Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Само ако има добра сервисна историја и има мала километража, испод 150 000. Над ова не ти се исплаќа да земаш бензинец зошто повеќето помали бензиски мотори накај 200 000 се за ремонт.
123000 km izminato mislam deka bese, uvezeno od ch.
 
Случајно некој од форумов да не знае да ме посоветува за следниов проблем:
Голф 6 2.0 тди се си беше океј и пред околу помалце од 1 недела почнав у возење да слушам некој звук од моторот како да е цело време пуштен вентилаторот, некакво такво зуење. Коа ќе возам со брзина поголема од 40 почнувам да го слушам зуечкиов звук, веќе на 60 почнува да се слуша посилно работење на моторот, а на 100ка ептен се слуша силно работење на моторот. Силново работење вади сличен звук како турбото да работи. Звуков како што можев да приметам се слуша само од внатре, мада не можам да слушнам убаво како се слуша од надвор при вакви брзини. На дашбордот не ми покажува никаква грешка во моторот, т.е. не ми покажува било каква грешка.

Денес на враќање од работа се си океј (океј у смисла се слушаше истиот звук при брзина поголема од 40 и 60, ама немаше ништо друго), ама кога застанав да полнам гориво, на тргање од бензиска на дашбордот ми се појави грешка за сијаличките, ма буквално за сите сијалички (фарови, жмигавци, таблици, штопови, рикверц, вупно 22 грешки за сијалички). Ја изгасив и ја упалив колата ама истите грешки ми ги покажа. Индикаторот за жмигавци на дашбордот почна многу побрзо да ми трепка, а кога дојдов дома приметив на пример дека сијаличките за жмигавците работат ама на пример на левата страна трепка само таа на ретровизорот додека другите светат постојано, а на десната страна трепкаат само тие на ретровизорот и позади, а на фарот свети постојано.

Мислите дека може ова нешто до електрониката да е се, у смисла да има некаков спој па затоа и наеднаш сеа ми се јавија грешкиве за сијалички, а и турбото да се уклучува на моторот или може да е нешто друго?
Закажав за во среда секако на мајстор да ја носам, ама секој совет/информација е добредојдена.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
Провери напон на акумулаторот, обично кога е пред умирање акумулаторот се дешаваат вакви новогодишни елки на дашбордот.
 
Во план сум да набавам автомобил до кај 3000 евра - поефтино секако за да останат пари за прв сервис, сакам да биде со плин зашто дизели не сакам. Имав порано и мајката ми се исплака по него. Може некој совет?
Grande punto 1.4 8v
 
Ме интересира дали 1.7 cdti со 110кс е добар мотор кај астриве Ј серија, некако доста гломазни ми изгледаат.
 
Ме интересира дали 1.7 cdti со 110кс е добар мотор кај астриве Ј серија, некако доста гломазни ми изгледаат.


Релативно слаб за таа каросерија...е сега зависи и од возачот за некој таман, за некој авион брза ќе биде
Автоматски споено мислење:

Air Praxis бришачи, дали се солидни?


Ич...единствена предност што се евтини. Добар бришач тие мин. 500 ден. парче и нагоре.
 
Air Praxis бришачи, дали се солидни?
+Две години ги користам солидени се, не вадат звуци, а и најефтини беа, колата не е гаражирана, наредно пак такви би зел не ми се даваат пари за скапи бришачи.
 
Во Кичево во еден маркет покрај магистрала има брисачи Мишелин...не сум ги пробал но би требало да се квалитетни
 
Ме интересира дали 1.7 cdti со 110кс е добар мотор кај астриве Ј серија, некако доста гломазни ми изгледаат.
Не се гломазни, проблемот е што имаат помало кривење на точковите на пун замотан волан, па паркирањето е за нијанса потешко него ли да паркираш една мерцедес ц класа од 2017 година. Иначе моторот е топ, а во МК можеш партикел филтерот да го извадиш пошто ако ја возиш градска само ќе ти прави проблеми. Тој мотор минува и пола милион километри без проблеми.
 
Во Кичево во еден маркет покрај магистрала има брисачи Мишелин...не сум ги пробал но би требало да се квалитетни


Јас имам користено супер се...исто секоја препорака за валео силенцио, доста скапи али кај мене истераа скоро три години на не гаражирана кола.

Праксис никогаш ама никогаш не ми траеле повеќе од пет шест месеци...мислам стои гумата се на нив ама не брише, скока, чкрипи, целите размрдани...исто лошо искуство со Вурт бришачи како и обичните бош (класични метални)...

Исто препорака за сите, добар бришач мора да стои како заварен кога го наместиш. ако мрда лево десно нема теорија добро да брише. Поевтините и нови имаат ваква луфта, едноставно не се толку прецизно направени.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom