Брак набрзинка

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе цитирам една мислам ..

"Ozenices se nabrzinu, kajaces se natenane"

мислам има вистина во ова :pos2:
ГОЛЕМА ВИСТИНА !!!

за јас конкретно да стапам со некоја во брак треба да ја познавам де.. од кај знам каква ке ми се погоди. брак после месец два три некако не ми е на сигурна нога, ипак теба да се знаат и некои други работи за животниот сопатник пред да се стапи во брак... има случаево кај шо иделе и по година две и се е лизни мазни а коа ке стапат у брак тоа е пекол.. значи треба да се проценат и да се согледаат добро некои работи!!!
 
Koга ја видов темата се сетив на моја другарка која сега живее во странство со маж и.
Значи типката со него одеше 4-5 дена и се омажија.Остај тоа постар беше од нејзе 14 години.Кога слушнав не ми се веруваше.Не се надевав на неа од тоа.

Тие бракови се ризични.Како прво и прво идните сопружници треба да се запознаваат полека а не така одеднаж.Од каде да знае во која кука ке оди:nesvest:
Од каде да знае каква и е свекрвата и свекорот.
Во тоа семејство кај што отиде другарка ми и не ги бие баш добар глас.
 
Родителите на една моја пријателка се знаеле само 8 дена пред да стапат во брак па еве сеуште се заедно и супер им е :wink: Никогаш не вели никогаш.
 
Па да има 100000000000000$ во џеб и да умира по мене, па хммм за 10 минути ќе ја правам најголемата свадба на светот!!!
 
Конкретен, вистински и тазе пример: моја другарка која е во врска со човек неполн месец, а се виделе вкупно не повеќе од 10 пати. Човекот и предложува брак, таа ја прифаќа понудата.
Мислите ли дека ваквите бракови можат да успеат?
Имам едни роднини вакви, и супер си се имаат и детенце....а имам и такви што со години биле заедно па раскинле.....
 
Родителите на една моја пријателка се знаеле само 8 дена пред да стапат во брак па еве сеуште се заедно и супер им е :wink: Никогаш не вели никогаш.
WoW!!
Моите 7 години иделе пред да се земати тоа не одеднаш,туку прво иделе 3 па паузирале 1 па 4 пак иделе и се земале!
 
8 дена..омг.. не ми се верува:uvo:
..колку можеш да запознаеш некого за 8 дена? нема ни презимето да успееш да му го запомниш за толку краток период..
во секој случај не е убаво одење од крајност во крајност..ниту да склопиш брак за една недела познанство или пак да се влечкаш 10 години..
според мене најубави,најздрави и најхармонични бракови се оние кога после 2-3 години врска партнерите се одлучуваат да живеат заедно некој период за да видат како се снаогаат заедно во реалноста, па ако ова се покаже како добар чекор, кога ке се почувствуваат подготвени, да склучат брак..
 
кратко но слатко

Епа и да се влечеш со години не бива - подобро кратко но слатко (неколку месеци, заеднички одмор).
Исто така, колку си постар толку си по-пребирлив, така да за изборот не треба многу да се мисли!!!
 
Еден случај:
Дечкото и девојката беа 7 години во врска.. се земаа и после 3 месеци се разведоа..
 
Dvoen rizik,ili ke go bide ili nema da go bide brakot,vo sekoj slucaj zavisi,posto moze i brak koj e sozdaden i posle godini vrska ljubovna da se raspadne :toe:
 
8 дена..омг.. не ми се верува:uvo:
..колку можеш да запознаеш некого за 8 дена? нема ни презимето да успееш да му го запомниш за толку краток период..
во секој случај не е убаво одење од крајност во крајност..ниту да склопиш брак за една недела познанство или пак да се влечкаш 10 години..
според мене најубави,најздрави и најхармонични бракови се оние кога после 2-3 години врска партнерите се одлучуваат да живеат заедно некој период за да видат како се снаогаат заедно во реалноста, па ако ова се покаже како добар чекор, кога ке се почувствуваат подготвени, да склучат брак..

This ain`t America sweety кога се вакви работи во прашање нашето општество не е толку модерно колку што си мисли дека е и ваквите врски се ретко прифатени од родителите на самите партнери а ваков обид би бил успешен доколку партнерот/ката би била самостоен/јна со свои примања и најбитно свој стан ...ме разбираш нели :)
 
Абе како шо е законов за сингл над 27 години , вакви бракови ќе станат честа појава .. ебаго , кој му се дава 1000 денари казна за тоа што е сингл ?!
 
Еден случај:
Дечкото и девојката беа 7 години во врска.. се земаа и после 3 месеци се разведоа..

Две мои другарки,едната 12 годишна врска,другата 13,се земаа и се разведоа за 1 месец.Рекордерки они златни на дада:)

Нема правила за брак,иако верувам дека е добро да се склопи додека трае еуфоријата и ненаситноста од еден за друг.
 
добра тема,очигледно е дека нема правило,паааа..........секој со среќата:toe:
 
Две мои другарки,едната 12 годишна врска,другата 13,се земаа и се разведоа за 1 месец.Рекордерки они златни на дада:)

Нема правила за брак,иако верувам дека е добро да се склопи додека трае еуфоријата и ненаситноста од еден за друг.

Јас не сум во брак, мислам дека е се` уште рано, но убеден сум дека сепак тој е подложен на некакви правила на игра, на еден вид премолчен договор и правење компромиси. Заеднички живот на двајца кои пред тоа живееле различен живот може да биде прилично стресно и непријатно доживување ако се нема взаемна толеранција.
Она што е интересно во последниве децении е еродирањето на бракот како институција, а притоа се нема адекватно решение за надминување на проблемот. Станавме премногу големи индивидуалци, со понекогаш, многу себични очекувања и потреби. Ако тие не можат да се сообразат со оние на спротивната страна ете проблем. Или уште полошо, бракот може да стане состојба во која едната страна ја злоупотребува другата. Тогаш разводот е неизбежен.
Начелно не сум за бракови набрзинка, ама и долготрајната врска и не мора да биде некаква гаранција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom