ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62

На возраст од 20 години
Забавувајте се - ова е време за експериментирање со бои и текстури и со се’ можете да поминете.
На возраст од 30 години
Бидете храбри – ова е време за да го утврдите „шминкерскиот“ идентитет што ви одговара. Пронајдете си соодветна боја за кармин. Експериментирајте со сенки за очи за да пронајдете што најдобро ви одговара.
Потенцирајте ги најубавите црти со светли бои и угасете ги оние што не ви одговараат најдобро со неутрални мат бои.
На возраст од 40 години
Време е за промена – можеби треба да ги смените формулациите што досега сте ги користеле. Преминете на течни основи доколку користите основа со пудра. Користете кармин во кремаста состојба почесто отколку мрсни и осветлете ја околината на очите.
Проверете го обликот на веѓите. Доколку користите црна маскара, преминете на кафена – тоа ќе го омекне вашиот изглед.
На возраст од 50 години
Помалку значи повеќе – наместо да се обидувате да си ја скриете возраста со помош на обилна шминка , разведрете се. Ќе се изненадите со свежината на изгледот. Избегнувајте светли бои и силни линии што прават акцент на борите. Комбинирајте неутрални сенки со многу малку боја на очите, како темно сина или зрела слива.
Избегнувајте темен мрсен кармин и бели и сребрени сенки за очи.
Адаптирајте го изгледот за дома или за работа, дење или ноќе.
За дома – нанесете кафена маскара наместо црна за да добиете кадифен мек изглед. Малку потемен кармин од природната боја ќе направи вашите усни да изгледаат природно и да бидат прекрасни.
За работа – нанесете кафена маскара доколку сте рускоса или црн доколку сте црнка. Обрабете ги очите со неутрален коректор со кафена или сива боја. Нанесете румено-розова боја на руменило на јаболкниците и средно тониран кремаст кармин со иста боја како и руменилото.
Ноќен изглед – нанесете црна маскара, малку повеќе руменило од вообичаената дневна доза и малку потемен кармин н аусните. За погламурозен изглед, обрабете ги очите со смарагдно зелена боја или боја на слива.