Скопје - затворен град

  • Креатор на темата Креатор на темата General Centar
  • Време на започнување Време на започнување
А да те прашам знаеш ли како е во многу поголемите градови низ свропа и светот.На пример во еден Торонто во најголемата гужва ти требаат едно добри 40-50 минути за да излезеш за да поминеш 20 км низ центарот и на тоа никој не реагира вака бурно како кај нас и никој не заспива на сирената од колата.Ние бе брате сме научени се да правиме на брзина и инстант.Е таквите работи немаат век верувај.Замисли колку само ќе се растерети градот доколку целата администрација ја префрлат на пример во Ново Лисиче.Зборот ми беше дека има начин само ако се има волја и свест, а верувај градов може да прими и повеќе од 2 милиони жители само доколку тоа плански се изведе.
 
Скопје не може и нема да се затвори се додека другите градови не се развијат за да си останат сограѓаните во нивните градови во спротивно Скопје ќе биде пола Македонија и колапс на цела држава. Реалната бројка на Скопје е 600.000 и ништо повеќе и тоа во пошироко градско подрачје се поголемо е со негативни последници.
 
Јас сметам дека Скопје воопшто не смеел да се прогласи за т.н. "отворен град" in the first place. Инфраструктурно тој не може да издржи ваков наплив на луѓе- едно проаѓање на делегација и закрчен е со саати. А знаете сите дека се планира проширување, и тоа со населби од десетина илјади жители.
Понатаму, ѓубре има насекаде. Не сакам да кењам, ама повеќе си ги пази улиците некој кој овде живеел дваесет и повеќе години отколку некој копач кој до вчера ќесите со отпадоци ги фрлал во ендек на периферија на село.
Уште нешто- јебига, наречете ме сноб, ама заедно со наплив на луѓе од помали места, забележувам растеж и во побарувачката за турбо фолк, па држењето на места со пристојна музика и клиентела станува далеку понеисплатливо од тоа да отвориш флашеломимрукемикрваве локал и да гледаш како ти се полни џебот.

Колешка една на факултет правеше проект за тоа како македонското село изумира. Епа ќе изумира, богами. Локалните самоуправи кои не се Скопје се или цртани по етнички терк и нефункционални, или премали за ефективно да се самофинансираат, или пак се премногу зависни од диктатот на ЦеКа-то на партијата која ги владее/владата. Инфраструктурата е очајно лоша. Има цели делови од Македонија без атмосферска канализација, па да не збориме за било што друго. Патишта распаднати, калливи, полни со дупки. Дотраени водоводни цевки во кои притисокот паѓа секогаш кога повеќе од 10 селани истовремено се тушираат. Скапани трансформатори и трафостаници. Неорганизирано собирање на ѓубре. Училишта без основни услови и наставници кои се се' само не педагози. Даскали бре! Ги има и во Скопје, но се кладам дека ги има многу повеќе во помалите местенца.
Таму каде што цврстата рака на политичкиот центар не контролира (или барем не се ни преправа дека контролира), владеат клановски и семејни врски и никаква инспекција ни антикорупциска комисија не може да присмрди. Наместо да коленичат цел живот пред веќе династички устоличени локални богаташи/криминалци, многу луѓе стопати порадо би си ја пробале среќата во главниот град.

Луѓе, би инвестирале многу компании и надвор од Скопје, ама нема услови. Толку е посрана територијалната организација (бидејќи е цртана како дел од изборно-пописни математики, а не со ефикасноста и ефективноста како критериум) што колку и пари да фрлаат европски фондови по нашиве, тие пари ќе неизбежно е да се заглавуваат по бирократски канали, да протекуваат во криминални тендери, да се трошат ненаменски и нецелисходно и што уште не.

Тоа што Скопје е преполно не е проблем- проблем е што поголемиот дел од Македонија чмае во XIX век, па брза барем во XX да стигне, овде кај нас.

А го заборавате и најбитното. Тој што ќе го затвори Скопје, ќе изгуби на наредните избори. Не само тоа, туку и немири ќе има. Луѓево маме ќе му расплачат. Не се лечи рак со базука, кога ќе ви стане јасно?

Треба нова територијална организација. Итно! Стручно направена, со претходно направени испитувања на терен за економска одржливост, инфраструктурна поврзаност и оддалеченост на населените места од самата општинска управа итн. итн., анкети и испитувања на јавно мислење, па дури и локални плебисцити. Маму му јебем, све со десет аршини се мери во нашава ѓувеч-држава. Во интерес на сите, Македонци и Албанци и сите останати, е да развиеме функционални општини, наместо општини по етнички/партиски терк. Доста ве лажат матичните партии, по ѓаволите. Вреди ли околу толкицко парче земја да не можеме да се договориме како ќе го направиме најубаво и за нас и за идните поколенија?
 
Скопје не може и нема да се затвори се додека другите градови не се развијат за да си останат сограѓаните во нивните градови во спротивно Скопје ќе биде пола Македонија и колапс на цела држава. Реалната бројка на Скопје е 600.000 и ништо повеќе и тоа во пошироко градско подрачје се поголемо е со негативни последници.
Скопје е веќе е пола Македонија. БДП во скопскиот регион е 45% од вкупниот БДП на Македонија
 
Потсвесно се надевав дека ќе дојде до ваква непожелна комуникација.Морам да ти реплицирам на ставов.
Како прво се гледа твојата култура дека е на ниво, па си земаш за слобода да ги омаловажуваш сите други што не се Скопјани.Вака ќе ти кажам една работа е да си селанец(тоа значи да потекнуваш од село), а друга работа е да си сељак(тоа значи дека не поседуваш никакви морални и културни вредности).Секоја чест за тие што дошле од село и се снашле во "големиот град", а за сељаците верувај ги има секаде па и на форумов.
Токму затоа што ваквите како тебе се со став дека на Скопје не му треба никој друг освен чистите Скопјани (ако уште постојат такви) овој град ќе тоне и тоне.
Се однесува на The Wolf.
 
Скопје е веќе е пола Македонија. БДП во скопскиот регион е 45% од вкупниот БДП на Македонија

Значи ОК јасно е ова затоа го дадов коментарот погоре и затоа под итно е потребно развивање на остантите реони затоа постои децентрализација и локална самоуправа ако не се сметат работите во скоро време Скопје ќе стане урбана џуннгла (што веќе и стана) ама со размери кои ќе бидат катастрофални. Убаво беше даден пример нека се земе Словенија и Љубљана и во кој правец се развива самиот град и останатите реони. Се на се ние сме назад!
 
Работава со Скопје е заебана уште 63-та па до ден денешен..не е од вчера.. се градат згради на секој чекор , а за кого..за тие од другите градови..треба да се стопира со изградба на станбени комплекси, и да се насочи градењето кон другите градови
 
Фудбалски манијаче! Ни на сон не ми паднало на памет да ги омаловажувам луѓето кои не се од Скопје. Напротив, ако внимателно ми го прочиташ постот, ќе видиш дека токму луѓето кои со своите импозантно големи газови греат фотелји во Скопје ги обвинувам за очајната состојба во која се наоѓа голем дел од Македонија. Виновни се и луѓето од помалите места кои кога доаѓаат во Скопје на некаква функција, набргу ги забораваат своите родни градови и села.

Не можеш да ме убедиш дека човек кој цел живот го поминал на село, особено во некое од позаостанатите (во најнеутрална смисла заостанати) преку ноќ развива урбани навики. Живеењето во град е нешто што се учи, што активно се практикува, и ова масовно преселување, небаре сме Вирџинија среде златната треска, набргу ќе го претвори Скопје не во метропола, туку во некропола. Нели гледаш (доколку си овдешен) што му се случува на Дебар маало- цело го кутнаа, прекрасни стари градби кои во било кој нормален град би се реставрирале, да го красат и да им одмараат очи на минувачите. И зошто? За да дигнат грди новоградби, притоа без да внимаваат на мешањето на стилови, бои на фасади и што уште не. Грозно е. На ништо не личи. И уште повеќе се шлапа и нашлапува од луѓе кои немаат осет дека припаѓаат во град со традиција, кој треба да има некој лик кој ќе биде препознатлив и шармантен, а не да изгледа како некој џин да чучнал над нашава котлина, и- ќе ми простите на вулгарноста- се посрал.
 
Ти си знаеш најдобро што кажа.Како и да е, современиот свет и демократија не познаваат граници па незнам зошто токму спротивното ние би го вовеле во нашите животи.Што мислиш треба ли да се затворат и границите кон европа, треба ли Скопје да стане како Албанија во времето на Енвер Хоџа кога тамошниот народ не знаеше за надворешниот свет па и уште не можат да се опорават?Или на некој начин се осекаш загрозен од "дојденците"?Што ако ти некогаш во животот имаш потреба или нужност да заминеш на некое друго место да живееш?
 
Кај нас во државава во Скопје е се, во Скопје има највисок стандард во Скопје има градска плажа итн итн... Јасно е дека борбата за опстанок од другите градови се сведува во Скопје ама сето тоа носи колапс. Ако државата навремено со процесот на децентрализација започне да ги развива остантите региони и градови, Скопје не треба да има повеќе од 600.000 жители. А да не збориме за глобализација во која со отворени граници ќе се населат кинези и ред други народи како во секоја западна земја. Е тогаш тие што живееја во истиот град ќе почнат да си заминуваат по селата во услови кога државата ќе напредне до тој степен да има РАМНОМЕРЕН РАСТ И РАЗВОЈ.
На сите страни се градат згради нема основни норми и принципи, урбанистички планови се менуваат преку ноќ без закони договори лице во лице Скопје станува урбана џунгла без зелени површини со загушени и тесни сообраќајни грла и без проектантски раст и развој. Сето тоа поради стангацијата на останатите реони и миграцијата према главен град.
 
Ти си знаеш најдобро што кажа.Како и да е, современиот свет и демократија не познаваат граници па незнам зошто токму спротивното ние би го вовеле во нашите животи.Што мислиш треба ли да се затворат и границите кон европа, треба ли Скопје да стане како Албанија во времето на Енвер Хоџа кога тамошниот народ не знаеше за надворешниот свет па и уште не можат да се опорават?Или на некој начин се осекаш загрозен од "дојденците"?Што ако ти некогаш во животот имаш потреба или нужност да заминеш на некое друго место да живееш?

Ај сеа, се праиш глуп со сила (без навреда). Ти рекоа за Љубљана дека е затворен град. Енвер Хоџа, колку што знам историја и географија, малку појужно владеел, м?

Не е во прашање колку сме демократични или глобализирани, прашањето е колку шизофренично и грдо треба Скопје да стане пред некој нешто да направи во врска со тоа?

Мора да се опраи остатокот од Македонија, разбираш? Не можеме град-држава да бидеме. Полисот како уредување припаѓа на античка Грција, не на современа Македонија.

Не се осеќам загрозен од дојденците, осеќам дека ми е загрозен градот, дека ќе се угуши и ќе имплодира, бидејќи не е правен за волку луѓе. Не може да ги издржи, пука по шевови. Ликот му е тотално избришан и заменет од една страна со сивило, од друга со лудачко и негледливо (да не речам циганско) шаренило.

Ако некогаш во животот заминам да живеам на друго место, нема да претендирам да одлучувам што ќе се гради и што ќе се руши, што е културно наследство а што е фри фор ол, што се вековни традиции а што е свеж воздух од иднината. Скопје припаѓа на Скопјани!
На истиот начин на кој Велес им припаѓа на Велешани, Охрид на Охриѓани, Струмица на Струмичани итн. итн.

Секој ако си го гледа и си го уредува сопствениот двор, Македонија ќе цвета, да знаете. :)
 
Љубљана бил "затворен" град,Скопје бил "отворен" град. :pos2::pos2: Не бе луѓе,Словенија има стратегија за рамномерен развој,Македонија нема.Шо мислите вие дека постои забрана за некој да се насели во Љубљана?Дека Словенците насила ги држат настрана од Љубљана?

Мислите дека може да се донесе закон со кој ќе им се забрани на тие одстрана да работат и живеат во Скопје?

Терминологијата е потполно утната,отворен град се прогласува во случај на војна кога одбранбените структури кои го чуваат градот се предаваат а затворен град не постои.Во многу погрешна насока се води дискусијава.


На Скопје мајката му ја ебаа урбаната мафија заедно со сите досегашни влади кои не само што ништо не направија да ја спречат,туку и помагаа а богами и доста профитираа од целата таа калакурница и дирекно учествуваа во поттикнување на миграцијата кон Скопје.Ние сме толку мала земја што можеме цела Македонија да ја направиме една компактна,поврзана целина што би донело и многу поголем економски развој.Најтрагично е што тоа го знаат и политичарите ама кур не ги боли за тоа..


Како и да е,денеска Скопје диши на шкрги и ако продолжи досегашниот тренд кај да е ќе се угуши.Ако сакаме тоа да не случи треба под итно да се растерети градот,со дислокација на државна болница,универзитетите и дел од државните институции, и да се донесе и спроведе стратегија за рамномерен развој.
 
Na kogo ne mu se dopaga Skopje vakvo kako sto e neka si odi od skopje, gospod znae od koja planina dedovcite im se preselile vo Skopje pa sega janicarive kazuvat kao selanite vaka ili onaka, a be daj ne se glupirajte......da ne bese toj prilivot na luge sto go imate ke ve videv kolku plata ke zemavte, ke rabotevte za 7000 denari kako vo nekoj pomali gratcina ama kaj go razbiraat toa pokondureni seljaci.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom