До каде сме со развојот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Во последните четири години регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) во кои влегуваат Албанија, Босна и Хецеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора, е лидер во економскиот раст, се вели во извештајот на “Банк Аустриа Кредитаншталт”, објавен на годишната средба на Европската банка за обнова и развој. Економскиот раст на Југоисточна Европа може да се спореди со динамичниот азиски регион, велат аналитичарите од Банката

Во последните четири години регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) во кои влегуваат Албанија, Босна и Хецеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Србија и Црна Гора е лидер во економскиот раст, се вели во извештајот на “Банк Аустриа Кредитаншталт”, објавен на годишната средба на Европската банка за обнова и развој.

Со реален раст од 23% во последните четири години, економијата во регионот растеше со значително побрзо темпо во однос на 15-те “стари” земји членки на ЕУ, и го надмина растот на осумте нови членки на ЕУ- Естонија, Литванија, Латвија, Полска, Словенија, Словачка, Чешка и Унгарија, кои во истиот период имаа раст од 16%.

Економскиот раст на Југоисточна Европа може да се спореди со динамичниот азиски регион, велат аналитичарите од Банката.

Како резултат на стабилниот курс во однос на еврото и покачувањето на вредноста на еврото во однос на доларот, Југоисточна Европа е регион, кој постигнува најголем раст на доходите во светот. Од 2000 година досега доходите во регионот пораснале за околу 50%.

Според податоците на “Банк Аустриа Кредитаншталт” растот на БДП по жител во Бугарија, во периодот од 2000 до 2004 година, изнесува е 50%. Тоа е двапати поголем раст во однос на растот во осумте нови земји членки на ЕУ, кој изнесува 28,7%.

Стефан Брукбауер, заменик директор на одделот за економски анализи и прогнози во “Банк Аустриа Кредитаншталт”, смета дека во текот на оваа и наредната година, Југоисточна Европа ќе остане најдинамичниот регион во Европа.

Аналитичарите очекуваат економскиот раст во регионот да достигне 5% годинава и 5,5% за следната следната година.

Очекуваниот економски раст за Бугарија за годинава изнесува 5,3%, односно 6% за следната година.

Југоисточна Европа е најпривлечна за инвеститорите
Одличните економски резултати придонесоа регионот на Југоисточна Европа да стане еден од најпривлечните региони за инвестирање, велат аналитичарите на “Банк Аустриа Кредитаншталт”.

Во 2004 година регионот на Југоисточна Европа привлече осум милјарди евра странски директни инвестиции, што е една третина од вкупните странски инвестиции во регионот на Централна и Источна Европа.

Аналитичарите предвидуваат дека условите за странските инвестиции во регионот ќе останат поволни и во следните неколку години. Ниските плати и ниските даноци заедно со интеграцијата кон ЕУ ќе придонесат за овој развој.

Економистите на “Банк Аустриа Кредитаншталт” очекуваат дека странските инвестиции во регионот ќе достигнат околу 10 милјарди евра за годинава и следната година, вклучувајќи ги и очекуваните проекти на приватизација. Предвидувањата се дека Југоисточна Европа ќе успее да привлече околу 40% од вкупните странски инвестиции во Централна и Источна Европа.

Прогнозата за странските инвестиции во Бугарија за 2005 година е две милијарди евра, колку што се се очекува и во 2006 година.

Странските инвестиции ќе помогнат да се финансира голем дел од дефицитите во тековните сметки, кој изнесуваат околу 8,5% во регионот, создадени токму заради тој раст.

Во основа, зад половина од економскиот раст стојат инвестициите, што значи дека дел од финансирањето од страна на странските инвестиции на дефицитот во тековните сметки, може да се разгледува како принос.

Регионот значително го зголемува пазарниот удел
Во последните четири години, Југоисточна Европа значително го зголеми пазарниот удел во “старите” членки на ЕУ, од 1,5% во 2000 година на 2,3% во 2004 година. Според економистите во “Банк Аустриа Кредитаншталт”, државите од Југоисточна Европа, особено државите кандидатки за ЕУ, ќе мораат значително да ги подобрат своите позиции на пазарот во ЕУ, во текот на наредните години.

“Ако земјите кадидатки го достигнат нивото на интеграција на среднорочен план како и новите земји членки, кои се присоединија кон ЕУ во 2004 година, и ако останатите држави од регионот постигнат барем половина од ова ниво, пазарниот удел во “старите” членки на ЕУ може да се зголеми на околу 8% на среднорочен план”, се вели во истражувањето на “Банк Аустриа Кредитаншталт”.

Како резултат на ова, извозот кон “старите” земји членки на ЕУ може да се удвои, што ќе значи зголемување на општиот обем на извоз од регионот на ниво кое го надминува сегашниот обем кое изнесува околу 60 милијарди евра.

Југоисточна Европа ќе остане економски двигател на Европа
Според Стефан Брукбауер, Југоисточна Европа и во наредните години ќе остане економски двигател на Европа, дури и ако во некои земји продолжат политичките проблеми. Тој смета дека во некои земји од регионот сe уште постојат услови за негативни политички изненадувања, но затоа интеграцијата кај други земји може да доведе до значителен прогрес. Како еден од позитивните примери се посочува Бугарија, која според економистите, со воведувањето на еврото може да ги престигне осумте нови земји членки на ЕУ.

Исклучителен раст на банкарскиот сектор
Овие тенденции претставуваат стимулација за развивање на банкарскиот сектор, кој достигна исклучително голем раст на кредитирањето од 29% годишно во последните четири години. Во наредните години сe уште има потенцијал за раст, дури и ако централните банки воведат нови рестриктивни мерки како одговор на силниот раст, кој доведе до проблеми во тековните сметки, сметаат аналитичарите на една од водечките европски банки.

“Банк Аустриа Кредитаншталт” очекува дека кредитирањето ќе се зголеми за 300% во текот на наредните десет години, што значи дека обемот на нови кредити може да достигне 130 милијарди евра.

Заклучокот од оваа прогноза е дека банкарскиот бизнис во Југоисточна Европа ќе расте посилно од оној во осумте нови членки на ЕУ, во кој се очекува раст од околу 230%.
 
Anonymus1,
Одговор на твоето прашање, без да се навлезе посуштински, можеш да го забележиш од твоето сеќавање.
Обиди се да се сетиш како беше пред 17 години, како беше пред 15 години, како беше пред десет години и како е сега.

До каде сме со развојот?
До таму до каде што изгуравме, ни педа подалеку, ни педа поблиску.

Како и да е, во историјата на македонецот, не постоело подобро и послободно време за него, за нас.

Е се`а, кој колку ги искористува своите можности, права и обврски е сосема друга ствар.
Да се има слобода не значи ништо друго освен човек да е одговорен за самиот себеси и сопствениот живот во потрагата по сопствената среќа.
Многумина тоа не можат да го сфатат бидејки се навикнати постојано да имаат газди над себеси, да ги хранат, да ги облекуваат, едноставно да се грижат за нив како за добиток што би се грижеле, но бројчаниот однос помеѓу тие кои можат да сфатат и тие кои не можат да сфатат се променува тековно во полза на тие кои се способни да сфаќаат.

Се развиваме!!! Го сакал тоа некој или не.
Е се`а, кој како гледа. Ако некој гледа само црнила тогаш само тоа ќе види.
 
Е ама се развиваме, билдери се напраивме!
Кој како го гледа - ако е за визуелното - да, се развиваме, нови објекти, нови трговски, нови кафулиња и кафани, ама стандардот иде у вертикала надоле.
 
Sekako deka se razvivame.... najvazno e toa... moze e sporo... moze e teshko... no sepak.... ako videte malku nazad.... ne mnogu... eve 5 god nazad... fakt e deka mnogu raboti od ekonomski smisol mrdna kon podobro... poleka pocna da se proizveduva... da se izvezuva.

Jas sum optimista.... nie sme mala drzava.... taka i malku treba za nashiot standard da se krene.... :wink:
 
и баш поради тоа сите бараат Бугарски пасоши или визи за да забегаат некаде. Развој у.п.м
 
Мистичен напиша:
Е ама се развиваме, билдери се напраивме!
Кој како го гледа - ако е за визуелното - да, се развиваме, нови објекти, нови трговски, нови кафулиња и кафани, ама стандардот иде у вертикала надоле.

Полека Мистичен, дигни рачна!
Не се само нови објекти, нови трговски, нови кафулиња и кафани. Низ републикава ни наша никнуваат мали производствени капацитети чие производство е наменето исклучиво за извоз. Полека, но сигурно, се создава една елитна групација која со труд и ризик ја има стекнато својата имотност (праевме муабет за значењето на ваквите, ак се сејчаваш).
Е се`а, стандардот, хмммм. Кажи ми во која држава сите граѓани, без исклучок, имаат висок стандард. Ниту развиените држави го немаат тоа.
Прашање:
Кој тоа треба да има висок стандард во општеството?
Одговор:
Што е можно повеќе луѓе, односно тие кои заслужуваат, нели? :wink:

Доколку не си го забележал досега еве прилог кој ги дообјаснува веќе констатираните ни салбости:
www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/polittemi/zostosiromas.html


П.С.
Постоеше едно уредување кое, теоретски, се обидуваше да го стори невозможното, односно да создаде еднаквост во имотноста, а создаде само еднаквост по бедата која сега ја живееме (духовна повеќе отколку материјална). Поправи ме ако грешам, ама колку што се сеќавам и ти беше против тоа, такво уредување.
 
Mislam mototo beshe:Raboti kolku shto mozesh, zemi kolku shto ti treba :lol:
 
mnogu ne lazat deka sme vo tranzicija , kakva tranzicija nema greska, nie sme se uste vo periodot pred tranzicija nema ni razvoj kaj nas
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom