500 евра минималец за нормален живот

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Живот на „минималец“: без 500 евра нема живеачка!

17/03/2013 // Пред 10 часа // ЕКОНОМИЈА // 1 Коментар

Растат трошоците за живеачка, просечната – нето плата се помалку може да ги покрие месечните потреби на домаќинствата. Најновите податоци на Сојузот на синдикати покажуваат дека за да се прежиее февруари биле потребни 32 185 денари. Оваа сума во однос на истиот месец лани се зголемила за 1 145 денари.
Ако се земат во предвид последните расположливи податоци за исплатена нето плата во декември, кога таа изнесувала 21 469 денари, тогаш се добива пресметка дека со оваа плата се покриваат само 66,7 проценти од месечните егзистенцијални потреби за кои посочува ССМ. Поради се повисоките цени на храната, комуналиите, домувањто од една страна, и бавното темпо на незначителен пораст или стагнација на нето – платата, од друга страна, се повеќе се продлабочува јазот меѓу реалните месечни примања и реалните месечни потреби за трошење.
Така, во 2010 та година со просечната нето плата можеле да се покријата 70 отсто од потребите, за разлика од сегашната состојба кога овој процент изнесува 66,7 отсто.
Мерењата на ССМ покажуваат дека во февруари, за да се задоволат потребите само за храна и за да се платат сметките за струја, просечната нето плата – нема да стаса. Еве колку пари според синдикалците се потребни само за овие две ставки :


Или, вкупно биле потребни 23 934 денари, во услови на просечна нето плата од 21 469 денари.
Но листата на месечни трошоци не завршува тука. Според анализите, дел од месечните трошења на едно домаќинство се и :
- превозот, кој во синдикалната кошница учествува со 7,2%,
- хигиената, учество од 6,8 %,
- облека и обувки, удел од 6,3%.
Оптимистичката “синдикална кошница“ предвидува дека едно семејство месечно треба да потроши по 1 070 денари за култура и уште 588 денари за здравје.
Додека кај просечната нето-плата во декмври 2012 та година во споредба со истиот месец од 2011 та се заблежува незначителен раст од 0,3 отсто, кај реалната нето плата во однос на истиот споредбен период има намалување за 4,2 отсто. Во декември пак, според синдикалните пресметки, сумата за задоволување на месечните потреби се зголемила за 5,2 отсто.




Лани, во споредба со целата 2011 та година, реалната нето плата се намалила за 2,9 отсто.
МИНИМАЛЕЦОТ ЗГОЛЕМЕН САМО ВО ДВЕ ГРАНКИ – ЌЕ ПОМОГНАТ ЛИ 596 ТЕ ДЕНАРИ?
Повеќе од една третина од вкупното работно население во земјава заработува не повеќе од 10 000 денари месечно. Анализата на ССМ покажува дека 15 отсто од вработените живеат со минималец од 8 050 денари месечно, додека 25 отсто од работното население има месечна плата од 10 000 денари.
Со последната одлука на Владата, износот на минималната плата се зголеми за 596 денари. За оваа сума треба да се зголемат месечните примања на вработените само во текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
“Со усогласувањето во дејностите производство на текстил, облека, кожа и слични производи од кожа минималната бруто плата во 2013 година ќе изнесува 10.990 денари, односно нето 6.859 денари. “ – оценија од ССМ.
Потегот на владата го сметаат како добар договор:facepalm:постигнат на Економско-социјалниот совет.
“Зачувувањето на истата висина на минималната плата од 8 050 денари е добар договор, затоа што во други земји поради економската криза минималецот е намален “ – велат од синдикатот.
Со објавата за зголемување на минималецот само за таргетирани сектори, во следните две години треба да се обезбеди изедначување на овие плати, кои се сметаа за најниски, со платите во останатите дејности.
Според анализите, само 9,1 отсто од вработените имаат плата повисока од 20 000 денари.
На месечно ниво повеќе од 2 проценти од вработените воопшто не земаат плата.
Од друга страна, статистика во континиутет,со месеци, бележи раст на трошоците на живот поголем од 3 отсто. Така, во февруари животните трошоци во однос на истиот месец лани се зголемиле за 3,5 проценти, најмногу за огрев, домување, исхрана и хигиена.
Минималната плата од 8 050 денари може да задоволи само 25 проценти од она што ССМ го нарекува месечна “синдикална кошница“за храна, сметки за комуналии, превод, хигиена, здравство.


Сакам да чујам мислење од најголемите експерти како Лион :) И дали ратите за кредити се пресметани во овие трошоци?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
ако секој член во фамилијата не заработува 200 евра(значи тричлено семејство приход од 600 евра месечно,четиричлено семејство 800 евра приход месечно),вие сте член на фамилија која опстојува под мистериозни услови во државава
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Сакам да чујам мислење од најголемите експерти како Лион :)
Му е гајле на Лавот, он и онака зема дупло повеќе од тоа.

Ова 500 евра важи за градови со средна големина, за Скопје можеш слободно да пишеш 700 евра. Сум зборел и со роднини и со пријатели во Скопје, сите сме сложни дека без 40 и кусур илјади денари месецот не се истуркува до крај.
 
А

Атомската мравка

Гостин
500-700 евра месечно за 3/4 члено семејство е коректна бројка за скромен живот, се под ова е преживување..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Овие 500 евра се просек за сите градови.
13.449 за исхрана, тоа е 400 ден дневно, минимум по 100 ден на секој член во фамилијата.
Во Скопје треба само за доручек да ги дадат, а ручек и вечера нема. Сок и чоколадо ќе купуваат преку три дена.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Кај нас Битола аплаудираа на отворањето на кромберт и шуберт фабриката плата официјална е 8060 денари истите тие викаа бравос не само тие туку и цела Битола,така да не држи место ова со 500 еура.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
А каде се реалните потреби , овдека е претставено само *преживувањето*
Нема место за реални потреби , овде или преживуваш или не , реални потреби барај во некоја друга држава ;)
 
Член од
9 септември 2008
Мислења
769
Поени од реакции
322
Ништо не разбирате бе, па нели гледате на сител дека мед и млеко тече во државава.
Според Драгче од сител бранителиве не ни ја бранеле државава во 2001...што повеќе очекуваш ? :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Кај нас Битола аплаудираа на отворањето на кромберт и шуберт фабриката плата официјална е 8060 денари истите тие викаа бравос не само тие туку и цела Битола,така да не држи место ова со 500 еура.
И во Кавадарци, во Дрекселмаер за толку работат... Према платеноста, инженериве со машински факултет таму ги ценат колку и некој со средно текстилно во некоја грчка конфекција шо работи.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Тие што мислат дека овие 500 евра не стигаат со колку би биле задоволни 3000 евра или нешто плус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom