ТЕРОРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
АБЕ СУМ СЕ УМРЕЛ ОД СМЕА СО ОВА :icon_lol::icon_lol:

Двајца терористи од една блискоисточна земја дошле во Македонија со намера да ја спроведат "Алаховата казна над македонските неверници." Еве како тоа изгледало:

2253C71880D3FD48A7BB16A34572254F.jpg
Недела, 20:47

Стигнуваат во Скопје. Го напуштаат аеродромот Петровец по 8 часа од слетувањето, бидејќи багажот им се изгубил. Нивната авиокомпанија не ја презема одговорноста за багажот а еден аеродромски службеник им предложил на терористите да дојдат утредента, па со малку среќа, можеби...

Седнуваат во такси. Само со еден поглед во ретровизорот, таксистот сфаќа дека се странци па ноќе ги врти во круг едно саат и пол. Откако терористите не приговориле дури и кога таксиметарот покажал 2.000 денари, таксистот решава да собере уште еден ортак кај Белви. Одма ги претепуваат и ограбуваат и ги оставаат некаде пред Арачиново.


Понеделник, 10:30

Откако се освестиле, двајцата терористи некако успеваат да дојдат до Скопје, во хотел. Нарачуваат рент - а- кар. Се упатуваат повторно кон аеродромот Петровец но попат се блокирани од штрајковите на просветните работници и земјоделците.


Понеделник, 15:45

Сепак стигнуваат на Петровец, цврсто решени да свртат авион од својата рута и да го срушат врз Собранието на РМ. Но, пилотите и стјуардесите на МАТ штрајкуваат барајќи поголеми плати а во знак на солидарност, им се придружуваат и луѓето од контролата на летање. Единствениот расположлив авион е оној на албанската компанија која има силни врски со функционери во ДУИ. Во меѓувреме доаѓа делегација од ДПА која сака да лета во Швајцарија. Настанува гужва межу нив и персоналот. Во општата тепшачка најмногу страдаат двајцата Арапи.

Понеделник, 19:05

Конечно се смируваат страстите а МАТ во меѓувреме престанува со штрајкот откако од министерот за сообраќај и врски добиле уверување дека нивните барања сериозно ќе бидат разгледани на некоја наредна седница на Владата. Облиени со крв, терористите доаѓаат до шалтер на кој им продаваат два билета но им премолчуваат дела летот е одложен.


Понеделник, 20:07

Терористите веќе почнуваат да се расправаат дали да продолжат со планот или не. Во текот на расправата се појавува и прашањето дали уништивањето на Собранието е терористички чин или акт на милосрдие.

Понеделник, 21:00

Изгладнети, решаваат да каснат нешто во аеродромскиот ресторан. Нарачуваат сендвичи со телешка салата.

Вторник, 08:35

Мајонезот бил тотално расипан па завршуваат во Клинички центар каде цела ноќ чекале во ходник некој да ги згрижи. Работата би била готова за неколку дена ако попат не се појавиле сомневања за салмонела.

Недела, 17:20

12 дена подоцна, излегуваат од болница и по мала прошетка доаѓаат до Градски стадион. Вардар штотуку изгубил од Шкендија па лутите комити беснеат наоколу. Двајцата Арапи им заличуваат на противнички навивачи и почнуваат ги каменуваат. Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.

Недела, 19:45

Навивачите конечно заминуваат а терористите одлучуваат, иако е грев, првпат во животот да се напијат алкохол. Купуваат ракија од пазар. Им увалуваат вештачка лозова, полна со метанол па завршуваат во Градска. Тестирањата покажуваат дека и двајцата се позитивни на ХИВ.

Вторник, 23:42

Двајацата терористи решаваат пешки да заминат на исток, накај дома. Пред да тргнат на долгиот пат, цврсто му се заколнуваат на Алах дека вакво нешто друг пат нема да им падне на памет.
 
E ova ti e kraj eeejjj :pos: :cuc: \
 
боже сачивај
 
Dobar ti bese tekstov nema sto a i ne e daleku od realnosta.Toa moze i stvarno da im se sluci nie sme beter i od CIA i FBI.
 
добро ти беше она со вардар-шкендија
 
T1p43 напиша:
добро ти беше она со вардар-шкендија


добро е тоа, ама сексуално злоупотребени :lud: мразам кога ке слушнам за такви геј силувања, машко силува друго машко, бог да чува
 
Hahhahaha шо можите вие Скопјани да направите наместо културно да ги пречекате како секој обичен Турист кој сака да види некој знаменитости во Македонија вие прво гледате да го скините да му земате пари колку со можите појќе па го ограбувате го тепате го труете го каменувате што уште не .... Ко ви велам поарно е да биде аеродромот во Битола вие не Скопје главен град е мора да има аеродром....
Хахахахаха не стварно лудница е текстот кој и да го има напишано
 
Убава приказна.... реална...смешна.... со елементи од нашето секојдневие :icon_lol: ... сепак мислам дека повеќе ке одговара оваа тема да стои во Чек Дис Аут.... нели?
 
А да кажеше дека текстот е од еден друг сајт?????
 
Southpark напиша:
Водачот на комитите успева и сексуално да ги злоупотреби двајцата терористи.

Абе не го мешај Жаре у оваа работа!Он не присуствуваше на таа утакмица:pos:
 
Раскољников напиша:
А да кажеше дека текстот е од еден друг сајт?????


Па се знае дека е од друг сајт нигде немам споменато дека јас сум го пишувал:bip:
 
Гревчиња.
 
Majkooooooooooooooo, kraj na muabet.

Da znaat so kogo si imaat rabota.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom