Наташа Илиевска - европски првак во карате!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Наташа Илиевска го донесе златниот европски медал во Македонија. Го славиме нејзиниот огромен успех, прв во историјата на нашето карате.

И македонската химна одекна во свечени, шампионски тонови. Наташа Илиевска оствари успех кој разбуди заборавена национална гордост.

Не само поради тоа што просечните спортски резултати кај нас го симнаа прагот на восхит, ами оти златниот медал е од најтешка вредносна категорија: Прв во 43-годишната историја на каратето во Македонија и најсјаен во поединечните спортови по осамостојувањето на нашата држава.

„Го доживеав својот животен сон, успеав да дочекам да ми се свири македонската химна. Не можам да го опишам тоа чувство“, изјави Наташа Илиевска.

Честа е непроценлива, успехот сладок, но патот до него е поплочен со беспоштеден труд и челична верба.

„Имав пет исклучително тешки борби, од кои три со европски и светски шампионки и знаев што ме очекува. Меѓутоа целото свое срце го дадов таму за да успеам да ги надминам моите противнички “, додаде Наташа.

Двојната најдобра спортистка на македонија моментно е прворангирана каратистка во светот. Со среброто во Загреб, бронзата во Кина, и златото од Цирих Наташа Илиевска застана во првиот ред Македонци за почит.

Каратето пак, ги окуражи нашите секогаш закржлавени спортски очекувања и навести светла иднина со генерацијата која созрева. Таа ќе го има главниот збор на Европското првенство во 2017-та чија организација ја доби нашиот главен град.

Извор: А1


БРАВО! Да ни се множат!
 
Одлично, и ние имаме некој број 1 во светот во нешто.Да и се множат трофеите и многу среќа понатака во кариерата.
 
Секој спортски успех е за поздрав.Браво Наташа и само продолжи така.
 
Се наежив :) Бравос!
 
Ја познавам Наташа. Колку е само скромна и присебна. Колку е упорна. Секоја чест. :bravo:
Браво Наташа! Да ти се множат трофеите! :pehar: :oeoeoe:
 
Секоја чест за Наташа:pehar:
Се надевам дека ќе послужи како пример и инспирација за сегашните и идните македонски спортисти!
 
Ја познавам Наташа. Колку е само скромна и присебна. Колку е упорна. Секоја чест. :bravo:
Браво Наташа! Да ти се множат трофеите! :pehar: :oeoeoe:

И сеа зошто ја познаваш треба цел форум да ти се клања? А? А?
 
Браво Наташа, браво !!!
Се наежив кога заплака, кога зборуваше за остварениот сон, за интонирањето на химната!
Секоја чест девојко, да ти се множат успесите, ни донесе малку радост и гордост во ова секојдневно сивило во нашево државиче!
:pehar::pehar:
 
Секоја чест за младата девојка бидејќи во моментов е единствена која го бели образот на умртвениот македонски спорт во времиња каде не нема никаде на мапата...бравос за девојката и дај боже да гледаме повеќе вакви моменти од нашите спортисти во меѓународен план.
 
Имаме Број 1 во светот и ние! Браво само така да продолжи девојката со надеж дека ќе се појават и други што ќе го следат нејзиниот успех!
 
Честитки за Наташа, огромен успех е и нека не репрезентира и понатаму со уште поголеми постигнувања :pehar:.
 
ауууу на грбот пишува БЈРМ како можела со такво име да освои медаља?

А и тој што најавува вика фиром. И толку. Ни формер, ни Македонија. Фиром.:lut:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom