100.000 евра , најдобар начин да се инвестираат ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
100 000 евра се доста многу пари за отпочнување на било каков бизнис кој би се занимавал со производство.Со било каков тип на производство и да се почне ќе биде долгорочно со минимална заработувачка од 30 %.Јас почнав со потрага по инвеститор кој би вложил 50 000 евра за отпочнување на производство на електрични апарати за употреба во домаќинство,хотели,ресторани и тн. пред се наменети за извоз бидејќи во Македонија нема доволно голем пазар за истите.Се работи за апарати чијашто малопродажна цена се движи од 1500 евра па нагоре при што има заработка од минимум 80% на апарат.

????? проточен ладилник за пијалаци на шанк????;)
 
Инвестиција ако воопшто е тоа, е најлоша можна во МК се недвижности. Незнам што им е проблемот на луѓето што купуваат недвижности како луди.
Рента на недивжност е окулу 3% од вердноста т.е. за стан од 100м2 и цена од 100.000 евра се зема кирија како ненаместе од окулу 300 евра. 12Х300 еднакво на окулу 3600 евра или 3,6% од номинална вредност. Од тие 3,6% мораш да одземеш 1-1,5% амортизација(станот не трае вечно 50-100 години толку му е животен век ) и други трошоци данок празен стан додека најдеш криаџиии поправки. Ако завршиш на крајот на годината со 1,5-2% добивка треба да си среќен. Пораст не цената е крајно сомнителна работа. Цените на девижности во моменотов не растат. Толку се напумпани така да поверојанто е дека благо ќе се намалат во иднина. Кој се клади на раст на цена на недвижност тешко ќе се разочара. А тоа е пола МК за жал. Луѓето се заспани и заборават дека растот не е вечен.
Се е подобро од недвижности.
Банкарски депозит денарски орочен е 7% годишна камата.
Дивиденда од телеком е окулу 10% од номинална цена. Поверојано е акции да порастна и тоа многу побрзо од цена на недвижност.
Оббрзници имат добивка од 5-6% годишно.
Златото е пораснато во послендната година за 20%
Среброто е +50%
Подобра инвестија е и нива т.е. градежно земјиште од недвижност. Има инвеститори кој купуваат за градење плус можеш и цената оди побрзо нагоре.
Може дури и азиски и автралиски валути, нафта, жито, акции во нафтени извори и рудници на благордони метали.
Има најмалку 20-30 подобри инвестиции од недвижност во МК. Најбитно е да се знае дека ниедна инвестиција не е за век и векова. Мора да се менува и да се брка капитоалот активно тоа е замката на становите во која се паднати многу луѓе и пропушатаа други многу подобри можности. Недвижностите бе добра инвестција до пред едно 10 години. Кријата беше едно 5-6% од вредноста плус 5-10% растеа цените на годишно ниво.Во тој перидод за 1000 евра издававме куќа од 100 м2 сега 400 евра е истата. Сега недвижност е срање.
А нива, односно градежно земјиште не е недвижност???
 
Или во недвижнини (дуќани, деловен простор...) Или во акции на берза. Чиста сметка долга љубов.
 
Јас кога би имал 100.000 евра би ги инвестирал во кафана - клуб или во дискотека, која ќе биде бренд/водечка сила меѓу кафаните/дискотеките во земјава. Тоа кај нас секогаш пали, зошто луѓето колку и да кукаат дека немаат пари пак ќе отидат на едно вакво место за да се опуштат или да отидат колку да бидат видени.

Ако ги инвестирам парите во приватна болница можеби нема да биде посетена, ако ги инвестирам во производство на нешто можеби тој производ ќе фаќа само прашина на полиците во продавниците.....:)
 
Ако се уште траи кризата во Шпанија би зел мал кафиќ со тераса во некое приморско место со едно гарсоњерче над него за некои 40.000 евра и би живеел опуштено уз вино мезе од морски плодови, гледал фудбал и навивал со стални муштерии а кога нема фудбал би слушале на живо фламенко музика на терасата...
 
Ако се уште траи кризата во Шпанија би зел мал кафиќ со тераса во некое приморско место со едно гарсоњерче над него за некои 40.000 евра и би живеел опуштено уз вино мезе од морски плодови, гледал фудбал и навивал со стални муштерии а кога нема фудбал би слушале на живо фламенко музика на терасата...
Hablas español? Ова е веќе предпензионерски , ама не е лошо :cuc: . Гејлада беше добра за таква варијанта ама сега кој ја знае какви бури ја чекаат?
 
Hablas español? Ова е веќе предпензионерски , ама не е лошо :cuc: . Гејлада беше добра за таква варијанта ама сега кој ја знае какви бури ја чекаат?
Шо ќе ми е шпански не одам таму да пишувам поезија туку да пијам вино и уживам, ќе се научи и то за некое време
 
Hablas español? Ова е веќе предпензионерски , ама не е лошо :cuc: . Гејлада беше добра за таква варијанта ама сега кој ја знае какви бури ја чекаат?

име на гостилницата ''Кај фиромјанецот'' хехе
 
moze da se investiraat vo akcii i obvrznici
ako ste zainteresirani za takvo investiranje kontaktirajte me :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom