Македонија нема покана за мисијата во Либија

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
Македонија нема покана за мисијата во Либија



Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Вице шефот на македонската дипломатија Зоран Петров

Авганистан и Либија се темите на берлинската неформална средба на министрите за надворешни на НАТО земјите и партнерите каде присуствува и вице-шефот на македонската дипломатија, Зоран Петров.





Шеесетина министри и осумстотини членови на делегации денеска и утре (14. и 15.04.) се гости на германската престолнина, каде попладнево стартува пролетната неформална средба на министрите за надворешни ртаботи на земјите-членки на НАТО, но и Русија, Украина и Грузија. Меѓу учесниците на конференцијата се поканети и земјите-придонесувачи во мисијата ИСАФ во Авганистан. Македониоја денес во Берлин ја претсавува вице министерот за надворешни Зоран Петров.
Иако неформалната средба започнува со анализа на состојбата во Авганистан и мисијата ИСАФ, каде е вклучена и Македонија, жешкиот костен со кој може да се изгорат високите дипломати се вика Либија. Со оглед на тоа што Македонија, иако формалното не е членка на НАТО, секогаш била подготвена за вклучување во мисиите на Северноатлантската алијанса, прашањето е дали можеби на повидок се нови задачи за војниците на АРМ, овојпат во Либија? Зоран Петров вели:
„Засега таква покана немаме. Земјите-членки кои учествуваат во НАТО мисијата во Либија се дефинирани. Главни лидери се Велика Британија и Франција. Во овој момент интервенцијата во Либија е сведена само на еден аспект од воена интервенција. Значи, не е во аспектот на копнена интервенција, со копнени воени сили. Меѓутоа, во зависност од развојот на настаните, во зависност од евентуалното, од можното формирање некоја новa коалиција, доколку добиеме покана сериозно во секој случај ќе ја разгледаме“, изјави за македонската програма на Дојче веле заменик-министерот.
Не се исклучува учество во мисијата во Либија
Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: На неодредено време во чекалницата на НАТО!
Што се однесува до фактот што Македонија, и покрај придонесот во НАТО, се’ уште чека на неопределен рок пред затворената врата заради спорот со името со Грција, Петров со коментарот:
„Нашето учество во мисиите на НАТО, Алијансата не го врзува со нашето директно членство. Меѓутоа, од друга страна, тоа не значи дека ние сме подготвени да се откажеме од нашата цел, од нашиот надворешно-политички стратешки приоритет – евроатлантското интегрирање. И понатаму, без оглед што оваа мисија во Авганистан за неколку месеци ќе биде прекината во нејзиниот воен дел, подготвени сме и помнатаму да учествуваме во мировните мисии на НАТО“.
Инаку, на дводневната неформална средба на министрите ,чии домаќини се шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, присуствува врвот на светската дипломатија. Вообичаени се билатерални средби на маргините на конференцијата и вакви ќе има и вице министерот Петров, на кои ќе го тематизира полноправното членство во Алијансата и ќе го чуе мислењето на партнерите за местото на Македонија во НАТО.


Автор: Силвера Падори-Кленке


http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6503296,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb
 
uste toa ni e kuso, i onaka eden kup pari i rizik vlozuvame vo irak i vo avganistan sea i vo libija da sme odele
 
Поарно да нема. Немаме резервоари за нафта ние толку.
 
Која црна Либија бе, уште таму ни фали да си го пикаме носот заедно со овие фашистиве
 
Баш ме интересират како ќе се викаме во мисијата на НАТО(Nazi-American Trade of Oil) во Либија,која бај д веј е чиста фашистичка глупост.
 
Ме интересира дали Хрватска и Словенија добиле покана за учество, ако не, тогаш тоа можеби се должи на претпоставките на НАТО за бившите врски (а и сегашните обострани(?) симпатии) на полковникот и ексЈу.
 
Ме интересира дали Хрватска и Словенија добиле покана за учество, ако не, тогаш тоа можеби се должи на претпоставките на НАТО за бившите врски (а и сегашните обострани(?) симпатии) на полковникот и ексЈу.

Хрватска и Словенија ќе учествуваат, тие се членки на НАТО, мора сите земји членки на алијансата да учествуваат..
 
Па нормално дека ке нема бе сине,капиталистите да го лажат народот со демократија па нормално нема да ги викаат во мисија... а?
 
Хрватска и Словенија ќе учествуваат, тие се членки на НАТО, мора сите земји членки на алијансата да учествуваат..

Со што ќе учествуваат?
 
Хрватска и Словенија ќе учествуваат, тие се членки на НАТО, мора сите земји членки на алијансата да учествуваат..
хахаха.. не ме зезај.. и гејците ке учествуваат? хахахаха
 
искрено се радувам што немаме покана за волибија. дајбоже да немаме покана за никаде да учествуваме во војни и слични глупости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom