преферираат да се губап по гужвиве и чат-пат да бидат лупнати од кола/автобус/камиот (последниве две недај боже) xD. скопјево сеуште нема услови за возење велосипед за да стигнеш од точна А до точка Б туку само како рекреација по кеј. во аеродром приметив дека почнаа да цртаат црвени линии кој се само за велосипедисти но тие линии испаднаа како црвен тепих и сите сакаат да глумат фаци па да се шетаат по нив, а и премногу се тесни за некој сериозно да помисли дека тоа се уствари велосипедски патеки. ипак, мислам дека има и добра страна од џунглава, тоа што стануваме повеќе претпазливи додека возиме со што ни се зголемуваат рефлексите а така стануваме и психички појаки, а не само да си вежбаме рефлекси на некакви си логички игрици и да возиме само онака пополека по обележани патчина на кој што нема ништо интересно. па ни треба и малку адреналин :)

можеби ова за некој нема мн смисла но ког
 
Еднаш требаше да се вратам од Центар до Влае со точакот, смрт ми беше. Не е проблем далечината, туку немањето простор

На тротоарите испопаркирани коли, да возиш по крајот на улицата ќе те собере некој, или па додека правиш качи се на тротоар симни се ќе изгубиш доста време и така е тоа....Не прават ништо во врска со тоа а забранија цигари за пушачиве, демек мислеле на здрав живот :rolleyes: Мислам дека и кога го конструирале градов не планирале велосипедски патеки.
 
Тие што ги нарекувате тротоари во случајот по главните булевари како Партизанска се велосипедски патеки. Само што кај нас се нема култура и истите се запуштени. Се на се луѓево не се запознаени сите булевари си имаат велосипедски патеки и патеки за пешаци во внатрешноста меѓу жардинерите каде што многумина возат во тој дел.
И раскрсниците ги обележаа со црвена боја ама ете како што кажав народот слабо е запознаен и слабо се вклопува па во исто време потребни се и кампањи за едукација.
 
Мене што особено ме нервира е неписменоста на народов за стазите покрај Вардар што се. Секаде на стазите убаво си е нацртано дека е за точак (добро и за ролери), ама луѓе упорно шетаат по нив, па уште и ко ќе им свирнеш добиваш пцуење. Значи невероватно нешто. Пред некое време излегле на стаза 5 фраери со мало кученце, и не шетаат по делот за шетање доле покрај стазата, каде што има трева, или пак горе по бекатонките, него точно на стазата бе, морав да ги заобиколувам јас по трева со точак. Како што кажа Supervisor, неопходна е едукација, а и по некој џандар на точак.
 
Мене што особено ме нервира е неписменоста на народов за стазите покрај Вардар што се. Секаде на стазите убаво си е нацртано дека е за точак (добро и за ролери), ама луѓе упорно шетаат по нив, па уште и ко ќе им свирнеш добиваш пцуење. Значи невероватно нешто. Пред некое време излегле на стаза 5 фраери со мало кученце, и не шетаат по делот за шетање доле покрај стазата, каде што има трева, или пак горе по бекатонките, него точно на стазата бе, морав да ги заобиколувам јас по трева со точак. Како што кажа Supervisor, неопходна е едукација, а и по некој џандар на точак.
Ауу да, дефинитивно, исто кога ќе видам се помкнале цела фамилија, со мали деца на точачиња со 3 тркала и кочат се. Еднаш ме изнервираа им реков, децата шетајте си ги у парк, не тука...
 
Picture 139.jpgPicture 140.jpgPicture 141.jpg
--- надополнето: 1 април 2013 во 23:47 ---
Picture 137.jpg
--- надополнето: 1 април 2013 во 23:49 ---
Picture 142.jpg
--- надополнето: 1 април 2013 во 23:51 ---
Автокоманда - влезот на Скопје ( Скопје е од Катланово до Волково)
Брука. Срамотилаци.
ЕЈ ? КОЦЕ го гледаш ли ова.
 
ај на наредните локални можда ;)
 
Џабе коа ние од Балканот пак ќе возиме бицикл на сред улица :icon_lol:
 
Ако не сака брегот кон Мухамед, тогаш Мухамед ќе му пријде на брегот.
Јас ќе почнам процедура за да емигрирам во Холандија или Данска.
Ти што направи за Македонија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom