Полиција = Јавна безбедност?

  • Креатор на темата Креатор на темата statusQuO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали чувствувате страв покрај полицајците?

  • Да

    Гласови: 33 47,1%
  • Не

    Гласови: 37 52,9%

  • Вкупно гласачи
    70
пс. да и мене ме пушти еден џандар на автопат, а сакаше да ме казни зошто едното светло ми било подзамижано. Ама пред да ме пушти ме измалтретира едно 20 минути и си играше курташак. Што го заболе него кај работам јас и дали иам кикирики во кола му мирисало на кикирики и му се пријале!

Всушност, кога ќе ти го постават ова прашање автоматски мозокот им започнува со работа, и рачунаат дали имаш да одвоиш од платата за едно пиво.
Нели, работата е до местото и позицијата на која што работиш.
 
Знам знам како е и јас живеев у Чаир до пред некоја година(кај фурната не ми текиња како се викаше) Знам како е таму ситуацијата, сега сум у ново лисиче и полиција доаѓа на секој повик.
ALFA TV напиша:
Полицаец пукал во куче, очевидците се деца
понеделник, 09 мај 2011, 17:53

Полицаец пукал во куче во скопско Ново Лисиче. Инцидентот се случил вчера попладне пред очите на децата од населбата, тврдат жителите кои се плашат јавно да зборуваат. Тврдат дека полицаецот го застрелал кучето во ногата со службениот пиштол и мирно си заминал на работа. Веднаш пријавиле во полициската станица. Неколку часа подоцна, на увид дошол полицаецот-пукач. Со него и шинтери од Вардариште кои кучето го однеле во стационарот. На инсистирање на жителите од населбата изутрината маалското куче е однесено на ветеринар. Се опоравува по операција на ногата каде поминал куршумот.

МВР објаснува дека полицаецот пукал оти кучето го каснало за ногата. Иако инцидентот се случил на игралиштето полно со деца сепак полицијата објаснува дека пукањето немало последици на околината. Од здруженијата за заштита на животните подготвуваат кривична пријава против полицаецот. Се сомневаат дека кучето го нападнало полицаецот зашто тој не се пријавил на инфективната клиника, што е вообичаено ако ве касне улично куче, велат од Здружението.
Откако ќе закрепне, кучето ќе биде вратено во својата населба, во Ново Лисиче.
_____________________________________

Цајкан фраер кај нас у маало.
Поише од нив се плашам него од фраерите низ маало.
 

Еве ви едно видео од Њујорк. И кај нас и секаде во светот е вака. Иначе на кратко : дечкото сo точакот е запрен затоа што не се симнал од точак пред да се качи на тортоар пред самиот влез на зградата (1 метар возел по тротоар и му пишуваат казна за тоа). Комшијата поминува и на шала му вика дека не е доволно зрел и треба да знае дека тоа е забрането и си разменуваат неколку зборови. Тука се умешува полицијата (4 полицајци излагаат ко божем апсат вооружен криминалец) и по кратка расправија го апсат и го носат у станица. У меѓувреме доаѓаат уште две полициски коли (7-8 полицајци се собираат околу човеков). Човекот завршил во затвор на крајот од денот, поради шала која не се ни однесувала на полицијата.
незнаев дали да се смејам пошо истото може и мене да ми се случи како што има за се казни....
 
Во 90% од случаите, Алфите нема да го запрат кремацот пред мене со бели траги на носот, затоа што знаат дека е нечив син, ама мене ќе ме соблечат по гаќи у сред парк, затоа што сум бил сомнителен, т.е. фризурата ми е чудна или панталоните ми се некој број поголеми.

Сигурен ли си за ова? Дали ова се десило пред твои очи???.. Барем за Алфите ова е несвојствено,зашо баш тие не гледај кој е кој...
 
Дај му на човек авторитет и тек тогаш ќе видиш каков може да биде. Им се може сѐ. Често се наоѓаат на погрешни места (и погрешно време), на пример, што е битно дали ќе поминам на црвено кога брзам или дали е тоа пешачки. Зошто не смее да се пуши или пие на раат во парк, толку ли немаат што попаметно да прават па се осврнуваат на трошки. Апсурдното е кога еден понизок и послаб од мене ми рече еднаш да не газам по тревата, а ја газев за да можам да поминам на раат по тенкото патче без притоа да го бутам. Он очигледно тоа си го сфатил ко да сакам да го тркам а тоа едноставно не одговара на неговиот висок статус!
 
Сигурен ли си за ова? Дали ова се десило пред твои очи???.. Барем за Алфите ова е несвојствено,зашо баш тие не гледај кој е кој...
Толку ти е чудно тоа? Да, се случило пред мои очи, а им' се случило и на куп луѓе што ги знам. И не се Алфите никаков исклучок. Што сака нека се, сигурно нема да малтретираат нечив син, ако тоа може да ги чини работно место.

Дај му на човек авторитет и тек тогаш ќе видиш каков може да биде. Им се може сѐ. Често се наоѓаат на погрешни места (и погрешно време), на пример, што е битно дали ќе поминам на црвено кога брзам или дали е тоа пешачки. Зошто не смее да се пуши или пие на раат во парк, толку ли немаат што попаметно да прават па се осврнуваат на трошки. Апсурдното е кога еден понизок и послаб од мене ми рече еднаш да не газам по тревата, а ја газев за да можам да поминам на раат по тенкото патче без притоа да го бутам. Он очигледно тоа си го сфатил ко да сакам да го тркам а тоа едноставно не одговара на неговиот висок статус!
За да потрошиш повеќе пари во кафичите најчесто поседувани од син на некој функционер.
 
Толку ти е чудно тоа? Да, се случило пред мои очи, а им' се случило и на куп луѓе што ги знам. И не се Алфите никаков исклучок. Што сака нека се, сигурно нема да малтретираат нечив син, ако тоа може да ги чини работно место.

Како што и самиот индиректно кажа, најголем виновник се гзоличажите/партиските војници и сите тие како нив. ? така е нели?
 
Се работи за ирационален страв, фобија. Го викаат поликофобија.

Причини: 1) Можна поврзаност со друга фобија (како страв од затворен простор), 2) сцена во детството (вистинска или на ТВ) која оставила длабок впечаток, а полицаецот не постапил како што треба / не заштитил / нападнал / убил; 3) како мал те плашеле со “Ако не напраиш ова и ова, чичко полицаец ќе те однесе таму и таму“ или 4) силен впечаток од кажување на некој за работата на полицијата во социјализмот, угледот кои го имале тогашните полицајци и начинот на кој “пеглале“ по пети.

Како да се ослободиш?
Бидејќи се работи за ирационален страв, кој нема вистинска причина, мора да се соочиш со изворот на таквата состојба. Т.е. што повеќе да си во близина и контакт со полицајци. Ако имаш некој познат полицаец (не мора да кажуваш што те мачи, освен ако ептен не ти е близок), контактирај со него што е можно почесто, посебно кога е на должност (во униформа). Многу е битно поздравувањето (физичкиот контакт) и муабетење за секојдневни теми.

Полицаецот (по функција) е должен да заштитува и брани. Тој е (обичен) човек како и секој. Тоа што носи униформа, не му дава моќ, туку должност да го спроведува законот. И тоа што носи оружје, не е моќ, туку последно средство на присила. Полицаецот смее да употреби огнено оружје САМО доколку лично нему или на друг граѓанин му е загрозен животот од трет или доколку сторител на кривично дело казниво со казна затвор над 5 години (убиство, тешка телесна повреда, тешка кражба) не застанува на третата гласна и јасна негова наредба.

Се си мислам дека виновни за ваквата состојба се лошите примери во полицијата и погрешниот пристап на родителите кон своите деца, кои полицајците ги заменуваат со “баба роги“ за да ги дисциплинираат своите деца.

Полицаецот треба да биде тој на кој ќе му се обратиш за да прашаш за правец, место низ град што не го познаваш, да му кажеш ако некој друг го крши законот или се однесува девијантно и да побараш да те заштити ако се чуствуваш загрозен од било што. Полицаецот е тука за да ти помогне, а да ги уапси престапниците. Тој е сервис на народот. Така и треба да се гледа на нив.

Јас искрено, осеќам сожалување кон многумина од нив. Посебно кога ќе видам некој со несредена униформа и држење на телото кое оддава впечаток на се, само не на достоинство.
 
Како и да е нашава полиција лови во плитко. Удира по џебот на обичниот граѓанин за смешни прекршоци, а големците си прават што сакаат.

Тоа е тоа.. Сиромавиот страда..
Кај ниски плати проблеми уште казна ти треба од 400 евра.. За обичен човек и 50 евра се многу.. бидејќи зема плата од 150 евра..

--- надополнето ---

За алфите незнам пошто да не се тие многу криминалци ќе има.. Барем во мојот крај можам да кажам ни го спасија гзот на сите.. Премногу дилери..

А за обичен полицаец немам збор.. Што сака си праи.. Како ќе му текне така ќе свири.. На мој другар му пишаа казна пошто возел веспа со влечки.. Тоа било со закон забрането.. хаха:toe:

Друга случка.. Доаѓа полицаец кај мене во школо и повеќе души седевме и зборевме.. И наеднаш дојде и вика ајде мрш од тука.. Мислевме се заебава и вади значката и вика мрш да не ве гледам.Внатре во самото школо.. Барем причина да имаше.. ПОсле како нема сите да ги мразат:nenene:
 
Друга случка.. Доаѓа полицаец кај мене во школо и повеќе души седевме и зборевме.. И наеднаш дојде и вика ајде мрш од тука.. Мислевме се заебава и вади значката и вика мрш да не ве гледам.Внатре во самото школо.. Барем причина да имаше.. ПОсле како нема сите да ги мразат:nenene:

Не се тргај,во право си :) Шо ќе ти направи? Ќе те истепа...?
 
Полицајци(n)

1.bullies со дозвола и лиценца.
2.Арачлии
 
54H8q.gif

STOP IN THE NAME OF THE LAW!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom