- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!
Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале. Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е уште една црква е голема.
Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале, кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат контури на уште една Црква.
Вистинска мистерија се неистражените долни слоеви на Старата скопска чаршија. Многу мина мислат дека под тука е и изгубениот Град Јустинијана Прима.

Султан Муратовата џамија е изградена врз темелите од црквата Св. Ѓорѓи. Бидејќи во Скопје имало пет цркви посветени на Св. Богородица, се претпоставува дека една се наоѓала на местото каде што денес е Мустафа пашината џамија.
http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=158&PID=90486
Сл.1. Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец - кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ...
Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале. Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е уште една црква е голема.
Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале, кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат контури на уште една Црква.
Сл. 2 Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
- Старите сегашн бараки на ЈП Водовод и Канализација Скопје
- Можна локација на средновековна Црква во рамките на Долниот Град
- Новата управна зграда на Царината, која истотака е во изградена во оквир на Долниот град
- Остатоци од средновековна градба од турскиот период, личи на амам ...
- Во текот на големите археолошки истражувања по земјотресот, кој ги предводеше Микулчиќ - убицирана е една пештерска црква која за жал денеска е недостапна, а се предпоставува према изворите дека постоеле уште такви пештерски цркви или монашки испосници ...
- Веќе Убицирана црква во рамките на Горниот град т.е. Калето
- Сегашните археолошки ископувања говорат дека под Ресторантот Кале се наоѓа уште поголема средновековна црква ...
- Третата Црква во рамките на Горниот Град кале се предпоставува дека е некаде на средината на Кале
- По мене местото на некогашната Виргинска Ливада, на која се организирани првите пазари во рамките на Виргинскиот Манастир. На ова место Микулчиќ вели дека е таканаречениот Долен Град.
Сл. 3 Цртеж на Професор Микулчиќ, каде тој предпоставува дека се наоѓа Долниот Град.
И на двете горни симулации јасно се гледа местоположбата на Утвредниот Долен Град под Скопското Кале ...