50 години од првиот човечки лет во вселената

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.159
Поени од реакции
3.486
На денешен ден пред 50 години, во вселената полета советскиот вселенски брод Васток, носејќи го со себе првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин.



Јубилејната педесетгодишнина од првиот лет на човекот во вселената , кој го изведе Јуриј Гагарин, во Русија денес се одбележува со бројни манифестации.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев ќе го посети Центарот за управување со вселенски летови во околината на Москва за да разговара со космонаутите на Меѓународната вселенска станица, преку директна линија.
Медведев пред неколку дена потпиша указ со кој во чест на летот на Гагарин во вселената, вечерва ќе бидат испукани 50 плотуни.
Денот на астронаутиката, 12. април, досега се одбележуваше само во Русија, а со неодамнешната одлука на Обединетите нации, стана меѓународен ден.


По повод 50-годишнината од летот на првиот човек во вселената, Русија одлучи да ги стави достапни на јавноста 700 документи за првиот светски астронаут од кои е тргната ознаката „доверливо“. Еден од нив открива дека додека сите проверувале дали се е подготвено за лансирање, Гагарин проверувал дали ќе има доволно колбаси за време на летот.
Јуриј Гагарин остави неизбришлив белег во историјата на човештвото, а неговата приказна се наоѓа во речиси секој учебник по историја. По повод од 50-годишнината, во Русија денес се слави. Но, последниве денови главна тема е неодамна објавениот разговор помеѓу Гагарин, конструкторот на леталото и раководителот на вселенската програма Сергеј Королјов. Во Русија, највеќе се прераскажуваат зборовите на гагарин пред полетувањето. Додека седел врзан во вселенското летало „Восток“, Гагарин се распрашувал колку храна има.
„Имате доручек, ручек и вечера“, му кажал Королјов.
„Разбирам“, вратил Гагарин.
„Имате колбаси, слатки и џем“, му одговорил Королјов.
„Колку колбаси имам? Најбитно е да имам колбаси“, возвратил Гагарин низ смеа, пренесува Дејли Телеграф.
Додека течеле последните секунди, Гагарин си свиркал и пеел.

Кратка биографија на Гагарин:

Јуриј Гагарин, роден е на 9 март, 1934 год. во близината на Смоленск. Неговиот татко, бил столар во една задруга. Го завршил занаетчиското училиште во Луберецк во 1951 год. а 1955 год. во Саратово завршил индустриски техникум и пилотски курс во аеро клуб. Школувањето го продолжил во Оренсбург и веќе во 1957 год. станал пилот – ловец, на Советските воздухопловни сили.

Гагарин, својот “мал чекор” го направил на 12 април 1961 год. кога со вселенскиот брод “Восток”, ја обиколил планетата. Тоа претставувал прв лет на човекот во Вселената и ерата на космонаутиката од тој момент била отворена.

На овој лет, Гагарин направил еден круг околу планетата. Полетал од космодромот Бајконур, во 9:07 ч. по Mосковско време, влегол во елиптичната орбита, ја достигнал висината од 327 км. и по 108 мин. се спуштил на територијата на Советскиот Сојуз.

Кога полетал во Вселената, Гагарин бил мајор по чин. Кога слетал на Земјата, бил веќе полковник. Добил Орден на Ленин и бил прогласен за Херој на Советскиот Сојуз. Низ цел СССР му биле подигани споменици и улици, кои го носеле неговото име. Во целиот свет, станал славен.

Загинал на 27 март во 1968 год. во авионска несреќа, додека тестирал млазен авион. Требало тоа да биде, според неговите зборови пред самиот лет, еден рутински лет, една рутинска задача. Урната со неговата пепел, денес е поставена во ѕидините на Кремљ.

Неговото родно место го добило неговото име – Гагарин, а еден кратер на другата страна на Месечината, го носи името – Гагарин.



До самата одлука на Државната комисија, Јуриј Гагарин своите шанси дека прв ќе полета во Вселената ги сметал за еднакви со шансите на својот другар, Герман Титов. Организаторот на подготовката, Николај Камањин, потсетувајќи сé на последните часа пред полетувањето, изјавил дека претстои величествен подвиг – прв лет на човекот во Вселената и дека тој лет ќе го направи скромен советски човек во униформа на Воено – воздухопловните сили, Гагарин Јуриј Алексеевич. Неговото име до тој момент било анонимно во целиот свет, а веќе за неколку часа, на 12 април, ќе стане познато ширум целиот свет и никогаш нема да биде заборавено од човештвото.

Станувањето за Гагарин и Титов било предвидено за 5:30 часот, а во 6:00 ч. по московско време, веќе било одржано заседанието на Државната комисија. Заседанието поминало многу едноставно и кратко, каде сé заклучило дека нема никакви проблеми и дека може да се изврши лансирањето.

Пред полетувањето, имало доста емоции, како од самите космонаути, така и од сите присутни на самото лансирање. Полетувањето поминало без никакви проблеми. Секој збор на двајцата космонаути бил снимен на касетофон, аудио врската била перфектна, јасна и гласна. Здравствената состојбата на Гагарин била добра, судејќи по неговиот глас и телеметријата. Но,по полетувањето, командниот пункт во Колпашево преживеал непријатни секунди. Аудио врската одеднаш сé изгубила и веќе немале никаков контакт со космонаутите. Но, за среќа врската повторно била воспоставена и веднаш било известено дека бродот успешно излегол од орбитата. Организаторот на подготовката, 20 минути по полетувањето на Гагарин, веднаш се упатил на аеродром каде полетал за Волгоград, бидејќи било израчунато дека точката за атерирање на капсулата од космодромот била предвидена 11 км. јужно од Волгоград.

Неколку минути подоцна, од командниот пункт ВВС било соопштено дека Гагарин успешно се спуштил на пресметаната точка. Радоста била огромна.
Вечерта, на 12 април, сите космонаути, членовите на Државната комисија, раководството на областа одржале здравица, во чест на историскиот лет на Гагарин.

Со тоа, завршил победоносниот ден – 12 април 1961 год. кое човештвото никогаш нема го заборави, а името Гагарин засекогаш ќе остане во историјата и ќе биде едно од најпознатите.














http://kajgana.com/zivot/rusija-ja-praznuva-pedesetgodishninata-od-letot-na-gagarin

http://kajgana.com/zivot/proverka-pred-istoriskiot-let

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2361

http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=2363
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.387
Поени од реакции
2.396
а чим тогаш слетале на месечината а тогаш технологијата била многу многу поназад, зошто сега кога технологијата е ГОЛЕМ чекор напред не одат во вселената?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.159
Поени од реакции
3.486
а чим тогаш слетале на месечината а тогаш технологијата била многу многу поназад, зошто сега кога технологијата е ГОЛЕМ чекор напред не одат во вселената?
Одат како не.... по десетина и повеќе лансирање годишно на луѓе има... :)
30 тина луѓе годишно одат во вселената.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.011
Поени од реакции
7.610
а чим тогаш слетале на месечината а тогаш технологијата била многу многу поназад, зошто сега кога технологијата е ГОЛЕМ чекор напред не одат во вселената?
Скупо е.
И ризично.
Затоа праќаат rock collecting robots.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Скупо е.
И ризично.
Затоа праќаат rock collecting robots.
има една теорија дека и самите вонземјани праќаат роботи на земјата како први кои ќе го испитаат тлото и живиот свет на ново откриената планета
 
T

Tetro

Гостин
Најпрво вакви, во 64-та.
Кога конечно се сетиле да ги стават оние "забавувачи" на брзината, за кога ќе доаѓа маринерот до телото (планетата или месечината) не се искрши од падот. На сликата е Маринер 4


Едит: Има вградено телевизиска камера внатре за снимање на површината.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.626
Поени од реакции
5.722
Искрено во последно време многу слабо се зборува за истражувањата на вселената. Студената војна заврши, САД се преориентира да спасува држави богати со нафта... Не знам дали има стагнација и во нуклеарните проби.... Не памтам НАСА да има излезено со некое спектакулрно откритие. Толку се очајни што уште не можат да ги дефинират границите на Сончевиов систем... На Месечината колку години нема стапнато човек? Што е со Марс? Секоја година најавуват дека за 20 год. ќе се изгради првата база? Ќе стапне ли човечка нога во брзо време на црвената планета? Русите воопшто и не се истакнуваат. Во последно време Кина и Индија имаа некои обиди но ни за тоа не се крена прашина... На човекот не му е дојдено до вселената додека има уште работи да се исцрпат од Земјава...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.159
Поени од реакции
3.486
Искрено во последно време многу слабо се зборува за истражувањата на вселената. Студената војна заврши, САД се преориентира да спасува држави богати со нафта... Не знам дали има стагнација и во нуклеарните проби.... Не памтам НАСА да има излезено со некое спектакулрно откритие. Толку се очајни што уште не можат да ги дефинират границите на Сончевиов систем... На Месечината колку години нема стапнато човек? Што е со Марс? Секоја година најавуват дека за 20 год. ќе се изгради првата база? Ќе стапне ли човечка нога во брзо време на црвената планета? Русите воопшто и не се истакнуваат. Во последно време Кина и Индија имаа некои обиди но ни за тоа не се крена прашина... На човекот не му е дојдено до вселената додека има уште работи да се исцрпат од Земјава...
Делумно си во право.
Вложувањата во истражувањето на вселената се далеку помали отолку што беа во Студената војна.
Нуклеарните проби се одамна завршени (со исклучок на С. Кореја), а НАСА... е па ги закочи Обама.
Доколку не го запреа проектот Орион што требаше да ги врати на Месечината, а можеби и да ги однесе на Марс, се ќе беше ок, но проектот беше оценет како прескап.
Додека Русите напредуваат.... ќе напредуваа и САД да не го исклучеа Орион. Русите веќе развиваат нови ракети носачи и нови вселенски летала кои треба да го заменат стариот, но добар Сојуз. Целта на Русите веќе е поставена, во текот на оваа декада да слетаат на Месечината. Дека конечно се враќаат на старите патеки докажува и мисијата која ќе биде лансирана оваа година до еден од сателитите на Марс, која треба да врати примерок од тој сателит.
Сепак, најбитното е тоа што ќе почнат со развивање на вселенски брод на нуклеарен погон, кој треба да биде решение за интерпланетарни човечки мисии.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.159
Поени од реакции
3.486
Гагарин е идол за сите времиња
РУСИЈА (АП) - Тоа беше огромниот скок на Советскиот сојуз за човештвото, настан кој ја поттикна посрамената Америка да влезе во трката за тоа кој прв ќе стапне на Месечината. Ова се случи пред 50 години на вчерашен ден, кога воениот пилот Јуриј Гагарин стана првиот човек кој летна во Вселената. Мисијата на 27-годишниот космонаут траеше само 108 минути и беше исполнета со драматични моменти: прекин во преносот на податоци, дефекти на антените, ретроракетата и одвојувањето на модулите. Лебдеше и прашањето кое науката допрва требаше да го одговори: Како бестежинската состојба ќе влијае на едно човечко суштество?
"Имаше секакви најнезамисливи стравувања дека човек би можел да побудали на нулта гравитација, дека нема да може да донесе рационални одлуки", се присетува Олег Ивановски кој го контролираше создавањето и лансирањето на вселенското летало "Восток" со кое леташе Гагарин.
Летот требаше да се одвива целосно автоматски, но што ако бестежинската состојба предизвикаше Гагарин да побудали и да ги игнорира програмираните контроли на управување? Решението на инженерите беше да се вметне и безбедносна лозинка со три цифри која космонаутот ќе мора да ја внесе за да може да управува со вселенското летало. Се покажа дека ваквите мерки беа излишни. Летот помина безбедно и симпатичниот Русин со неговата широка насмевка стана момче за постер на комунистичкиот свет и уште е национален идол 43 години откако загина во несреќа при пробно летање со авион, а преживеаните пионери на Советската вселенска програма во Ѕвездениот град во близина на Москва каде се одвиваа неговите подготовки, се сеќаваат на него со голема наклоност. Од строгиот и непопустлив главен дизајнер Сергеј Королјов, до младите медицински сестри и специјализираните работници на лансирната рампа, "сите го сакаа, навистина го сакаа", вели Ивановски.
Королјов беше нетрпелив да го зацврсти напредокот на Советскиот сојуз во освојувањето на вселената откако во октомври, 1957 година го лансираше "Спутник" првиот вештачки сателит во светот и сакаше да напредува кон изведување на лет во вселената со човечки екипаж и да извојува уште една победа во трката со Американците. Но, по неколку неуспешни експериментални летови во текот на 1960 година и експлозијата на лансирната рампа во која загинаа 126 луѓе, безбедноста стана приоритет, вели Ивановски. Летот беше ограничен на едно кружење околу Земјата поради загриженоста за бестежинската состојба и Гагарин требаше да се исфрли од капсулата на враќање бидејќи системот за меко слетување уште не беше подготвен. И покрај ова се проценуваше дека ризикот е сепак многу голем, вели Ивановски.
Но и покрај ризиците, конкуренцијата за оваа мисија меѓу дваесетмината пилоти кои влегоа во потесниот избор беше голема, а Гагарин беше фаворит. Тој беше таков човек што влеваше опуштеност и зрачеше со добрина, вели поранешниот космонаут Владимир Шаталов, сега 83-годишен, во тренинг центарот на Ѕвездениот град со кој раководеше 20 години. Само три дена пред полетувањето од местото кое подоцна стана космодромот Бајконур во Казахстан, на Гагарин му било кажано дека е избран за мисијата. Во писмото до неговата сопруга Валентина тој ја замолил да не ги воспитува ќерките како мали принцези, туку како реални луѓе и да не се чувствува обврзана и слободно да се премажи ако неговата мисија заврши фатално.
"Ова писмо звучи како последен аманет. Но не гледам така на него и се надевам дека никогаш нема да го видиш ова писмо и подоцна ќе се срамам за овој краток момент на слабост", напишал тој.
"Гагарин беше свесен за загриженоста поради нултата гравитација и знаеше за сите неуспешни лансирања кои му претходеа на неговиот лет", но никогаш не покажа страв ни двоумење", вели Ивановски.
Вечерта пред полетувањето, Гагарин и неговата замена Герман Титов си легнале рано и ги разбудиле во 5:30 часот утрината. Гагарин се шегувал, пулсот му изнесувал стандардни 64 отчукувања во минута и останал непроменет и откако седнал во "Восток". Пред полетувањето Гагарин го видел Королјов дека е исцрпен по непроспаната ноќ и му рекол "Не се секирај Сергел Павлович, сè ќе биде во ред".
"Тој ме тешеше мене!", се восхитувал Королјов потоа. Тој го сметал Гагарин како син, а овој носел негова фотографија во паричникот. Безбедносната лозинка која требало да се употреби во итен случај требало да остане во запечатен плик кој космонаутот требало да го отвори само ако е навистина неопходно, но Ивановски бил премногу возбуден за да се држи до протоколот. Кога го испраќал Гагарин до капсулата, му ја шепнал лозинката: 1-2-5. Гагарин се насмеал и рекол дека веќе ја знаел: неговиот инструктор, подеднакво заштитнички настроен кон него, веќе му ја оддал тајната.
Ивановски му помогнал на Гагарин да се качи по скалата во кабината, го потапкал по кацигата и му посакал среќа пред да го затвори капакот, кога Королјов од контролната соба му рекол дека светлото кое треба да се вклучи кога капакот ќе биде херметички затворен не светнало. Ивановски и неговите двајца помошници морале веднаш да ги извадат сите 32 шрафови на капакот и повторно да ги зашрафат со невидена брзина. Внатре во капсулата Гагарин си свиркал. Подоцна се шегувал со Ивановски: "Да можеше да се видиш додека работеше на капакот: лицето ти се смени во сите бои".
Ракетата на Гагарин полета како што беше планирано: на 12 април, 1961 година во 9:07 часот утрината по московско време.
"Одиме!", викнал космонутот на полетување.
Королјов и неговите инженери веднаш го доживеале првиот шок: системот сигнализирал проблем со дополнителниот генератор. Се покажало дека само на неколку секунди дошло до прекин на преносот на податоци. Самоуверените извештаи на Гагарин од орбитата ја намалувале напнатоста и дури по летот се дознало дека поради дефект на една од антените "Восток" влегол во повисока, многу поризична орбита. На враќање, поради дефект на ретроракетата леталото почнало благо да се врти, а капсулата за слетување задоцнила со исфрлање на помошниот модул. Научниците останаа без здив кога изгубија контакт со леталото за време на жестокото враќање на Земјата.
Гагарин се исфрли од леталото како што беше планирано и се спушти со падобран во едно поле во близина на реката Волга на околу 720 километри југоисточно од Москва. Таму го забележале жената на шумарот и внука $ кои почнале да бегаат од непознатиот човек облечен во портокалов комбинезон и бела кацига. Можеби си помислиле дека е американски шпион со оглед на тоа дека речиси една година претходно американскиот пилот Френсис Гари Пауерс беше соборен над Советскиот сојуз во неговиот шпионски авион "Ју-2", инцидент кој сериозно ги затегна односите меѓу САД и Советскиот сојуз.
"Еј, не бегајте. Јас сум од нашите", викнал Гагарин. Потоа пристигнале и други луѓе и сфатиле дека тоа е космонаутот за кого слушнале на радио. Гагрин дознал, на негово големо изненадување, дека додека бил во орбитата, добил унапредување од два чина и станал мајор. Королјов и останатите дошле со авион на местото и се сретнале со Гагарин во гостинската куќа на Комунистичката партија. Веселата средба траела до доцна во ноќта.
На 14 април Гагарин со авион отишол во Москва каде го пречекал советскиот лидер Никита Хрушчов и влегол во градот по автопатот вдолж кој биле наредени весели граѓани.
"Луѓето излегоа на улиците, сите беа возбудени, како да е Денот на победата", се присетува Наталија, ќерката на Королјов.
Гагарин загина на 27 март, 1968 година. Уште струјат теории на заговор дека КГБ го замолчила бидејќи наводно се противел на советскиот режим. Шаталов, поранешен космонаут, седел во својот авион и чекал да му дојде ред за полетување по Гагарин и неговиот сопатник. Го видел пријателот како се насмевнува и му мавта и следно разбрал дека нивниот авион "миг-15" се срушил во шумата. Шаталов претпоставува дека ударниот бран од експлозијата на друг авион било причина за несреќата. Можеби требало да прекине да лета по летот во вселената, вели тој. "Но навистина сакаше да лета и напорно се трудеше да продолжи да го прави тоа".
По смртта на Гагарин, наговата сопруга конечно го добила писмото што тој $ го напиша вечерта пред да замине на вселенската мисија. Валентина Гагарина никогаш не се премажи. Објави книга мемоари, но се држеше далеку од очите на јавноста и живееше повлечен живот во Ѕвздениот град. Ќерката Јелена е главен шеф на музеите во Кремљ. Помладата ќерка Галина предава економија на еден московски универзитет.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=3328D8DC47818D4F9240BDD9299EC78E
 

Kajgana Shop

На врв Bottom