Марнет и регистрирање домени

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Ме интересира дали и понатаму мора да се регистрира фирма во Македонија за да се добие .мк домена и дали фирмата може да биде регистрирана во некоја ЕУ земја?

Дали некој има искуство со регистрирање на домени во Македонија и како оди постапката?

http://it.com.mk/tag/marnet/

„Марнет“ не регистрира македонски домени!

Македонската академска и истражувачка мрежа „Марнет“ завчера доби забрана за регистрација на нови и да оперира со веќе постојните македонски .mk домени. Одлуката за ваквото стопирање на „Марнет“ ја спроведе Уставниот суд на РМ, по иницијатива на Стамен Филипов, пензиониран правник, кој поведе најмногу иницијативи за промена на македонските закони.

Мрежниот информативен центар (МИЦ) на „Марнет“, кој раководи со доменот на највисоко ниво на Македонија (.mk), досега можеше да регистрира и домени од второ и трето ниво (.com.mk.org.mk). Судот одлучи дека моменталниот правилник на „Марнет“, воспоставен во 1995 година, не е во согласност со одредбите на Уставот на РМ. Во одлуката стои дека во периодот на формирање на правилникот на „Марнет“ не постоел закон за основање македонска академска истражувачка мрежа. Овој закон беше изгласан во 2010 година и стапи во сила на 23 септември.

Според одлуката на судот, „Марнет“ нема моќ да креира вакви правилници и затоа добива правна забрана за раководење со домените .mk. Со спроведувањето на Законот за основање македонска академска истражувачка мрежа се отвора простор за создавање нов правилник од страна на „Марнет“, во кој би се промениле основните одредби од оспорениот правилник. Сé додека не се оформи ново тело во „Марнет“, кое би создало правилник што ќе биде во согласност со законските акти, граѓаните на РМ нема да можат да регистрираат нови .мк домени или да вршат какви било операции со податоците во регистарот на „Марнет“.

Не успеавме да добиеме информација од „Марнет“ колку време ќе трае најновата епизода од одисејата што трае веќе со години.

ОДИСЕЈАТА ПРОДОЛЖУВА

Нефункционирањето на „Марнет“ предизвикува сериозен раздор на македонската интернет-сцена. Корисниците се директно затекнати од неможноста да оперираат со своите домени, а се појавува и проблемот со затишјето на врвниот македонски (.mk) домен.

- Преку доменот, интернет-корисниците може да ги промовираат своите бизниси, продукти, сервиси не само во Македонија туку во целиот свет. Со регистрирање на .мк домен, сајтот добива слика на локален, „наш“ сајт, со кој локалните корисници може да се асоцираат многу полесно, отколку со глобален.ком или кој било друг сличен домен. Непромислената одлука на Уставниот суд да забрани регистрација и администрација на .mk домен поради некој правилник од 1995 година е навистина глупост за која не треба да патат граѓаните - смета Дамјан Арсовски, уредник на интернет-порталот „it.com.mk“

Тој објаснува дека создавањето на „нов“ „Марнет“ било најавено од 1 јануари годинава.

- Навистина не ми е јасно зошто не можеше да се најде начин некој друг, на пример Министерството за информатичко општество, да преземе привремена одговорност за регистрација и администрација на .mk доменот, додека да се создаде најавеното тело. Ова им создаде големи главоболки и на некои бизниси (на пример, порталите/сајтовите, хостинг-компаниите, маркетинг-агенциите и др.), бидејќи директно ќе им влијае на заработувачката. На пример, сега дури и да сакате да смените сервер за вашиот сајт, тоа не можете да го направите директно, туку мора да барате алтернативни начини што ќе ви одземат од времето - објаснува Арсовски.

АНТИЧКА ПРОЦЕДУРА

Долгите чекања за одобрување на корисничките апликации, препратените барања поради недобиен одговор, неопходното одење во просториите и долгите бирократски процедури се старо зло, за кое не се знае дали ќе го коси и „новиот“ „Марнет“.

- Процедурата е античка. Наместо одење на официјалниот сајт на „Марнет“, одбирање слободен .мк домен по желба, инстантно внесување на податоците и плаќање со картичка, како и овозможување користење на доменот во ист момент, корисниците треба да испраќаат барање до „Марнет“ од три страни, со печати и потписи и да чекаат од 3 до 30 дена за регистрација на домен, што е чиста глупост. Иста е процедурата и ако сакате само да смените именски опслужувач за нов сервер на веќе постоен домен. Доменот .com и регистрацијата на многу други домени се одвива на начин што го опишав и процедурата трае максимум 10 минути - објаснува Арсовски.

Тој смета дека „Марнет“ треба да овозможи целосна веб-администрација на .mk домените, да се создаде веб-платформа, преку која ќе се регистрираат домени, ќе се администрираат податоци и ќе може корисниците лесно и брзо да си променат именски опслужувачи.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=114112016238&id=51&setIzdanie=22182
 
А бе на шалтер дури не се поклониш нема да завршиш работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom