ех Скопје
толку грдо, а толку магично...
За превозот. Нема потреба од метро/андерграунд. Можеби модернизирање на градскиот превоз и доизградба на патишта.
Скопје веќе од поодамна ја чека заобиколницата, која и тоа како ќе го растерети градот. Тоа е основниот и главен проблем. Проблемот со паркинг просторот. Инфраструктурата.
Имено, во нормални околности, ако Скопје сака да личи на метропола тогаш мора да се прилагоди на тие услови. Што значи тоа.. во најголемата гужва, од центарот на Скопје до било кој дел од периферијата не е потребно повеќе од половина час. Со автобус се разбира. Ако некому тоа е многу, тогаш нека не се занесува дека живее во метропола. Затоа што автобустите се ќумбиња во лето, а фрижидери во зима никако не е причина да се инсталира метро. Освен во шпицот тие возови ќе возат празни. Со цена од 20-30 денари билет, што во наши очи е ужасно скапо.. таа инвестиција нема да биде исплатлива ни по 50 години. Целата инсталација на метро станиците, подземните премини, возовите и што уште не.. ако почнат сега да се градат, би биле готови на почетокот на новиот миленуим. Па погледнете што се случува со салата? Заглавија.. на една сала од неколку милиони евра. Од капитално значење за Скопје.. а заглавија!
Кога би се средил сообраќајот во Скопје, кога голем дел од улуците би биле еднонасочни, кога би се изградиле нови, кога нема да може на кого ќе му текне да паркира баш до плоштадот.. е тогаш нема да биде проблем градскиот превоз. Проблемот негов се решава и со клима уред. На пример во Лондон, и покрај андерграундот, скоро секаде каде што минуваат автобуси, макар тоа биле улици и со две ленти, едната е резервирана само за нив, и во одредени периоди од денот по нив не смееш да возиш. Кога би се изградиле катни и подземни гаражи ќе се растерети центарот, од каде настануваат сите гужви.
Убаво би било кога во Скопје би имало метро. Но нема никава основа за тоа. Според мене. Има толку нерешени проблеми во сообраќајот да кога се би се средило, тогаш и се поинаку би изгледало.
Во Скопје има неасвалтирани улици, улици според урбанистички план. А ние бараме метро...
Што би рекол Тошо Малерот кога бира кондури - не бе на овие плиток им е ѓонот, кај мене на улица кога ќе заврне тоа се калиоина е