Internet Explorer VS Firefox

  • Креатор на темата Креатор на темата Драган
  • Време на започнување Време на започнување

Кој инетернет browser е подобар ?

  • Ineternet Explorer

    Гласови: 27 10,8%
  • Mozilla Firefox

    Гласови: 224 89,2%

  • Вкупно гласачи
    251
Статус
Затворена за нови мислења.
Vnuce напиша:
Јас како што знам, IE-то има само една функција.. да отвориш Мозила сајтот и да симнеш Firefox :) :) :)


тука си у право Firefox e 100 пати боље од IE :aplauz:
 
Vnuce напиша:
Јас како што знам, IE-то има само една функција.. да отвориш Мозила сајтот и да симнеш Firefox :) :) :)
Ке умре некое магаре јас ви викам - и внуче е еднаш во право
 
Се разбира:
Огнената лисица.
 
deXterche напиша:
Лисицата, само ради plug in-ите, иначе ресурси црпи ненормално
со 10 табови.
Не знам досега дали си нагазил на вакво нешто ама овој проблем е веќе минато:
Познато е дека Mozilla Firefox е еден од Интернет прелистувачите кој нуди најдобар начин на прелистување по табови, но исто така е познато дека по 10 отворени табови Firefox знае да почне да станува многу проблематичен. Еве два многу корисни начини да ја намалите мемориската потрошувачка на Mozilla Firefox.

Многу актуелен и се попопуларен е т.н. minimize hack за Mozilla Firefox кој има за цел да ја преполови вредноста на меморијата што Mozilla Firefox ја присвојува додека работи. Станува збор за релативно едноставна процедура на додавање на непостоечка вредност во about:config регистарот на Firefox. Еве како и на вашиот Firefox да му го направите т.н. minimize hack.
Додека работите во Mozilla Firefox, отворете нов таб. Во адресната лента, внесете about:config. Ќе ви се отвори регистарот со сите постоечки подесувања на Mozilla Firefox, од кој во овој случај не треба ништо да бришете, туку ќе треба нешто да додадете. Со десен клик на било кој дел од about:config регистарот, од лебдечкото мени изберете New и потоа Boolean. Со тоа создавате нова променлива величина која ќе има за цел да ја контролира меморијата што ќе ја користи Firefox во текот на својата работа. Следниот чекор се состои од внесување соодветно име за штотуку создадената променлива. Името се внесува во ново отворениот прозорец, а инаку треба да гласи: config.trim_on_minimize. Изберете OK и во следниот дијалог прозорец изберете ја вредноста True. Рестартијате го Mozilla Firefox, отворете десеттина интерактивни веб сајтови, повикајте го Task Manager-от во Windows и видете колку помалку меморија сега користи firefox.exe, како активен процес од листата системски процеси во Task Manager-от.
Сепак си уште не сте готови. Постои уште една грешка или за некои предност во Mozilla Firefox, која во нашиов случај ќе ја корегираме за да заштедиме на системската меморија. За да ви овозможи да ги користите командите back и forward во рамките на еден прозорец, Mozilla Firefox мора да ги памети претходно отворените страници, за што повторно нескромно посегнува по системската меморија. Ако ја смениме постоечката вредност за соодветната променлива тоа може да се промени. Со таа цел повторно се упатуваме во about:config регистарот на Mozilla Firefox. Повторно отвораме нов таб и внесуваме about:config во адресната лента. Овој пат ја бараме integer вредноста browser.sessionhistory.max_total_viewers која по правило во сечиј неменуван Firefox регистар е означена со -1. Ќе ја промениме таа вредност на нула, со двоен клик на името на конкретнава функција и внесување 0 (нула) во ново отворениот дијалог прозорец. Потврдуваме со клик OK. Потоа го рестартираме Firefox, повторно отвораме неколку богати веб сајтови, го повикуваме Windows Task Manager и следиме што се случува со процесот firefox.exe.
Не се случуваат никакви чуда, само што firefox.exe како процес, користи уште помалку системска меморија, од пред извршувањето на оваа измена.
А еве го мојот коментар за оваа тема.
firefox.jpg
 
Фала, ама веќе го имам направено..сепак не е то..то
 
Не знам ама мене ми заштеди 100МБ РАМ...прво ми дигаше до 150МБ, сега со овој хак така да го наречам максимум иде до 50-55МБ, idle е 10-15МБ.
 
Ма не ти треба хакови за да ослободиш меморија ако имаш Opera нај-брзиот браузер во светот. А што се однесува до Firefox не е лош но неможе да се спореди со Опера-та во ништо !!! Брзина,сигурност ..... единствена предност на Лисицата е дополненијата(Extensions) мада, они се чисто за играчка, и луге шо немаат работа да има со што да се занимават. Па, добро Компјутерот е за секакви работи. А некој што го интересира што точно се мааните на Лисичката - многу се (плугини, оптеретува меморија, процесор, проблеми при вчитување на Java скрипти-некои, нема ActiveX, на страничките со кракови и сериски обавезно блокира (и ги знаат маните)).... А пак за Експлорер да не зборам(ни 15 сек. не си сигурен на интернет) .... И Операта си има маани - не е за лаици за разлика од Лисичката. Но сепак не може се да е перфектно.
 
Orion2 напиша:
Ма не ти треба хакови за да ослободиш меморија ако имаш Opera нај-брзиот браузер во светот. А што се однесува до Firefox не е лош но неможе да се спореди со Опера-та во ништо !!! Брзина,сигурност ..... единствена предност на Лисицата е дополненијата(Extensions) мада, они се чисто за играчка, и луге шо немаат работа да има со што да се занимават. Па, добро Компјутерот е за секакви работи. А некој што го интересира што точно се мааните на Лисичката - многу се (плугини, оптеретува меморија, процесор, проблеми при вчитување на Java скрипти-некои, нема ActiveX, на страничките со кракови и сериски обавезно блокира (и ги знаат маните)).... А пак за Експлорер да не зборам(ни 15 сек. не си сигурен на интернет) .... И Операта си има маани - не е за лаици за разлика од Лисичката. Но сепак не може се да е перфектно.
Ај да неодам офтопик ама...
Добра е операта, неможам да речам не, ама едноставно не ме привлекува, ко алергичен да сум на неа :icon_lol: Јадењето на меморија(кај лисицава) веќе е минато, а тие мани што ги наброи беа во 1.0 верзијата, си ја пробал 1.5.0.3 верзијата? Кај мене операта прави проблеми со анимациите (идат пребрзо)....
 
deXterche напиша:
Ај да неодам офтопик ама...
Добра е операта, неможам да речам не, ама едноставно не ме привлекува, ко алергичен да сум на неа :icon_lol: Јадењето на меморија(кај лисицава) веќе е минато, а тие мани што ги наброи беа во 1.0 верзијата, си ја пробал 1.5.0.3 верзијата? Кај мене операта прави проблеми со анимациите (идат пребрзо)....
Го имам пробано и Firefox 1.5.0.3 брат и истата работа со истите маани, машината ми е со иститата конфигурација на кој што се правени тестовите за надобар интернет браузер(PIII 800Mhz,256MB Ram......).Не се гледаат само дополненијата што ги имаат или шминката туку брзна на ладен старт, брзина на отварање на страници, спајвер заштити............ .
Добра страна а Firefox е што е со отворен код и затоа има голема подржка од Линкус дистрибуциите. Инаку јас користам Линукс-че и оди со Firefox во него и кога ке инсталирам Операта пак побрзо работи , дури и под Линукс.
П.С. Дефинитивно се во право што не ја прават Операта со отворен код оти како по навика Микрософт ке украдат нешто за да останат на ВРВОТ и сите да мораат да ги користат нивните глупости.
 
Мозилата е најбоља. Побрз пристап , поп-ап блокер , add-ons и тн.
 
Ja koristam Mozilla . Pobrz e i ima dobar pop-up blocker:bravo:
 
Firefox е надобар browser. Најбрз е, има pop-up blocker, плугинови колку сакаш и какви сакаш, а за маните ако си искусен можиш да си ја конфигурираш, па ќе биде уште подобра. Инаку сум пробал многу browser-и , Opera ми ја загушуваше и така бавната врска па никогаш веќе не би ја користел, IE е бавен како полжав и полн е со дупки, Netscape се базира на ист код као и Firefox, ама бидејќи е поврзан со AOL е многу комерцијално ориентиран блокира секакви pop-up и advert освен тие на AOL. Firefox ми нема правено проблем со никакви страници па и оние за кракови. Праве пробрем само со оние страници што се специјално кодирани за IE, ама денес такви страници има се помалку. Firefox is the best,a lot better than the rest.
 
Подобар од Firefox нема.Имам читано дека сега и IE ке го копираат Firefox и ќе направат кога се отвараат страните да не отвараат нови прозорчиња доле туку исто како Firefox во броузерот ќе се отвараат. Јас мислам дека малку прекасно им текна на Микрософт да го направат тоа
 
интернет експлорер е најкористен бидејќи тие што го користат незнаат дека mozila firefox воопшто постои. Едноставно го користат компјутерот за листање веб страни и не сакаат да знаат ништо освен тоа. Да знаеа нешто повеќе Mozilla одамна ќе го преминеше IE.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom