Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Не го поддржавам, уопште. Поготово коа ќе ми текне за јадната позиција на жабја перспектива, која ни нуди јасен поглед единствено кон џиновски коњски к*р и јајца...:toe:
 
Нема потреба некој да ме цитира на овој коментар и да ме разубедува колку грешам. Тоа е мое лично мислење, како јас ги гледам нештата. Секој обид да бидам разубеден го гледам како рекламација на проектот, обид да се направи едноумие. Скопска чаршија 10 години се ревитализира па ништо. Бит пзар е место на најголем криминал во Скопје. Дали тој дел е во плнот за СК2014? Или и циркузот во тој дел ќе биде специфика на новиот аутлук на градот... За хотел, не гледам нешто посебно од хотелско сместување. Повеќето од хотелите што ги имаме имаат мал капацитет за сместување. Колку имаат 5 ѕвездички, колку од нив ги задоволуваат највисоките светски критериуми? Не знам за Хилтон колку е сигурно дека доаѓа. Едно време се шпекулираше дека ќе гради на плоштад, ајде да видиме. Кога одам на факултет, тоа е обично пред или на пладне. Дали е нормално за еден град ѓубрето да се собира во најголемиот метеж? Зар тие работи не се вршат кога сообраќајот е поредок, пример после полноќ... Новите автобуси нема да ја намалат нехигиената. ЈСП ги доби, но воопшто не ги одржува. Повторно, тоа не е карактеристика на еден Европски град. Џабе грандиозни зданија кога местата каде има најголема фрекфенција на луѓе се покриени со прашина, се валкани и смрдат...

Да те разубедував ќе те цитирав точка по точка, буквално за сите. Пиша за чаршијата дека не е, јас те негирав дека е, исто те негирав и за улиците и за јавниот превоз. Тие работи сите овде ги гледаат дури и ти не мора да се правиш слеп на тоа. Јас одам на факултет во 7 или 8 и гледам дека се чисти, за тебе не знам. Прво рече не се мислело на јвниот превоз сега не се одржувале. Абе ајде само да мислите дека сте во право.
По се или намерно сакаш да изгледаш дека не ги гледаш овие работи или навистина не си од Скопје.

Е како нема потреба,тоа им е работа.

Изгледа ептен ти недостига „Политика и вести“. Ти не ме познаваш за да ми редиш етикета дека тоа ми било работа. Како што јас тебе не ти викам дека тебе те плаќа Манасиевски за да контрираш така ти немаш право мене да ме етикетираш и тоа идиректно само заради тоа што го поддржувам проектот.
 
Алекс крпче да ти подадам сакаш?
 
Чувај си го ќе ти се најде, или веќе ти се наоѓа ;)
 
Да те разубедував ќе те цитирав точка по точка, буквално за сите. Пиша за чаршијата дека не е, јас те негирав дека е, исто те негирав и за улиците и за јавниот превоз. Тие работи сите овде ги гледаат дури и ти не мора да се правиш слеп на тоа. Јас одам на факултет во 7 или 8 и гледам дека се чисти, за тебе не знам. Прво рече не се мислело на јвниот превоз сега не се одржувале. Абе ајде само да мислите дека сте во право.
По се или намерно сакаш да изгледаш дека не ги гледаш овие работи или навистина не си од Скопје.

Види, за да подржувам нешто 100% од ваков тип треба да сум луд фантик на оној кој го прави. Тоа не сум. И 7 и 8 саат не е нормално време за чистење. Кажав, се чисти после полноќ, 2-3 саат. Тоа е време кога сообраќајот е растеретен. Во осум саат луѓе одат на работа, градот е гунгула. Уште камионите на Дрисла фалат да го кочат сообраќајот на секој контењер... Нечистотијата е работа која сите можат да ја видат. Не глумам лудило ни хејтер. Ако бев од друг град немаше ништо од СК2014 да подржам зошто во другите градови знаеме колку се инвестира на овој начин! Повторно, тоа е мое мислење. Не сум единствен кој истото го мислам. И Скопје не е само километар - два од центарот, Скопје е многу пошироко! Ако ти или некој друг гледате како градските улици се средени како аптеки јас нема што да бунтувам. Може и не знаете што значи да е градот чист :toe:
 
Не го одобрувам овој проект и на овие избори ќе гласам за господинот Бранко Црвенковски.
Стоп за диктатурата !
 
Не го одобрувам овој проект и на овие избори ќе гласам за господинот Бранко Црвенковски.
Стоп за диктатурата !

Нема више подфорум политика , нели? Кажете за изгледот на проектот и зашто не го поддржувате проектот - а не владата.
Башка , која диктатура бе луѓе , знаете ли вие уопште што е диктатура :) .

Како и да е - проектот сам по себе не ми се свиѓа како изгледа иако јасно ми е дека мора да се градат споменици. Само , многу збутани бе , и нема место за минување.
 
Во 2014-та проектов ќе го подржуваат 80 % од населението.

--- надополнето ---

Во врска со спомениците.Не е проблем да се има многу на мал простор.Само тие треба осмислено да се постават.Еве пример за осмислено поставени споменици/скулптури од плоштадот во Падова,Италија.

padua05.jpg

prato_della_valle_padova_Wallpaper_g528s.JPG

Вкупно се 80 скулптури мислам.
 
Нема више подфорум политика , нели? Кажете за изгледот на проектот и зашто не го поддржувате проектот - а не владата.
Башка , која диктатура бе луѓе , знаете ли вие уопште што е диктатура :) .

Некои луѓе имаат за цел на секоја тема на која може да се даде критика (позитивна, негативна) да ја покакаат. Морам да признаам дека тоа одлично го прават. Може затоа и се “Едни од избраните“. :)
 
Види, за да подржувам нешто 100% од ваков тип треба да сум луд фантик на оној кој го прави. Тоа не сум. И 7 и 8 саат не е нормално време за чистење. Кажав, се чисти после полноќ, 2-3 саат. Тоа е време кога сообраќајот е растеретен. Во осум саат луѓе одат на работа, градот е гунгула. Уште камионите на Дрисла фалат да го кочат сообраќајот на секој контењер... Нечистотијата е работа која сите можат да ја видат. Не глумам лудило ни хејтер. Ако бев од друг град немаше ништо од СК2014 да подржам зошто во другите градови знаеме колку се инвестира на овој начин! Повторно, тоа е мое мислење. Не сум единствен кој истото го мислам. И Скопје не е само километар - два од центарот, Скопје е многу пошироко! Ако ти или некој друг гледате како градските улици се средени како аптеки јас нема што да бунтувам. Може и не знаете што значи да е градот чист :toe:

Aло никој и не ти бара да го поддржуваш, но барем кога се трудиш да хејташ прави го тоа како што треба. Ти не си ни видел како и кога се чистат улиците, но знаеш дека за тоа треба да се фатиш како пијан за плот. А Шутка секако нема да е чиста
 
Да де, ти знаеш кога и како треба да се чистат улиците :tapp: Ај, доста беше од мене, премногу напната станува атмосферата. Јасно ми е дека на секој критика мора лепешка да се залепи, го укопчав тоа уште од поодамна.
 
Де ако не те научиле да биде тро покултурен не значи дека со тоа ќе излезеш поинтересен. Ти пишав кај грешиш но ти ќе пишиш што било само да испаднеш во право или интересен на одредена клапа народ
 
Кој нормален човек ќе го одобри проектот14 би.си. на оваа сиромаштија бе ејјј! Луѓе по контењери храна и шишиња бараат а овде се гради демоде џупски стил без вкус. Ванаби ситуација оф леле.:tapp:
 
Кој нормален човек ќе го одобри проектот14 би.си. на оваа сиромаштија бе ејјј! Луѓе по контењери храна и шишиња бараат а овде се гради демоде џупски стил без вкус. Ванаби ситуација оф леле.:tapp:

Jа го подржувам проектот..и сега.. ненормален сум ?
 
Го поддржувам проектот 2014 само напред! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom