Ти си знаеш најдобро што кажа.Како и да е, современиот свет и демократија не познаваат граници па незнам зошто токму спротивното ние би го вовеле во нашите животи.Што мислиш треба ли да се затворат и границите кон европа, треба ли Скопје да стане како Албанија во времето на Енвер Хоџа кога тамошниот народ не знаеше за надворешниот свет па и уште не можат да се опорават?Или на некој начин се осекаш загрозен од "дојденците"?Што ако ти некогаш во животот имаш потреба или нужност да заминеш на некое друго место да живееш?
Ај сеа, се праиш глуп со сила (без навреда). Ти рекоа за Љубљана дека е затворен град. Енвер Хоџа, колку што знам историја и географија, малку појужно владеел, м?
Не е во прашање колку сме демократични или глобализирани, прашањето е колку шизофренично и грдо треба Скопје да стане пред некој нешто да направи во врска со тоа?
Мора да се опраи остатокот од Македонија, разбираш? Не можеме град-држава да бидеме. Полисот како уредување припаѓа на античка Грција, не на современа Македонија.
Не се осеќам загрозен од дојденците, осеќам дека ми е загрозен градот, дека ќе се угуши и ќе имплодира, бидејќи
не е правен за волку луѓе. Не може да ги издржи, пука по шевови. Ликот му е тотално избришан и заменет од една страна со сивило, од друга со лудачко и негледливо (да не речам циганско) шаренило.
Ако некогаш во животот заминам да живеам на друго место, нема да претендирам да одлучувам што ќе се гради и што ќе се руши, што е културно наследство а што е фри фор ол, што се вековни традиции а што е свеж воздух од иднината. Скопје припаѓа на Скопјани!
На истиот начин на кој Велес им припаѓа на Велешани, Охрид на Охриѓани, Струмица на Струмичани итн. итн.
Секој ако си го гледа и си го уредува сопствениот двор, Македонија ќе цвета, да знаете.
