L
Lu
Гостин
Двајца загинаа во сообраќајката која се случи на делницата Злетово- село Ратавица, а малолетник се бори за живот. Тројцата другари биле во возилото „Фолксваген бора“, со кое управувал 24-годишниот Ненад Митевски, кој почина на лице место. Од ударот загина и совозачот 21-годишниот Иван Постолов.
-Во критичниот момент, возачот губејќи контрола врз возилото, преминал на левата страна од коловозот, удрил во карпа. Одбивајќи се, преминал на десната страна, удрил во дрва, се превртел неколкупати и возилото останало на кров, вели портпаролот во СВР Штип, Снежана Санева.
Автомобилот бил нов. Роднините, длабоко потресени, тврдат, пребрзото возење и младешкото возачко неискуство ги однело момчињата во смрт.
-Нова кола, ја купија пред неколку недели. И сега, знаете млади без искуство, а колата брза, и што може да се случи освен најлошото, вели Јован Гичев, вујко на еден од загинатите.
Третиот сопатник, 17- годишниот Никола Манасиев е свесен и делумно се секава за несреќата. Се здобил со тешки телесни повреди. Хоспитализиран е во штипскиот Клинички центар.
-Констатиравме тешки повреди на градниот кош и стомачниот предел. Итно врз повредениот е извршен оперативен зафат. Стабилизирана му е состојбата и е вон животна опасност, изјави, прим. д-р Билјана Ефтимова- анастезиолог во штипскиот Клинички центар.
Злетово денеска е во шок од трагедијата која им однесе двајца млади животи.
Извор http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=73535