Систем на владеење во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Колку за вовед во темата, кај нас владее парламентарната демократија, на демократски избори се избираат 120 пратеници во 6 изборни единици, од нив се бира спикерот на Парламентот на тој пратенички состав, а тој состав притоа ја бира и Владата на Република Македонија.

Собранието донесува закони, усвојува Буџет на државата, менува Устав, одржува седници. Владата предлага Буџет на државата, носи одлуки и ја води главната политика во државата.

Како што гледаме во овие 20 години, нема граѓанин кој кога би го прашале за начинот на владеење кај нас, да не се пожали, да даде забелешка, поплака а во неретки случаи и пцовка и клетва :) (нормално не е до толку се црно). Секако, најголем дел од тие забелешки се упатуваат кон премиерот или пак одреден министер. "Нема пари", "Немам плата", "Дајте леб"...се само дел од слоганите кои ги читаме буквално на секој митинг или протест.

Главното прашање е, дали нешто треба да се менува?
Дали треба делумно или целосно да се промени системот на владеење во Македонија?
Дали треба некаква внатрешна контрола на главните играчи во нашата држава?
Дали треба пратениците да имаат 4 год. мандат иако државата пропаѓа? (хипотетичка ситуација)
Што треба да се превземе за да се зголеми свеста кај оние на кои им е доверен мандатот да бидат водачи и репрезенти на оваа држава? Треба ли Претседателот да има клучна улога во формирањето на Влада (Франција)?
Повелете... :)
 
Прво што ми текнува е мандатот на пратениците. Како мечки се заштитени. Треба да може да се разреши пратеник ако не ја извршува работата задоволително.
Ама џабе е се. Кај нас проблемот е во луѓето. Каков било систем и да создадеш нема да функционира.
 
Начин на избирање на пратеници по принцип амерички конгрес. Без партии без носители на листи итн. Намалување на столчињата на рецимо 100. Имаме околу 1 800 000 гласачи дели со 100 добиваш 18 000 по пратеник. Се дели македонија во 100 изборни единици кои содржат околу 18 000 жители плус минус 3 проценти. Секој конгресмен се кандидира во својата единица мора пред народот он и само он да се престави да објасни што сработил итн. Секој да може да се кандидира без вратоломии од 1000 потписи итн. Нема потреба од превише реклами . Иако има шанса за корупција далеку помала е.

Ни под разно да се концентрира моќта во рацете на еден човек ( самоубиство е тоа бе)
 
Ова подоле е копипејст на еден мој пост напишан тука.

-------------------------------------------------------------------------------------

Финтата со непосредната демократија е во тоа што таа е замислена за (целокупна З+И+С) власт која што наместо да се вмешува и да интервенира во сите сфери на социо-политичкиот живот, само ќе арбитрира. Во меѓународното право арбитрирањето е најефикасен метод за донесување одлуки, склучување договори и правни норми. Замисли наместо пратеници и министри да имаме арбитри, кои што ќе одлучуваат во совет од непарен број членови, каде што еден е заседавач, и никој од нив нема да ужива никакви специјални привилегии. Секој граѓанин би можел да предложи закон, а за да биде усвоен да има двотретинска подршка од советот (66%), и да предложи да се отстрани било кој закон, кој што ќе се отстрани ако добие апсолутно мнозинска подршка од советот (51%). Ете ти непосредна демократија произлегувајќи од квази институција.
 
National Socialism....................Wir stehen nicht allein
:cuc:
 
Бидејќи македончето немало сопствена држава до пред 20 години, немаме и створено свест за тоа што значи држава и која е таа одговорност, што е најстрашно ова е најизразено
таму кај што треба да не биде, а тоа е политиката. Што треба да се стори, па мислам дека треба да ги викнеме германците да не окупираат, плати германски, возиш мерцедес и тоа прва класа, јадеш колбаси без соја, кога ќе побараш пиво во бар да ти треба пола саат да одбереш што ќе пиеш, еб* германки, патуваш низ европа и ред други работи, само ќе треба да си го задржиме името, јазикот (ако треба и германски ќе воведеме незадолжително, и онака е подобро отколку албански), идентитетот т.е ќе си останеме какви што сме само некој друг ќе ни носи одлуки за трошењето на нашите буџетски пари, мислам дека тоа е најдобрата опција оти стварно и политичарите ни се за никаде, ама и народот ни е, да не може 20 години да одбере салам политичар.
 
Парламентарната демократија како таква е одлична, погледнете ја само Англија со векови си функционира одлично, проблемот е што кај нас се уште нема развиена политичка култура, ниту политичка традиција и затоа се прават пропусти и утки, дури за мене принципот секоја општина посебна единица ми беше одличен, ама мораше да се промени заради пропорционалноста.
Единствено нешто кое најверојатно е и уникатно насекаде во светот е моментот на самораспуштање на Собранието. Жити мајка како бе така? Самораспуштање на Собранието е најлошото нешто измислено во Македонија, излага дека Собранието фактички не одговара пред никој. Повторно ќе го земам политичкиот систем на Велика Британија зашто е најсличен. Таму Собранието т.е Парламентот може да ја падне Владата т.е да и изгласа недоверба, но и Владата може да го распушти Собранието што е механизам за меѓусебна контрола едни со други, а не кај нас Собранието може да изагласа недоверба на Владата, ама реално Владата не може никако да влијае врз Собранието, што е глупо, иако обично нели мнозинството во Парламентот е она кое е во Владата, сепак мора и за Собранието да има механизам на контрола... инаку што ни преостанува?

Добар е системот, ние не знаеме во потполност да го имплементираме, да не го споменувам фактот дека кај нас Комисиите во самиот Парламент се спори и неажурни и од донесување на закон до негова имплементација има билион бирократски процедури кои го кочат текот на настаните што некогаш е многу битно брзо да се реагира.

Претседателски систем за држава ко Македонија не пасува, односно не може со оглед на мултиетничноста и правичната застапеност која би се изгубила со претседателски систем и би станал монопол (не дека вака е, ама има правична застапеност)

Консоцијална демократија одговара за држави кои се мултиетнички (пример Швајцарија), НО таму има голема влада т.е коалиција каде сите се во Владата и има Вето, секој може да стаи вето на било која одлука и е консензуална, а кај нас со нашиот менталитет знаете како би завршило тоа, ко мали деца додека се донесе одлука тоа со месеци ќе трае.

Јас си гласам за досегашниот систем, но со повеќе подобрување и олеснување на бирократските процедури.
 
Вака, ви ги читам постовиве и мора да кажам дека не сте лоши.
Некаде имам мали несогласувања, па еве да ги кажам- околу тоа секој граѓанин да предлага закони во совет од арбитри, малце ми изгледа нелогично и неорганизирано. Тоа би било ситуација неписмен човек, со основно образование (или 300 000 такви ко него) да напишат што ќе им текне и да го предложат. Да, ќе им биде одбиено, фала богу, ама со тоа ќе се предизвика "калаку*ница" во институцијата каде истиот предлог-закон е поднесен. Ќе се губи непотребно време на разгледување, одлучување и со тоа ќе се занемарат битните работи кои се остваруваат при функционирањето на тој Совет.
Другото што сакав да го кажам е тоа за свеста на народот. Точно, на моменти нашата свест за опстојувањето на сопствената држава е на ниско ниво, без ралика на националната припадност и гледаме само за себе, но промената на системот со мали интервенции би можел веднаш да придонесе за делумно менување на свеста на подобро. Доколку чекаме да се промени народот, тешко на државата :).
 
И јас мислам дека нашиов систем не е лош, поточно многу добро е замислен, меѓутоа без соодветна примена во пракса. Кај нас најбитен човек треба да биде претседател на парламент, соодветно на парламентарна демократија, а всушност до сега сите претседатели биле без никакво влијание, повеќе како редари се однесувале. За контролата на пратениците има многу добар институт - државен јавен обвинител, главна негова дејност (треба да) е да ги гони носителите на високи функции при правење криминал. Ама на што е сведен кај нас државниот обвинител? На политичка марионетка, која власт како сака си го управува.

Другото што сакав да го кажам е тоа за свеста на народот. Точно, на моменти нашата свест за опстојувањето на сопствената држава е на ниско ниво, без ралика на националната припадност и гледаме само за себе, но промената на системот со мали интервенции би можел веднаш да придонесе за делумно менување на свеста на подобро. Доколку чекаме да се промени народот, тешко на државата :).

Со ова делумно се согласувам, меѓутоа сметам дека за да се смени државата, крајно неопходно е народот прво да се смени или да почне да се менува, бидејќи нели, власта (државата) е таква како народот што си заслужува!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom